Трупуновски: Ние ќе продолжиме и во наредниот период да имаме посериозни огласи кои ќе ги објави министертвото со веќе припремени земјоделски површини

Трипуновски во работна посета на Прилеп... Денес во работна посета на Прилеп беше минисер от за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски при денешната посета ги посети и новите простории на Прилепско поле. Трипуновски за медиумите вели дека неговата посета во Прилеп има за цел доделување на договори од последниот јавен повик кој го спроведе Министерството за земјоделство, шимарство и водостопанство во месец јануари годинава. „Денес сум во посета на подрачната едница на министерството за земјоделство овде во Прилеп. Целта е распоределба т.е доделување на договорите од последниот јавен повик кој го спроведе министерството во месец јануари. Овде имаме доделување на 192 договори кои што се со земјоделците од овој регион, со вкупна површина од оклу 500 хектари, а тоа покажува навистина голем интерес кај ваквите земјоделци.“- вели Трипуновски. Трипуновски додава и дека земјоделците најмногу се заинтересирани за едногодишните култури, а на последниот јав...