Постови

Приказују се постови за април, 2024

На 4 Мај во центарот на Прилеп ќе се одржи хуманитарен настан за Марко Мицески

Слика
На 4.5.2024 година (сабота)  на камена бина во Прилеп ќе се одржи хуманитарен настан, а финснсиските средства од овој настан ќе бидат донирани за лекувањето на Марко Мицески... ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА традиционално како и изминативе неколку години така и годинава организира хуманитарен велигденски настан. Настанот ќе се одржи на 4.5.2024 година и ќе биде пред камената бина во центарот на Прилеп. Имено, финансиските средтва кои ќе се’ соберат од овој настан ќе бидат донирани за лекувањето на две годишниот Марко Мицески од Прилеп, а тоа е дете кое е носител на еден од најретките синдроми во светот. Сидром познат како Ангелман. На Марко четири пати му се’ извршени хируршки интервенции врз левиот бубрег како последица на хидронефроза и стеноза. Настанот кој го организира ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА  е со почеток од 11 часот, а ќе трае се до 14 часот. Настанот ќе биде проследен и со културно-уметничка програма за која ќе се погрижат фолкерката Сузана Гавазова, Lockdown, Vertigo Band,...

Се’ издава деловен простор со кирија

Слика
Се’ издава... Се’ издава деловен простор со кирија. Деловниот простор располага со санитарна просторија (тоалет) и е погоден за повеќе намени. Деловниот простор се наоѓа на улица „Бидимаж“ во близина на ЈОУДГ„Наша Идина“ во населбата Бончејца во Прилеп. Повеќе информации околу овој оглас можете да добиете на телефонскиот број 075//589-232 #Огласи и соопштенија

Ученици од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп освоија прво место на UPSHIFT Bootcamp во хотел „Дрим“ во Струга

Слика
Ученици и нивниот ментор професор од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп го освоија првото место на UPSHIFT Bootcamp што се одржа од 25 до 27.4.2024 година во просториите на хотелот „Дрим“ со Струга... Учениците Михаил, Борис, Дино, Јована и Миа и нивниот ментор професор Ангела Кочоска од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп од 25 до 27 април годинава учествуваа на UPSHIFT Bootcamp што се одржа во просториите на хотел „Дрим“-Струга. Темата на овој настан беше „Социјални иновации за намалување на загадувањето на воздухот  предизвикано од сообраќајот“. Учениците заедно со нивниот ментор професор Ангела Кочоска Имено, тимот од ученици и менторот професор од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се закитија со освоено прво место на настанот, а првото место е во вид на награда ваучер во вредност од 120.000 денари. Новинарскиот колектив на овој портал на учениците и менторот им ја честитаме награда и им посакуваме уште повеќе среќа како и успеси на слични вакви настани или натпревари. Христијан Ангелески #Локално

Излезноста до 15 часот е 34,58% најмногу гласале во Новаци, а најмалку гласови има во Центар Жупа

Слика
 Излезноста на претседателските избори 2024 до 15 часот е 34,58. Нахмногу гласови има Општина Новаци, а најмалку гласови има во Општината Центар Жупа... Државната Изборна Комисија (ДИК) заклучно со 15 часот попладне излезе со известување до јавноста дека до 15 часот излезноста за  претседателските избори кои денеска се одржуваат е 34,58%. Најголем број на гласови т.е излесност има во Општината Новаци и тоа 59,67, а најмал број на гласови т.е излезност има во Општината Центар Жупа и тоа 13,11%. Во Прилеп излезноста до 15 часот е 40,76%. Имено, од вкупно запишаните 1.092.341 гласач на овие избирачки места гласале 392, 89%, а има вкупно 2.110 избирачки места. Инаку, до подготовка на овој прилог до ДИК се доставени вкупно 233 преговори за заштита на лично избирачко право. Од нив 38 преговори се усвоени, а на избирачите им е дозволено да го остварат своето право на глас на претседателските избори 2024 година.Од пристигнатите 233 преговори 21 приговор се отфрлени и одбиени, а другит...

Гласањето во Опаје прикинато со часови поради технички проблем

Слика
 Гласањето на претседателските избори 2024 година во Опаје прикинато со часови поради технички проблем со биометрискиот уред... Ахмет Арифи, претседател на избирачкото место со број 1105 во селото Опаје, за националната телевизија Алсат изјави дека на избирачкото место имало неколку часовен прекин поради технички проблеми на биометрискиот апарат. Имено, како што кажа Арифи за Алсат тие веќе чекаат да биде испратен нов биометриски апарат од Скопје. Инаку, Аднан Ќаили кој е новинар на телевиизја Алсат објави дека гласањето е со часови прекинато. Во Прилеп од страна на новинарска екипа на едно локално избирачко место беше забележан мал технички проблем на еден биометриски апарат, но до овој момент гласањето во тоа избирачко место се одвива непречено и без никакви поголеми технички и други проблеми. #Македонија