Концерт за тенор сопран и пијано во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концерт на оперски арии како и дуети и соло пеење синоќа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Синоќа со почеток од 20 часот во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Приlep се одржа концерт за тенор, сопран и пијано. Присутната публика Концертот на оперски арии, дуети и соло песни се во изведба на Илија Белистојаноски (тенор), Ана Митоска (сопран) и професор Дарко Мариновски (пијано).Овој концерт е боат т.н мозик од композиции со внимателно избрани музички бисери на музичката литертаура кој што се напишани од страна на великаните Антонио Калдара, Џакомо Пучини, Џузепе Верди, Волфганг Амадеус-Моцарт, Георг Фридрих-Хендл, Пиетро Маскањи, Жил Масне, Марин Ламберт, Џакомо Доницети и Винченцо Белини. Ана Митоска и Илија Белистојаноски Секој од овие музички мајстори оставил по некое парче наследство во светот на операта како и во светот на класичната музика, а тројцата изведувачи низ нивните интерпретации ја донесоа магијата на овие вистински музички чуда низ светот на многуте емоции, страст ...