Бадниковите поворки-најава за христовото раѓање Божиќ

Годинава беше една од најголемите Бадникови поворки...

Денеска е Бадник, ден пред големиот и најрадосниот христијански празник кои е посветен на рождеството христово Божиќ. По тој повод денеска традиционално во повеќе од 80 градови и населени места во Македонија се одржаа традиционалните бадникови поворки.

Бадниковите поворки во Прилеп се одржаа во големата сала и фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“ поради денешните временски неприлики (врнежите), а на истите  децата под менсторство на наставничката по музичко образование Софија ја изведоа традиционалната бадникова песна „Вечниот бог“ и всушност со тоа го најавија големиот и најрадосен празник Божиќ.

Лина Димеска-Стојансоки координатор на здружението „Бадникови поворки“ за Прилеп вели дека  дечињата ги симболизираат ангелите кои го прикажуваат патот кон пештерата и раѓањето христово.

„Се надевам дека дечињата со новната радост ќе ни ги стоплат и иполнат срцата со нивните песни. Подготовките течеа во најдобар ред, имавме 3 проби пред овој настап и генерална проба. Материјалите на дечињата им беа поделени од страна на нашите спонзори, а на крајот од манифестацијата дечињата ќе бидат наградени со пригодни подароци. Бадник е предвезник на рождеството христово -Божиќ, а децата ги симболизираат  ангелите кои го покажуваат патот кон пештерата и кон раѓањето хритово.“-вели Лина Димоска-Стојаноски, координатор на здружението „Бадникови поворки“ за Прилеп.

Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп ги поздрави присутните во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а Проданоски вели дека тардицијата никогаш нема да згасне и дека Општина Прилеп им стои во поддршка на организациите кои значат негување на традициите.

„Нема да згасне ниедна традиција со вакви прекрасни дечиња. Нека се здрави и живи и се надевам дека вгодина ќе има повеќе дечиња. Честитам за организацијата, Општина Прилеп секогаш им стои во поддршка на секоја организација која што значи негување на традицијата и младиот свет кој што го имаме овде во Прилеп и поддршка понатаму за секој настан кој што се однесува на овие работи. За многу години Божиќ!“-вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.

Имено, овогодишната Бадникова поворка во Прилеп се одржува по 16 пат и една од најголемите бадникови поворки кои досега се случиле во Прилеп, а истата оваа година броеше околу 300 дечиња.

Инаку, вечерва се прави и богата посна Бадникова трпеза на која се собира целото семејство, а според верувањата на бадниковата вечер не треба да се оди на гости. Во Прилеп има и една интересна традицијата, а тоа е што како и за Василица така и за Бадник се прави зеленик или мазник кој треба да биде посен, а некои домаќинки во него ставаат и мала железна паричка или златник. Овој обичај зависи од семејство до семејство.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп