Првото бебе за 2026 година во Прилеп е машко
Во првиот ден од Новата 2026 година во Прилеп се родеија вкупно 3 бебиња. Двете се машки, а едното е женско...
Герасим Маџароски е првото родено бебе во Прилеп. Родено
е два часа после полноќ во Новата 2026 година на гинеколошко-акушерското одделение
во Градската Општа Болница со Проширена Дејност „Борка Талески“-Прилеп.
Герасим Маџароски е првото бебе за 2026 година во Прилеп.
Родено е со тежина од 4 килограми и должина од 51 сантиметар.
Софија Маџароска утринава имаше посета од страна на
градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Дејан Проданоски, градоначалникот на Прилеп за првото
родено бебе во Прилеп вели дека на семејството на бебенцето му помогнале со
финсии и пригодни подароци и очекува многу раѓање во Прилеп во 2026 година.
„Традиционално во градската болница со проширена дејност
во Прилеп да се пофалиме како општина дека го добивме првото бебенце. Бебенцето
е родено два часа после полноќ и е машко што значи дека во Прилеп се очекува
една силна и храбра 2026 година. Како Општина Прилеп изразивме поддршка кон
семејството со некоја финансиска помош, со подароци за бебенцето и се надевам
дека во Прилеп оваа година ќе има многу раѓања.“-вели Дејан
Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.
Кире Јоноски, директорот на прилепската болница вели дека
бебенцето е родено по природен пат, а на семејството Јоноски му посака здравје,
среќа и радост.
„Во 02:23 часот после полноќ е родено првото бебе во
прилепската општина. Родено е машко бебе по природен пат. Упатуваме честитки за
добро здравје, среќа, радост до фамилијата.“-вели Кире Јоноски,
директорот на прилепската болница.
Од геноколошко-акушерското одделение во прилепската
болница велат дека раѓањето поминало со уреден тек, мајката Маџароска е добра и
дека нејзиното бебе е до неа.
„Денес на 01.1.2026 година се роди машко бебе. Бебето е
тешко 4.000 грама и е со 51 самнтиметар должина. Раѓањето помина со уреден тек,
пацинтката е добра и нејзиното новороденче е до неа“-велат од
гинеколошко-акушерското одделние од прилепската болница.
Првото бебе во Прилеп за 2026 година, Герасим Маџароски и
е втора рожба на мајката Софија Маџароска.
Инаку, за само неколку часа од Новата 2026 година во
прилепската болница „Борка Талески“ се родија уште две бебиња. Едното бебе е
машко од Прилеп, а другото бебе е женско од селото Црнилиште, општина Долнени.
#Локално


Коментари
Постави коментар