Општина Прилеп се приклучи на Европската недела на мобилност

Општина Прилеп по шести пат е дел од Европската недела на мобилност која опфаќа и 5 други општина од Македонија... Со низа настани во Прилеп ќе се одбележи европската недела на мобилност.Општина Прилеп по шести пат оваа година се приклучува кон оваа недела на мобилност. На прес-конференцијата која што се одржа во општинската зграда во Прилеп присустувуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески како и претставници од сообраќајната струка при СОУ„Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп, претседателот на сојузот на училишен спорт, претсавници од сообраќајното одделение при СВР Битола-ОВР Прилеп. Гоце Бојкоски, координаторот на настаните во Прилеп на прес-конференцијата ја претсави програмата на активности во Прилеп за време на европската недела на мобилност. „Во недлата што следува имаме да понудиме низа на интересни активности. Програмата ја споделивме пред неколку дена и се надевам дека сите се запознаени со истата. Ги имеме настаните критична маса, проекција на интересен филм на градс...