Прилепските градинки добија нови прочистувачи на воздух

Прочистувачите за водух во градинките се донација од Ротари клубот од Прилеп и е во вредност од околу 8.500 евра...

ЈОУДГ„Наша Иднина“-Прилеп, градинки во Аличаир и Бончејца добија 21 нов прочистувач на воздух. Ротари клубот од Прилеп е донатор на овие многу важни апарати за подобрување на условите каде престојуваат најмалите и најмилите-дечињата.

Орде Ѓорѓиоски, претседател на Ротари клубот од Прилеп вели дека акцијата за донирањето на прочистувачите на воздух е благородна и важна донација, а според Ѓорѓиоски прочистувачите се од светски реномиран производител, а донацијата е во вредност од околу 8.500 евра.

„Ротари клубот од Прилеп во рамките на своите програмски активности денес реализира една исклучително благородна и важна донација за двете најголеми градинки во Прилеп-Аличаир и Бончејца. Дониравме 21 прочистувач на воздух од светски реномиран производител, кој ги задоволуваат потребите и капацитетите на занималните во градинките. Вкупната вредност на прокетот е во вредност од околу 8.500 евра, а истите се донации од повеќе физички и правни лица“-вели Ѓорѓиоски.

Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп за донацијата од страна на Ротари клубот вели дека помагањето во градинките во Прилеп е од огромно значење особено за дечињата кои престојуваат во градинка да дишат чист воздух.

„Се наоѓаме во една од градинките во Прилеп каде Ротари клубот донира прочистувачи на воздух. Вкупно 21 каде што од овој момет две наши градинки ќе бидат комплетно опремени со прочистувач на воздух. Во ова време на глобално загадување на воздухот и општо на животната средина и тоа како е важно од овој тип да им помогнеме т.е да им сугерираме на семејствата кои што ги довериле своите дечиња на чување од претшколска возраст дека им обезбедуваме грижа, а воедно и да дишат чист воздух. “-рече Јовчески.

Христина Трпческа, директор на ЈОУДГ„Наша Иднина“ вела дека донацијата на прочистувачите за воздух е момет со кои им се разубавувал животот на децата од предшколска возраст.

„Најпрво ќе се заблагодарам на Ротоари клубот затоа што ни помогнаа да ги подобриме условите за престој на децата од предшколска возраст и ова е уште еден момет со кој се „разубавува“ животот на децата од предшколска возраст кој се згрижени во нашите институции. “-изјави Трпческа и додаде дека од 01.09.2025 година во градинките имале згрижено 1482 деца, а листата на чекање е намалена.

„Од 01.09.2025 година во нашите институции имаме згрижени 1482 деца . Листата на чекање е намалена на 60 до 70 деца меѓутоа во овој период таа повторно почнува да расте, затоа што родителите во текот на целата година ги запишуваат децата во листата на чекање“-додаде Трпческа.

Инаку, на Ротари клубот од Прилеп од страна на вработените и дечињата од ЈОУДГ„Наша иднина“-Прилеп им беше доделена симболична мала награда, рачно изработена фотографија на црна позадина, а истата беше изработена со рецеклирачки материјал односно беше изработена од пластични капачиња.

 

#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен