Со традиционалната изложба на маски во Прилеп започнаа чествувањтата за Прочка

 На традиционалната изложба на маски беа изложени над 500 маски...

        Со традиционалната изложба на маски која  беше отворена денес на пладне во центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп, а на која имаше над 500 маски започнаа настаните со кои се одбележува празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп. Годинава всушност меѓународниот карневал Прочка го одбележува јубилејното 25 издание, а здружението „Прилепски мечкари“ одбележува еден век од формирањето.

          Изложбата на маски како и секоја така и оваа година има награден карактер. Гранд При наградата ја освои ученикот Димитар Седлоски од ООУ„Блаже Конески“-Прилеп за неговата маска „Некогаш бев гранка, а сега сум лузна“. Седлоски за неговата маска вели дека масаката претставува изгорено дрво кое е претставено во човек, а пораката која ја дава самата маска е дека ниту едно дрво повеќе да не е пресечено и шумите да имаат заштита.

          „Мојата маска претставува изгорено дрво кое е претставено во човек. Пораката од мојата маска е никое дрво повеќе да не биде пресечено и шумите да имаат заштита. Маската ја изработував околу 2 месеци со мала помош од мојата мајка, а за истата користев природни материјали како дрво, сунѓер и платно“-вели Димитар Седлоски, добитник на Гранд При наградата.

Маската која ја доби Гранд При нагрдата „Некогаш бев гранка, а сега сум лузна“

          Првото место во категорија основни училишта од прво до петто одделение ја освоија учениците од ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп за маската „Прилепски мечкар, чувар на традицијата“. Македонка Тошеска, одделенски наставник во ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп за маската вели дека

          „Маската ја изработивме заедно со учениците и нивните родители. Маската ја подготвувавме околу 3 недели која бараше повеќе труд зашто се е’ делче по делче, мониста по мониста. Се е рачна изработка, а маската на крајот ја финализираше Александар Стојчески, кој на нашето парче материјал му додаде рогови, череп и крзно и со тоа маската заличи на еден вистински прилепски мечкар.“-изјави Македонка Тошеска, одделенски наставник во ООУ„Добре Јованоски“-Прилеп.

           Снеже Ристеска, советникот за култура во Општина Прилеп за изложбата вели дека за тоа како се изработени маските повеќе внимание посветила жири комисијата.

„За изработката како се изработени, дали се изработени од природни или комбинирани материјали повеќе за тоа посвети внимание жири комисијата. Учениците работеа под менторство на нивните наставници и наставниците по ликовно образование.“-рече за медиумите Снеже Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

          Анита Јовеска, член на жири комисијата и наставник по ликовно образование во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп за изложбата вели дека секоја година има се повеќе и поубави маски, а како комисија нивната работа не била воопшто лесна.

          „Како комисија ни претставуваше чест да бидеме дел од овој карневал. Секоја година има се’ повеќе и се’ поубави и поинтересни маски и затоа оваа година имаме повеќе категории. Освен традиционалните, годинава имаме и најиновативни. Најголемо внимание дававме на оние маски кои се најоригинални, најкреативни и им честитаме на добитниците за нивната креативност и имагинација. Се надевам дека вгодина ќе има уште повеќе и уште пооригинални маски“-вели Анита Јовеска, член на жири комисијата и наставник по ликовно образование во ООУ„Кире Гаврилоски-Јане“ од Прилеп.

Маска која ја доби првата наградата во категорија основни училишта од прво до петто одделение „Прилепски мечкар, чувар на традицијата“

           Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп упати покана до сите да дојдат во Прилеп и да уживаат во низата настани за одбележувањето на Прочка во Прилеп.

          „Ја користам приликава да ги поканам сите посетители викендов да дојдат во Прилеп да ја посетат оваа изложба, а утре од 12 часот на градскиот плоштад да ги погледнеме маските од нашите најмлади. Во недела од 13 часот е и главното дефиле на маски кое годинава е од меѓународен карактер т.е ќе имаме и гости од соседните држави.“-рече Дејан Проданоски градоначалникот на Општина Прилеп.

          Имено, годинава после неколку годишна пауза утре на градскиот плоштад ќе се одржи детскиот карневал со маски од сите основни училишта. Во Прилеп на главното карневалско дефиле од 13 часот што ќе се случува исто така во центарот на Прилеп присутен ќе биде и претседателот на Европската федерација на карневалски градови Ларс Алгел.

          Годинава на чествувањата за празникот Велики Поклади-Прочка во Прилеп промотивен настап ќе има и возобновениот прилепски дувачки оркестар, а чествувањата за празникот Прочка во Прилеп завршуваат впонеделник со традиционалниот ручек со здружението Прилепски мечкари кои традиционално како и изминативе така и оваа ќе се одржи во манастирот свети Ѓорѓија над селото Присад.

          Инаку, годинава се чествуваат јубилејни  25 години од прилепскиот карневал прочка и 100 години постоење на задружението „Прилепски мечкари“.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп