(Фото) Во Прилеп отворена манифестацијата „Млеко 2025“

Манифестацијата „Млеко 2025“ се одржа на платото кај градскиот саат во Прилеп...

Викендов во Прилеп се одржа манифестацијата „Млеко 2025“. Манифестацијата се одржува традиционално по 7 пат, а најголем акцент е ставен на млекото и млечните производи како и млеко производителите од мариовскиот крај.

На манифестацијата присутни беа пратеници, советници, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески како и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Тодорка Наумоска од Slow Food кои се организатори на манифестацијата вели дека тие од Slow Food сакаат да бидат мост помеѓу сточарите и институциите, а според неа од Slow Food сакаат да бидат линк помеѓу стоачрите, институциите и купувачите.

„Драго ни е што манифестацијата во Прилеп се одржува по 4 пат. Сакаме сточарите да бидат во фокус, бидејќи без нив селата би биле празни. Ние од Slow Food сакаме да бидеме еден мост помеѓу сточарите и институциите, и да им помагаме за да можат подобро да се снајдат низ лавиринтите на институциите. Исто така сакаме да бидеме еден линк помеѓу сточарите, институциите и купувачите.“-вели Наумоска.

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство кој го означи фестивалот за отворен за медиумите вели дека иницијативата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е преку финансирање на ваквите организации и манифестации да се промовираат домашните прерабоотки и производи како и промоција на локалниот туризам.

„Иницијативата на Минисетрството за земјоделство, шумарство и водостопанство е преку финансирањето на ваквите организации и манифестации да се промовираат домашните преработки и производи за промоција на локалниот туризам, да се поддржуваат земјоделските здруженија на ниво на државата, а се со цел оваа традиција да даде еден сериозен период“-истакна министерот Трипуновски.

Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп вели дека секоја година присуството на оваа манифестацијата е се’ поголемо, а според Јовчески годинава на манифестацијата имало поголем асортиман на производи од Пелагонискиот регион каде што руралните места нудат здрава исхрана.

„Секоја година присуството на манифесатцијава е се’ поголемо. Имаме поголем асортиман на производи од нашиот регион, каде руралните места нудат здрава исхрана. Со ова ние имаме влијание врз  ревитализирањето на селата односно ги стимулираме да проиведуваат што е можно повеќе нивни производи со посебен акцент на мелкопроизводителите“-истакна Јовчески.

Целиот настан беше збогатен и со музичката група „Романса“ која за производителите, купувачите и случајните минувачи изведуваше многу познати стихови и ноти на староградска музика. Нивната програма беше извонредна со песни од „Бог да бие Русе“ до добропознатата и призната старогрдска песна од срцето на Охрид и охридското езеро „Лихнида кајче веслаше“.

Имено, за време на настанот се одржа и конференција  под мотото „Гласот на сточарите“, а темите на дискусијата беа „Предизвици во процесот на регистрација според правилниците за продажба од куќен праг“ и „Човечки капацитети во секторот сточарство“. На манифестацијата имаше и детско едукативно катче и работилница – Ние во чизмите на сточарот, а истата беше под раководство на одделенскиот наставник Гоце Бумбароски и Royal Kids House.

Инаку, манифестацијата беше затворена со целовечерна музичка забава за која се погрижија Јана Мирческа и прилепскиот гитарист Баже кои настапија на Камената бина во центарот на Прилеп.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп