Општина Прилеп се приклучи на Европската недела на мобилност
Општина Прилеп по шести пат е дел од Европската недела на мобилност која опфаќа и 5 други општина од Македонија...
Со низа настани во Прилеп ќе се одбележи европската
недела на мобилност.Општина Прилеп по шести пат оваа година се приклучува кон
оваа недела на мобилност.
На прес-конференцијата која што се одржа во општинската
зграда во Прилеп присустувуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче
Јовчески како и претставници од сообраќајната струка при СОУ„Ристе
Ристески-Ричко“-Прилеп, претседателот на сојузот на училишен спорт, претсавници
од сообраќајното одделение при СВР Битола-ОВР Прилеп.
Гоце Бојкоски, координаторот на настаните во Прилеп на
прес-конференцијата ја претсави програмата на активности во Прилеп за време на
европската недела на мобилност.
„Во недлата што следува имаме да понудиме низа на
интересни активности. Програмата ја споделивме пред неколку дена и се надевам
дека сите се запознаени со истата. Ги имеме настаните критична маса, проекција
на интересен филм на градскиот плоштад, активности ќе има и ЈП за ПУП-Прилеп
односно градскиот превоз ќе вози бесплатно, учениците од СОУ„Ристе
Ристески-Ричко“-Прилеп ќе им делат мотивациски флаери на патниците, имаме ноќна
трка на 5 километри, активности ќе има и полициската станица-сообраќајно одделние
со учениците од СОУ„Ристе Ристески-Ричко“ ќе запираат автомобили низ градот кои
ќе делат мотивациски флаери со интересна содржина, ќе се одржи традиционалното
возење „Сите на велосипед“, а последниот ден е ден без автомобили бучеварот
„Гоце Делчев“ ќе биде затворен преку целиот ден, а граѓаните ќе може да
присустуваат на бројни активности од различни спортски здруженија, училишта, спортски
федерации и слично.“-вели Бојкоски кој на претсавниците кои ги претсавуваа организаторите
на настанот им упати голема благодарност.
Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп вели
дека целта на Општина Прилеп е во поттикнувањето на промените и барање на здрав
начин на живеење.
„Денес со големо задоволство ја започнуваме Европската
недела на мобилност 2025 во која Општина Прилеп активно велгува и зема учество
и се приклучува на европските градови каде што ја промовирираат одржливата
урбана мобилност за чиста животна средина и здрав начин на живеење. Нашата цел
е да поттикнеме што повеќе наши сограѓани да ги променат секојдневните навики
со што ќе учествуваат во природен т.е здрав начин на превоз одбегнувајќи
автомобили, трчање, активирање на сите начини при барање на транспортна патека.
Со сето ова можеме да изградиме една подобра животна средина во нашиот град и
посигурен начин на живеење.“-рече Јовчески.
Винета Иваноска, раководител на одделението за локален
економски развој при ЕЛС Прилеп вели дека планот се работи преку проект на
Министерството за траснпорт и врски и опфаќа 5 општини од Македонија.
„Овој план се работи преку проект на министерството за
транспорт и врски, проект за поврзување на локалните патишта кој е финансиран
од страна на светска банка, а како една компонента од целиот овој проект е
изработка на планот за одржлива урбана мобилност за 5 општини и тоа Прилеп,
Кавадарци Струмица, Струга и Кочани. Планот ги дефинира начините за мобилност
т.е дефинира подобри услови за мобилност на граѓаните и на бизнисите“-додаде
Иваноска.
Виолета Ржаникоска-Секулоска, професор по стручни
предмети во сообраќајната струка во СОУ„Ристе Ристески-Ричко“ вели дека години
наназад сообраќајната струка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко“ излегува во пресрет
на настани кои се случуваат во Прилеп, а според Секулоска сообраќајната училишна
единица е обучена за промена на режимот на сообраќај кои треба да се случи за
време на вакви настани.
„Години наназад сообраќајната струка излегува во пресрет
на сите овие настани кои ги организира локланта самоуправа, спортските
здруженија или некои културни настани. Во склоп на сообраќајната струка успешно
фигурира и е активна сообраќајната училишна единица, која што е обучена за
промена на сообраќај кои треба да се случи за овие настани“-вели Секулоска.
Благојче Макалоски, претставник од секторот за сообраќај
при СВР-Битола ОВР-Прилеп вели дека од секторот сообраќај ќе се потрудат да
имаат маскимални ресурси на располагање за да има еден нормален тек на одвивање
на настаните за време на оваа Европска недела на мобилност.
„На секоја спортска или културна манифестација било да е
по барање на граѓани или институции, во овој момент соработка со локална
самоуправа од Општина Прилеп како составен дел од организацијата ќе се потрудиме
да имаме максимално ресурси на располагање, затоа што да имаме еден нормален
тек на настаните кои ќе се одвиваат во текот на оваа Европска недела на
мобилност.“-рече Макалоски.
Здравко Ристески, претседател на сојузот за училишниот спорт на Општина Прилеп вели дека
голем дел од учениците се промотори на спортовите кои ќе се случуваат за време
на Европската недела на мобилност во Прилеп.
„Веќе неколку години во сите овие активности кои се
организирани од страна на локалната самоуправа и од сите други фактори кои што
ја организираат оваа недела на мобилност, ова значи дека ние со голем број на
ученици активно влегуваме во сите овие настани цела оваа недела. Голем дел од
нашите ученици се промотори на спортовите кои ќе се случуваат во понеделник на
булеварот во Прилеп. Учениците со своите родители земаат масовно присуство на
манифестацијата „Сите на велосипед која што е во недела на 21 септември, на ноќната
трка и на сите настани кои ќе се одржуваат во текот на оваа недела“-изјави
Ристески.
Инаку, програмата за време на Европската недела на
мобилност е следна:
17.09.2025 година (среда)
-Критична маса – групно возење велосипеди низ улиците на
Прилеп и вечерна проекција на филм во рамки на проектот „Педали и приказни“
18.09.2025 година (четврток)
-Бесплатен градски превоз во текот на целиот ден и делење
на едукативни флаери од страна на учениците при СОУ„Ристе
Ристески-Ричко“-Прилеп
19.09.2025 година (петок)
-Запирање на сообрачајкот на булеварот „Гоце Делчев“ во
Прилеп и ноќна трка на 5 километри низ градот, во организација на
Ориентациониот клуб „Златоврв“
20.09.2025 година (сабота)
-Заеднички активности на сообраќајното одделение при СОУ„Ристе
Ристески-Ричко“-Прилеп со делење на флаери и разговори со возачи.
21.09.2025 година (недела)
-Трка „Сите на велосипед 2025“ – групно возење од
центарот на Прилеп до аеродромот во Мало Коњари и назад во организација на ВК и
сервис „Илинден“.
22.09.2025 година (понеделник)
-Ден без автомобили – затворање на централната градска
сообраќајница од 07:00 часот наутро па се до 15:00 часот попладне и низа
спортско-рекреативни и едукативни активности за ученици, градинки, НВО и
спортски клубови.
Од Општина Прилеп ги покануваат граѓаните да бидат дел од
овие настани, со кои заедно ќе го промовираме здравиот начин на живот, еколошки
чистиот превоз и одржливата иднина на нашиот град, Прилеп.
#Локално

Коментари
Постави коментар