Постови

Приказују се постови за август, 2025

Општина Прилеп за учениците од основните училишта ќе обезбеди бесплатна униформна и бесплатен оброк

Слика
Општина Прилеп обезбеди бесплатна униформа за сите основци, а за децата од I до III одделние и бесплатен здрав оброк... Општина Прилеп со почетокот на новата учебна 2025/26 година, а која почнува во понеделник даде силна поддршка за учениците, а за учениците од основно училиште обезбеди бесплатна уноформа за секој основец. За учениците од I до III одделение во основното образование обезбеди и бесплатен здрав оброк. -Направени се реконструкции и опремувања во сите основни, средни училишта и градинките со што се обезбедени подобри услови за сите ученици. -Обезбеден е бесплатен здрав оброк за учениците од I до III одделение – мерка што продолжува и оваа година. -6.000 ученици во основното образование ќе добијат бесплатни училишни униформи, со што се обезбедени еднакви и достоинствени услови за сите, а почетен прибор ќе биде доделен на првиот училишен ден за сите првачиња. -Изградена е нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, инвестиција од околу 23 милиони денари, која ќе овозможи покв...

Прилеп од утре повторно со јавен превоз

Слика
Платите на вработените во ЈП за ПУП заклучно со 21 август годинава се исплатени... Во Прилеп од утре по пауза од три дена поради неиплатени плати во редовна возна линија се враќа јавниот градски превоз. Бранко Нешкоски, директор на   ЈП за ПУП вели дека заклучно со 21 овој месец на вработените во ова јавно претпријатије им се исплатени сите плати. „Сите плати и додатоци кон платата што значи неделни часови, придонеси, додаток на работни денови во однос на вработените се исплатени заклучно со јули до 21 Аавгуст, што значи дека сите плати и додатоци се исплатени. “ -вели Нешкоски. Нешкоски исто така вели дека училиштата во Општина Прилеп нама да бидат доведени во ситуација каква што ја имаат и досега. „Најавите се дека методологијата на пресметување од 2026 година ќе биде променета. Врз основа на вистинските потреби на училиштата, ќе се направи анализа за тоа колку километри се поминуваат, колку деца има, која е усвоената цена на советот на Општина Прилеп, а со тоа вистинскат...

Порталот ИНФО-ПРИЛЕП со илинденска честитка

Слика
Празнични честитки... Традицијата секогаш треба да се негува и чува, а датумите кои секогаш се темели на македонслата историја треба да се почитуваат. 2 Август-Илинден ви го честита порталот ИНФО-ПРИЛЕП и ви посакува убаво празнично саботно расположение. #Празнични честитки

Сиљановска-Давкова:Нека е за многу години Илинден!

Слика
Празнични честитки... Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова со положување на свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Никола Карев во „Македониумот“ во Крушево одаде почит на револуционерите кои се бореле за слободна, самостојна и независна држава Македонија. Сиљановска-Давкова излезе и со честитка за 2 Август-Илинден во која вели дека Илинден е за многу години. „ Денеска, оддадов почит на македонскиот револуционер Никола Карев, претседател на Крушевската Република, кој заедно со своите соборци, Илинденци ја започна борбата за слободна македонска држава. Положив свежо цвеќе на неговиот гроб во „Македониум“, на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствував на панихидата во храмот „Св. Никола“ во Крушево. Нека е за многу години Илинден!“- вели Сиљановска-Давкова во честитката за Илинден. #Празнични честитки

Празнична илинденска честитка на Венко Филипче

Слика
Празнични честитки... Венко Филипче, претседателот на СДСМ денес излезе со честитка по повод денот на македонското востание 2 Август-Илинден. „ Големата епопеја, борбата за слобода и револуцијата за своја држава ја почнаа и завршија со големата историска победа нашите предци, нашите сограѓани. За навек сме им должни на сите нив кои ги вградија своите животи во ова што ние денес го имаме, од полуфеудална и сиромашна, окупирана земја, да изградиме современа европска држава каде што сме свои на своето. Затоа покрај големата благодарност на нашите херои и паднати борци за слобода, до потомците на загинатите и до семејствата на учесниците мојата порака е дека нашата мирновременска „борба“ не е завршена. Треба да признаеме дека се уште нивниот аманет не е исполнет до крај. Се уште не сме го оствариле сонот на многу генерации нашата татковина да биде убаво место за живеење по урнекот на многу европски градови и држави. Не чека уште многу макотрпна работа. Не смееме да чекаме судбината да ...

Мицкоски: Големиот празник Илинден нека нѐ потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.

Слика
Празнични честитки... Премиерот и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес на социајлните мрежи излезе со честитка по повод денот на македонското востание и денот кога се удриле темелите на македонската државност 2 Август-Илинден. Имено, Мицкоски во честитката вели дека Илинден не потсетува на жртвите за слободна и независна држава Македонија. „ Големиот празник Илинден нека нѐ потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите коишто следат после нас, држава во којашто ќе имаме среќни граѓани, држава којашто ќе биде просперитетна, држава којашто ќе биде татковина на сите, без разлика на етничката припадност. Овој ден нека нѐ обединува, ова е ден за обединување, да се слави и да ни е вековит денот, да го чествуваме достоинствено и напомош нека ни е С...

Градоначалникот на Општина Прилеп со честитка за Илинден

Слика
Празнични честитки... Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, излезе со честитка за Илинден, а тој во честитката вели дека на денешен ден 2 Август се сеќаваме и црпиме сила и дека Илинден е симболот на непокорот и стремежот за слобода на македонскиот народ. „ На денешен ден, се сеќаваме, но и црпиме сила. Илинден не е само датум – тоа е симбол на непокорот, на стремежот за слобода, на државотворната мисла што го обликуваше идентитетот на македонскиот народ. 122 години од Крушевската Република и 81 година од АСНОМ – два Илиндена што го одбележаа патот кон македонската држава. Два настани што и денес нè потсетуваат дека слободата не се добива, таа се освојува, со знаење, со храброст, со работа, со љубов кон татковината. Градот Прилеп отсекогаш бил дел од таа приказна со своите херои, со своите борци, со својот народ кој никогаш не се откажал од идејата за правда и достоинство. Денес, наша должност е да продолжиме да го градиме тој пат со одговорност, со чесност и со верба во нашите зае...

Трамп се огласи на барањето на ЕУ за примена на царините на 15 отсто

Слика
Американскиот претседател Доналд Трамп ги намали царините на 15 отсто... Наспроти очекувањата на ЕУ дека стапувањето во сила на договорената општа царинска стапка од 15 отсто за поголемиот дел од извозот на европски стоки во САД ќе започне од денеска, со најновата извршна наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, нејзината примена се одлага за од 7 Август.  Изор на инфрмации:  МИА #Свет

Уапсена жена во Атина

Слика
Жената била поврзана со неидентификуваното девојче пронајдено мртво на плажа... Грчката полиција по снимки од безбедносни камери утрово уапси жена. Жената е уапсена поради смртта на тригодишното девојче кое беше пронајдено мртво на плажа во Атина. Оваа информација ја јавува дописничката на МИА од Атина. #Балкан

За Илинденските празници времето нестабилно со пороен дожд и грмежи

Слика
Од УХМР информираат дека... Според податоците на УХМР времето денеска (1 Август 2025 година)  Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 12 до највисоки 34 степени целзиусови. Според податоците од УХМР времето утре (2 Август 2025 година)  Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 11 до највисоки 36 степени целзиусови. Прогноза за 3.8.2025 година (Недела) Според податоците од УХМР времето во недела ќе биде Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност ...

12 пожари под контрола, еден изгаснат

Слика
Од ЦУК излегоа со соопштение за пожарите... Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираа утрово од Центарот за управување со кризи. На територијата на Општина Берово пожарот е ставен под контрола. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите пожари биле на територијата на општините Арачиново, Гази Баба, Гевгелија, Кавадарци, Карбинци, Македонска Каменица, Радовиш, Желино, а останатите четири во прилепскиот регион. На вчерашната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари. Извор на информации:  МРТ #Македонија

Втора седница на советот за безбедност

Слика
Една од темите на разговорите ќе бидат и пожарите... Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го свика Советот за безбедност, каде членови се највисокиот државен врв и членовите на Агенцијата за безбедност, заштита и спасување.  Имено, една од темите на денешниот состанок е и состојбата со пожарите во земјава, а ова е втор состанок по ред кој се одржува во вилата „Водно“. #Македонија