Постови

Приказују се постови за фебруар, 2026

Прилепскиот карневал Прочка го врати својот препознатлив сјај (фото)

Слика
Четири дена настани за традиционалното одбележување на празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп... Многу забава, многу музика и шега денеска во центарот на Прилеп каде што се одржа и големиот традиционален карневал Прочка 2026. Карневалот годинава го врати својот препознатлив стил со тоа што повторно имаше гости од соседните земји.           Градоначалиникот на Прилеп, Дејан Проданоски вели дека годинава го вратиле интернационалниот дух на карневалот, а до година Проданоски очекува многу побогати маски кои ќе се најдат на карневалското дефиле. „Оваа година го враќаме интернационалниот дух на карневалот и се надевам дека наредната година ќе имаме уште побогати маски кои ќе се најдат тука на дефилето во центарот на Прилеп.“ -вели Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.           Проданоски додава и дека двата големи јубилеи едниот е по повод 25 годишнината од постоењето на карнева...

Детски карневал 2026 година во Прилеп (фото галерија)

Слика
Детскиот карневал е дел од традиционалните чествувања за празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп...            Со промотивниот настап на сега веќе возобновениот прилепски дувачки оркесатр денес напладне на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во центарот на Прилеп се одржа детското дефиле односно детскиот карневал Прочка 2026 во Прилеп.           Детскиот карневал во Прилеп по една деценија се одржа и исто така се возобнови во Прилеп. На истиот се претставија ученици од сите основни училишта од Прилеп и неговата околина. Маските беа навистина убави, а прилепчани сите дечиња ги наградуваа со навистина големо ракоплескање (аплауз).           Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од денешниот детски прилепски карневал Прочка. #Локално

Со традиционалната изложба на маски во Прилеп започнаа чествувањтата за Прочка

Слика
  На традиционалната изложба на маски беа изложени над 500 маски...         Со традиционалната изложба на маски која  беше отворена денес на пладне во центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, а на која имаше над 500 маски започнаа настаните со кои се одбележува празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп. Годинава всушност меѓународниот карневал Прочка го одбележува јубилејното 25 издание, а здружението „Прилепски мечкари“ одбележува еден век од формирањето.           Изложбата на маски како и секоја така и оваа година има награден карактер. Гранд При наградата ја освои ученикот Димитар Седлоски од ООУ„Блаже Конески“-Прилеп за неговата маска „Некогаш бев гранка, а сега сум лузна“. Седлоски за неговата маска вели дека масаката претставува изгорено дрво кое е претставено во човек, а пораката која ја дава самата маска е дека ниту едно дрво повеќе да не е пресечено и шумите да имаат заштита.    ...

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски на средба со MATTO

Слика
 Проданоски: Прилеп подготвен за нови инвестиции... Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски денес беше почесен гостин на Управниот одбор на MATTO (Стопанска комора Македонија-Турција), каде што се сретна со претставници на компании каде се  разговораше за економската иднина на Прилеп. На средбата, Проданоски ги истакна потенцијалите на градот. „Прилеп е стабилна и пријателска деловна средина, отворена за секој кој сака да инвестира. Ние сме подготвени за нови партнерства и заеднички проекти. - порача градоначалникот. Разговорите се сметаат за важен чекор кон привлекување нови инвестиции, отворање работни места и економски развој. Проданоски нагласи дека општината продолжува да работи на создавање поволна бизнис-клима и посилна соработка со бизнис-заедницата. Градоначалникот Проданоски искрена благодарност упати до комората и до претседателот Ајдован Адемоски, за отвореноста и желбата за унапредување на економската соработка. #Локално

Прилеп викендов ќе пулсира со карневалот Прочка 2026

Слика
Многу настани за чествување на празникот ВБелики поклади-Прочка во Прилеп... Викендов ќе биде убав и весел барем во Прилеп, бидејќи за празникот Велики поклади-Прочка има навистина убави чествувања. Најголемата кулминација и акцент за овој голем христијански празник во Прилеп се става на карневалот под маски кои традиционално се одржува на самиот ден Прочка во центарот на Прилеп. Во Прилеп викендов многу настани, многу забава како за помладите така и за постарите. Почнувајќи од изложбата на маски, преку детското дефиле под маски и главното карневалско дефиле до традиционалниот ручек во манастирот свети Ѓорѓија во селото Присад.  Целосната програма за чествувањата на празникот Велики поклади-Прочка во Прилеп во продолжение: 20 февруари (петок) во 12:00 часот ќе се одржи традиционалната изложба на рачноизработени маски. Свеченото отворање и доделување на призанија ќе се одржи во ликовниот салон при НУЦК „Марко Цепенков“-Прилеп. 21 февруари (сабота) во 12:00 часот ќе се случи детскат...

Бидете секогаш заштитени и безбедни со агенцијата за обезбедување на имот и лица Секјурити МК Прилеп

Слика
Прва лиценцирана агенција за обезбедување на имот и лица Секјурити МК од Прилеп... Во време кога безбедноста е на прво место, сигурниот дом и заштитениот деловен простор се неопходност, а не луксуз. Токму затоа во Прилеп успешно работи Секјурити МК , агенција која нуди комплетни решенија за ваша целосна заштита. Сместена на улица ,,11 Октомври“ број 1 во малата зграда Табана . Секјурити МК обезбедува професионални услуги со најсовремена опрема и обучен кадар. Во понудата се вклучени: - 24/7 мониторинг систем - Брза и навремена реакција - Патролна служба 24/7 - Монтажа на алармни системи и видео надзори (сигурносни камери) Посетете ги во Секјурити МК или контактирајте ги на телефонските броеви 070-208-343 или на 070-208-212 Без разлика дали станува збор за приватен дом (имот), станбена зграда, деловен објект или индустриски капацитет, тимот на Секјурити МК гарантира сигурност, професионалност и доверливост. Затоа што куќа во која не се чувствувате безбедно – не е ...

Ова е ставот на Општина Прилеп во врска со состојбата на Фудбалскиот клуб „Победа“

Слика
Став на Општина Прилеп во врска со состојбата во Фудбалскиот клуб Победа... Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш посветена на поддршката на локалните спортски брендови, сакаме да ја информираме јавноста дека Општината во ниту еден момент не престана да презема активности за спас на клубот, но во тој процес се соочи со сериозен и континуиран недостиг на соработка од страна на мнозинските сопственици. Иако локалната самоуправа постојано иницираше дијалог за изнаоѓање долгорочно решение, сопственичката структура не покажа подготвеност за заедничко делување, одбивајќи да постави легитимни органи на управување и извршен директор, што практично го доведе клубот во состојба на функционална парализа. И покрај ваквиот однос, Општина Прилеп покажа искрена желба за помош преку донесување одлука за еднократна финансиска по...

Со поддршка на Општина Прилеп се возобнови прилепскиот дувачки оркестар

Слика
По десетгодишна пауза возобновен прилепскиот дувачки оркестар со поддршка од Општина Прилеп... По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот - Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп, во согласност со можностите и програмските активности на новооформениот состав. Првиот јавен настап на возобновениот Прилепски дувачки оркестар ќе биде во рамки на карневалот „Прочка 2026", додека програмата на оркестарот ќе се темели на оригиналност и разновидност. Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп, присуствуваше на првата проба на возобновениот оркестар и истакна дека Прилеп континуирано инвестира во културата и во зачувувањето на локалниот културен идентитет. Притоа, тој истакна големо задоволство на фактот што по десетгодишен прекин, Градскиот дувачки оркестар повторно е активен и ќе биде составен од млади, професионални и талент...

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!

Слика
Локација: улица. „Сотка Ѓорѓиоски“ број. 99, спроти авто центарот „Матрак“, во центарот на Прилеп... Во срцето на Прилеп започна со работа новата сендвичара Fast Food Bla Bla , место каде што вкусот и квалитетот се на прво место. Доколку сте љубители на сочни бургери, вкусни сендвичи и специјалитети подготвени со внимание, тогаш Fast Food Bla Bla е вистинската адреса за вас. Во понудата ќе најдете и алкохолни и безалкохолни пијалоци, како и десерти кои се совршен завршеток на секој оброк. Новиот Fast Food Bla Bla се наоѓа на улицата „Сотка Ѓорѓиески'' број 99 спроти автоцентарот „Матрак“ во центарот на Прилеп. Покрај услигата во објектот достапна е и достава, а за порачки од над 400 денари истата е бесплатна.  Појдете во Fast Food Bla Bla или контактирајте ги на телефонскиот број 076/236-450 Не дозволувајте гладот да ви го расипе денот. Посетете го Fast Food Bla Bla и уживајте во вкус за кој ќе се зборува и вкус кој ќе се памети! #Лоаклно