Прилепскиот карневал Прочка го врати својот препознатлив сјај (фото)
Четири дена настани за традиционалното одбележување на празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп...
Многу забава, многу музика и шега денеска во центарот на
Прилеп каде што се одржа и големиот традиционален карневал Прочка 2026.
Карневалот годинава го врати својот препознатлив стил со тоа што повторно имаше
гости од соседните земји.
Градоначалиникот
на Прилеп, Дејан Проданоски вели дека годинава го вратиле интернационалниот дух
на карневалот, а до година Проданоски очекува многу побогати маски кои ќе се
најдат на карневалското дефиле.
„Оваа година го враќаме
интернационалниот дух на карневалот и се надевам дека наредната година ќе имаме
уште побогати маски кои ќе се најдат тука на дефилето во центарот на Прилеп.“-вели Дејан
Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп.
Проданоски
додава и дека двата големи јубилеи едниот е по повод 25 годишнината од постоењето
на карневалот Прочка 2026, а другиот е 100 години од постоењето на здружението „Прилепски
мечкари“ ќе бидат поттик што да се прави и како да се развива карневалот
понатаму.
„Се надевам дека
овие два големи јубилеи ќе бидат само поттик што да правиме понатаму и како да го
развиваме овој карневал.“-додава Проданоски.
Претседателот на европската карневалска
асоцијација Ларс Алгел кои беше присутен на денешниот карневал Прочка 2026 за
медиумите вели дека е среќен што сме успеале да направиме еден рестар на карневалот.
„Особено е свежа
меморијата од 2012-година кога имаше и конвенција и навистина сум среќен што
успеавте да направите еден рестарт на Карневалот и навистина имам многу посебни
чувства што сум денеска повторно тука присутен.“-вели за медиумите
Ларс Алгел, претседателот на ФЕКК.
На карневалот гостите од Србија велат
дека биле на истиот пред неколку години.
„Пред неколку
години бевме тука, а инаку сме од соседна Република Србија-Врњачка бања“- велат
гостите од Србија кои настапуваа на карневалското дефиле.
На карневалот гостите од Бугарија велат
дека и тие биле еден вид на мечкари и дека нивната маска тежела околу 40
килограми.
„Доаѓаме од Перник-Република
Бугарија. Се облекуваме во овчји кожи и тропаме со ѕвонци. Ние сме Мечкари од
Бугарија. Целата маска ни тежи околу 40 килограми и е навистина тешка за
носење“-велат гостите од Бугарија кои настапуваа на
карневалското дефиле.
Карневалското дефиле, а и целиот
карневал Прочка има и награден карактер, а ова се наградните маски за овогодишното издание на карневалот Прочка.
-Гран При наградата им припадна на
ООУ„Добре Јовански“-Прилеп за маската под наслов „Весела фарма“
На детскиот карневал кој се случи
вчера исто во ценатрот на Прилеп наградени маски се:
-Прва награда им припадна на учениците
од ООУ„Кочо Рацин“-Прилеп за маската под наслов „Од цветот на знаењето, се раѓа
медот на успехот“
-Втората награда им припадна на
учениците од ООУ„Рампо Левката“-Прилеп за маската под наслов „Шах мат“
-Третата награда им припадна на
учениците од ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп за маската под наслов „Јинг Јанг“
На големото и централано карневалско дефиле
кое се случи денеска покрај Гран При наградата беа доделени и награда за 1, 2 и
за 3 место како и награди за поединечни маски, а ова се наградите.
-Прва награда им припадна на членовите
од студиото за танцување „Зодијак“ за нивната маска под наслов „Пепелашка“
-Втората награда им припадна на
учениците од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп за нивната маска под наслов „Прилепска
златна кралица“
-Третата награда им припадна на членовите
од Здружението за развој и едукација за нивната маска под наслов „Врховниот
совет на смарагдите“
Награди за поединечни маски им припаднаа
на Мидеа за детската маска „Gothic
girl“ и на Мила Спиркоска за возрасна маска „Puxelstar“.
Инаку, чествувањата за празникот
Велики Покалди-Прочка во Прилеп завршуваат утре напладне со традиционалниот ручек
со здружението „Прилепски мечкари“ кои традиционално како и изминативе така и
оваа година ќе се одржи во манастирот свети Ѓорѓија со локација над прилепското
село Присад.





Коментари
Постави коментар