Постови

Приказују се постови за април, 2025

Во Герамнија уапсени осомничени за трговија со луѓе

Слика
Германската полиција уапси осомничени за трговија со луѓе... Стотици гермаски полицајци денеска упасија осомничени трговци ко и се занимавале со трговија на луѓе. Осомничените се упасени откако германски полицајци извршиле неколку претсреси на различни локации во Германија и во Чешка, известуваат германските медиуми, а пренесе МИА. #Свет

Бројот на загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република се покачи на 113 лица

Слика
Бројот на жртви во несреќата во Доминиканската Република се покачи на 113 лица... Во несреќата во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република бројот на жртви се покачи на 113, а повеќе од 150 лица се повредени при падот на покривот во ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република. Инаку, несреќата со уривањето на покриваот од ноќниот клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република се случи ноќта во понеделникот кон вторникот. #Свет

Протести во Бугарија со барање ДДВ-то да остане девет отсто

Слика
Протести во Бугарија со барање ДДВ-то за туризам да остане девет отсто... Денеска за во 15 часот во главниот бугарски град Софија се најавени протести со барање ДДВ-то за туризам да остане на девет отсто. Протестот ќе се одржи под слоганот Политичари, не го убивајте бугарскиот туризам, не ги гаснете светлата засекогаш“. Рестораните во Бугарија ќе бидат затворени половина час пред протестот, а ќе бидат отворени во 19:30 часот веднаш по завршувањето на протестот. Протестот е со почеток од 15:00 часот, а ќе трае до 19:00 часот по локално бугарско време. #Балкан

Турција планира да спроведе над 60 мисии на месечината

Слика
Турција планира да спроведе над 60 мисии на месечина во следниве 10 години... Турската влада денеска информираше дека Турција планира да спроведе над 60 мисии на природниот земјин сателит, месечината. Мисиите според турската влада ќе бидат со научно-истражувачки цели, а истите ќе се одвиваат во следните 10 години.  Имено, турските научно-истражувачки мисии на месечината се дел од напорите за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните истражувања на месечината. #Балкан

Горивата поевтинуваат на полноќ

Слика
Од Регулаторната комисија за енергетика известуваат дека... Од РКЕ денеска донесоа одлука за промена на цената на дизел горивата и бензинот.  Цените на овие горива од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 2 до 2,5 денари за литар.  Со новите цени ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ ќе поевтини за 2 денари за литар, а додека пак цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ ќе поевтини за 2,5 денари за литар. Од РКЕ известуваат дека со новата одлука се прави намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 2,85% за разлика од претходната пресметка. #Економија

Пациентите од странство се враќаат во Македонија

Слика
Пациенти од пожарот лекувани во Хрватска, Шведска и Италија денеска се враќаат во Македонија... Во странство се хоспитализирани 60 пациенти со изгореници од страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.  Имено, сосотојбата на сите пациенти кои што се лекуваат во земјите од регионот и Европа и поатаму е непроменета, а исто така нема промена ниту кај пациентите кој се во критична состојба.  Инаку, денеска во Македоија треба да пристигнат пациенти кој се лекувани во Хрватска, Холандија и Италија, известуваат од Министерството за здравство, а пренесе МИА. #Македонија

Најмалку 15 загинати и над 100 повредени во Доминиканската Република

Слика
Најманлку 15 загинати и над 100 повредени по уривање на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република... Најмалку 15 загинати и над 100 луѓе утринава се повредени при пад на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република. Ноќниот клуб се наоѓал во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република. Веста ја соопштија доминиканските власти. #Свет

Турција го прекина извозот на лимони

Слика
Турција го прекина извозот на лимони, прекинот е привремен... Од турското Министерство за земјоделство и шумарство известија дека Турција воведе привремен прекин на извозот на лимони. Прекинот за извоз на лимони е поради студеното време кое што ги зафати регионите од Турција каде што се одгледуваат лимони, порткокали и други видови на цитрусни овошја. #Балкан

Филков: Работата на опозицијата е да критикува, да видиме каде ќе не одведе истрагата

Слика
Министерот за правда Игор Филков денеска одржа прес-конференција... Игор Филков, министерот за правда на Република Северна Македонија денеска одржа прес-конференција на која што рече дека работата на опозицијата е да критикува и според него ќе се видело до каде ќе не однесела истрагата. „Работата на опозицијата е да критикува, и ќе видиме до каде ќе не одведе истрагата“ -вели Филков. Имено, Филков ги коментираше и обвинувањата на опозициската СДСМ дека истрагата за пожарот во Кочани е селктивна и оди во погрешен правец. #Македонија

Градоначалникот на Делчево им додели награди на најдобрите ученици Роми

Слика
Делчевскиот градоначалник на најдобрите ученици Роми им додели парични награди... По повод денешниот ден на ромите Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево на учениците роми им додели парични награди. Паричните награди што ги додели Трајковски се за најдобрите ученици Роми за учебната 2024/2025 година. Фото: МИА #Maкедонија

Претрес во село Витолишта, пронајдена пушка и муниција

Слика
Пушката и муницијата се пронајдени во викендичка во близина на селото Витолиште... Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода лицето со иницијали А.Ј (45) од Скопје. Врз основа на судска наредба која била издадена од Основниот суд од Прилеп во викендичка во сопственост на А.Ј во близина на селото Витолишта прилепско е извршен претрес. Имено, при претресот од страна на полициските службеници биле пронајдени ловна пушка со калибар 16мм, ловни патрони со калибар 16мм, 223 куршуми од автоматска пушка, 70 куршуми за пиштол, четири рамки од автоматска пушка, две рамки од полуавтоматска пушка и пронајдена е една граната. Од МВР известуваат дека со А.Ј е направен службен разговор, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. #Локлано

Mуцунски се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио

Слика
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со американскиот државен секретар Марко Рубио... Актуелните прашања од заеднички интерес за Скопје и Вашингтон и соработката меѓу двете земји, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО, беа теми на денешната средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата во Брисел. Во објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски наведе дека имал „кратка, но многу продуктивна средба“ со Рубио, која е прва од неодамнешното именување на американскиот државен секретар на функцијата. „ Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи“ -пишува во објавата на Муцински на социјалните мрежи. Инаку,   Муцунски денеска и утре учествува на министерскиот состанок на НАТО...

Одбележан патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Слика
Денес се одбележа патрониот празник на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп... Денес, со положување свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на Прилеп започнаа чествувањата по повод патрониот празникна СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп. Делегации од училиштетот и од Општина Прилеп положија свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров во центароот на Прилеп и пред спомен-плочата пред родната куќа на Ѓорче Петров во Варош. Централното одбележување се одржа во просториите на училиштето каде што беше откриен муралот на Ѓорче Петров којшто во текот на изминатите денови го изработија ученички со професорките по ликовна уметност во училиштето. Делегации од училиштето положија свежо цвеќе и пред муралот во училишниот двор, а потоа манифестацијата продолжи во холот на училиштето каде што дирекорката на училиштето Жанета Видевска одржа краток говор пред присутните, а Ирена Јорданоска, професорка по историја во училиштето читаше реферат за животот и делото на Ѓорче Петров. Директорката на училштето ...