(Фото) Се асфалтира дел од улицата „Александар Македонски“ во Прилеп

На увидот во градежните активности присутни беа градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески и кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски...

Викендов во Прилеп започнаа активности за асфалтирање на дел од улицата „Александар Македонски“. Оваа улица важи за најголема во градот.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески за медиумите вели дека проектот е асфалтирање и реконструкција на улицата „Александар Македонски“ во должина од 1.000 метри, а според Јовчески со тоа се продолжувал интензитетот на рехабилитирање и обновување на оштетените улици.

„Продолжуваме со нашите проекти. Овој проект конкретрно е асфалтирање и реконструкција на улицата „Александар Македонски“ , дел од кружниот тек кај Водовод па се до „Чумовчанец“ во должина од 1.000 метри. Со ова го продолжуваме интензитетот на рехабилитарање и на обновување на оштетените улици. По завршувањето на ова асфалтирање се продолжува со асфалтирање на 5 до 6 улици во населбата Тризла“-вели Јовчески.

Јовчески додава и дека средствата за реконструкција на улицата се обезбедени од развојната програма на буџетот на општината, а обновени биле ивичњаците и биле денивелирани околу 40 шахти.

„Средставата за реконструкција се обезбедени од развојната програма на буџетот на Општина Прилеп. Динамиката до крајот на месецов треба да биде комплетно и асфалтирано. На оваа улица целосно ги обновиве ивичњаците и околу 40 шахти-денивелирани и поставени потполно нови. Со ова го подобруваме и сообраќајот т.е безбедноста на нашите патници и пешаци“-додава Јовчески.

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на увидот при градежните активности на улицата „Александар Македонски“ за медиумите вели дека нема да има прекин туку продолжување со релизација на започнати и проекти со кои општината аплицираше на јавниот повик од Владата на Македонија.

„Благодарност до градоначалникот на Прилеп за одењето понапред за она што значи реализација на програмата која што ја ветивме во 2021 година и продолжуваме понатаму. Во оваа фаза како партија имавме новина од идеј кои значат препознавање на најголемите проблеми кои досега сме ги имале, но со една нова сондажа на јавното мислење што треба понатаму да се прави и во таа насока се движиме. Нема да има прекин туку продолжуваме понатаму со реализација на започанти доесегашни проекти и на сите проекти кои што ги има во локалната самоуправа, на сите проекти со кои што градоначалникот истрча пред влдата да ги добијат. Тие се 14 во вкупна вредност од околу 12.000.000  евра.“-рече Проданоски.

Инаку, моментално се врши реконструкција и асфалтирање на улицата „Александар Македонски“ на потегот од зградата на ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп до раскрсницата „Чумовчанец“ која наскоро ќе биде пуштена во употреба.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен