Нова учебна 2025/26 година за 9000 ученици во основно и средно образовние во Прилеп

Во сите училишта во Прилеп се одржаа пригодни програми за почетокот на новата учебна 2025/26 година...

Денеска 1 септември 2025 година (понеделник) за околу 9000 ученици од кои 6000 првачиња започна новата училишна 2025/26 година. Пригодни програми за прием на првачињата но и за сите ученици од погорените класови се одржаа во самите училишта, а сите тие програми беа посетени и од страна на Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп.

Јовчески од пригодната програма во ООУ„Кочо Рацин“-Прилеп за медимите вели дека на учениците им посакува среќен старт на новата учебна година, а училиштето за првачињата ќе бидел нов дом каде што ќе го поминувале поголемиот дел од денот.

„Денес со големо задоволство им посакуваме среќен старт на новата учебна година, а воедно на златните наши првачиња почеток во нивниот образовен систем. Во училиште сите запишани првачиња се стекнуваат со нови другарчиња, но и со сето знаење кое беспоштено просветните работници ќе им го предадат. Ова за нив ќе биде нов дом, бидејќи поголемиот дел од денот ќе го поминуваат баш тука-во училиште “-вели Јовчески за медиумите по повод новата учебна 2025/26 година и првиот училишен ден.


Имено, според изјавата на Јовчески во Прилеп има 6000 нови првачиња и 3000 средношколци.

Ново е тоа дека Општина Прилеп за оваа учебна година за сите ученици обезбеди бесплатни униформи, а за учениците од I до III одделние обезбеди бесплатен оброк за секој ученик.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп