Претприемачки натпревар во Прилеп. Натпревар организиран од страна на невладината организација ADEY

Во Прилеп се одржа најголемиот ADEY настан т.е натпревар. Натпреварот беше организиран од страна на младинската невладина организација ADEY... На 20.3.2024 година со почеток од 11 часот претпладне во просториите на спортската сала при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржа најголемиот ADEY настан. Настанот беше организиран од страна на младинската невладина организација ADEY, а истиот беше и со натпреварувачки карактер. Имено, на настанот имаше група на натпреварувачи од пет основни училишта од Прилеп, а учениците беа под менторство на нивни наставници ментори. На настанот присутен беше и претседателот на организцијата Михаил Ангелески кој изјави дека му е чест и задоволство што се одржа настан со таков натпреварувачки карактер. „Чест и задоволство ми е што денеска сте дојдени тука на овој настан и заедно да го проследиме истиот и да видиме всушност што нашиот тим работеше цела година. Навистина ви посакувам топло добредојде на сите, а исто така им посакувам среќа на нашите финал...