Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски на средба со MATTO

 Проданоски: Прилеп подготвен за нови инвестиции...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски денес беше почесен гостин на Управниот одбор на MATTO (Стопанска комора Македонија-Турција), каде што се сретна со претставници на компании каде се  разговораше за економската иднина на Прилеп.

На средбата, Проданоски ги истакна потенцијалите на градот.

„Прилеп е стабилна и пријателска деловна средина, отворена за секој кој сака да инвестира. Ние сме подготвени за нови партнерства и заеднички проекти.- порача градоначалникот.


Разговорите се сметаат за важен чекор кон привлекување нови инвестиции, отворање работни места и економски развој. Проданоски нагласи дека општината продолжува да работи на создавање поволна бизнис-клима и посилна соработка со бизнис-заедницата.

Градоначалникот Проданоски искрена благодарност упати до комората и до претседателот Ајдован Адемоски, за отвореноста и желбата за унапредување на економската соработка.


#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп