Постови

Приказују се постови за септембар, 2024

Се издава деловен простор под кирија

Слика
 Се издава... Се издава деловен простор (дуќан) со површина од 21m2. Деловниот простор има одвод и довод, електрична енергија (струја) како и санитарна просторија (тоалет). Деловниот простор се наоѓа на улица „Бидимаж“ во  близина на ЈОУДГ„Наша Иднина“(Бончејца)-Прилеп. Цената за киријата е по договор, а повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 075/589-232 #Огласи

ЕКСКЛУЗИВНО: Александра Пријовиќ со голем концерт во Скопје

Слика
Александра Пријовиќ со концерт во Спортскиот Центар „Јане Сандански’’... Една од најпопуларните и најбарани пејачки на балканот Александра Пријовиќ го закажа својот концерт во Македонија. Концертот е закажан за 22.11.2024 година (петок) во салата при Спортскиот Центар „Јане Сандански“-Скопје, а истиот е со почеток од 21 часот. Имено, концертот на Пријовиќ во Скопје е под мотото „Од исток до запад“. Влезниците за концертот се веќе во продажба преку продажната мрежа на мк тикец. Инаку, туренајата под мотото  „Од исток до запад“ на Пријовиќ ги сруши сите рекорди на посетеност, гледаност и слушнаност. #Естрада

Без вода денеска повеќе улици во Општина Прилеп

Слика
 Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека... Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека поради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 8:00 часот наутро па се до 14:00 часот попладне без вода ќе бидат улиците Октомвриска, Задарска, Битолска, Александар Македонски, Мирче Ацев, Орде Чопела, Браќа Ламески, Стеван Димески-Ништакот и улица Јордан Грабулоски. Инаку, од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека водоснабдувањето денеска е нормално со здравстевно-исправна вода за пиење. Вкупната произведена количина на вода е 265л/сод кои 30л/с од извор Студенчица, 235л/с од сопствени ивори и 0л/с од бунари, известуваат од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп. #Сервисни информации

Хуманитарен концерт за Даниела во Скопје

Слика
Даниела боледува од канцер на матката... Хуманитарен концерт под мотото „Пееме од срце за Даниела“ ќе се одржи во Скопје. Концертот е закажан за 20.9.2024 година (петок) од 19:30 часот и истиот ќе се одржи во „Ревија Бар“ во Трговскиот Центар „Лептокарија“ во Скопје. На хуманитарниот концерт ќе настапат 2ВЕ, Огнен Здравковски, Јана Спирковска и Теа Трајковска, а финсниите собрани од овој концерт се наменети за лекувањето на Даниела од Скопје. Инаку, Даниела боледува од канцер на матката.  #Македонија

Утре без струја ќе биде објект во Димо Наредникот

Слика
  Од ЦУК известуваат дека... Екипи на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа. Од Електродистрибуција известуваат дека во текот на утрешниот ден (вторник) во периодот од 9:00 часот па се до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе биде објкетот 4 јули  односно „Мебел Ви“ во Димо Наредникот во Прилеп. #Сервисни информации

Од утре ќе се спроведува есенската дератизација

Слика
  Од ЦЈЗ Прилеп ќе спреведуваат есенска дератизација... Од утре 16.9.2024 година (понеделник) па се до 4.10.2024 година (петок) екипи од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп ќе ја спроведуваат превентивната есенска дератизација. Со дератизацијата ќе биде опфатена подземниата канализациона мрежа во Прилеп и во депонијата Алинци. Дератизацијата ќе биде извршена со користење на отровни мамци односно родентициди.  Од ЦЈЗ велат за успешно спроведување на оваа дератизација граѓаните треба да превземат соодветни мерки за избегнување на евентуални несакани последици, а мерките се следни. Во текот на спореведувањето на дератизацијата да се оневозможи пристап на месното население до местата каде што е означаен и спроведен дератизациониот процес. Строго се забранува контакт, отсранување или преместување на ротендицидните мамци. Да се оневозможи пристап и контакт на домашните животни со родентиците мамци. Од ЦЈЗ велат доколку граѓаните не ги почитуваат дадените мерки и правила ЦЈЗ-Прилеп с...

Утре без струја неколку села во Општина Прилеп

Слика
Од ЦУК известуваат дека... Екипи на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа. Од Електродистрибуција известуваат дека во текот на утрешниот ден 16.9.2024 година (понеделник) без струја ќе бидат селата Чумово, Штавица, Кронејца, Прилепец и селото Волково. #Сервисни информации

Временска прогноза и временска најава

Слика
Според податоците на УХМР времето ќе биде... Според податоците на УХМР времето денеска е променливо облачно, со повремени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи, а долж Повардарието дува повремено засилен ветер од северо западен правец, Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски 10 до највисоки 26 степени целзиусови. Според податоците од УХМР утре не очекува сончево со мала до умерена облачност време, а ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта четврток кон петок ќе има услови за појава на локален дожд. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски 7 до највисоки 30 степени целзиусови. Прогноза за 13.9.2024 година (петок) Според податоците на УХМР во петок не очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено ќе засилува. Дневнниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 10 до највисоки 28 степени целзиу...

Саша Матиќ го најави солистичкиот концерт во Скопје

Слика
  Пејачот Саша Матиќ ќе одржи голем солистички концерт во Скопје... Добро познатиот и признат српски фолк пејач Саша Матиќ го најави својот прв голем и долгоочекуван солистички концерт во Македонија. Солистичкиот концерт на Матиќ е закажан за 21.12.2024 година во Арената Борис Трајковски во Скопје. Имено, концертот на Матиќ е во организација на продукцијата „Балкан Медиа“, а како што велат од продукцијата концертот ќе биде предоновогодишен. Од „Балкан Медиа“ додаваат дека Матиќ веќе две години го подготвувал својот нов албум кој премиерно ќе биде изведен на неговиот концерт во Скопје, а исто така велат дека пејачот на концертот во Скопје ќе приреди спектакл и ќе ја потсети публиката на своите добропознати парчиња на музички хитови. Влезниците за солистичкиот концерт на Матиќ се движат по цена од 700 до 10.000 денари. Инаку, кога сме веќе кај концертите свои солистички концерти во Скопје имаат закажано Марија Шерифовиќ, Теа Таировиќ, Александра Пријовиќ, Јелена Карлеуша, Калиопи Бук...

Утре без струја повеќе улици и населени места во Општина Прилеп

Слика
 Од ЦУК известуваат дека... Екипи на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа. Oд Електродистрибуција известуваат дека во текот на утрешниот ден во периодот од 09:00 часот се до 11:00 часот без струја ќе бидат новата зграда Табана, улица „11 Октомври“ улица „Кеј 9 Септември“ и улица „Страшо Пинџур“. Во текот на утрешниот ден без струја во периодот од 09:30 часот до 14:00 часот без струја ќе бидат селата Чумово, Штавица, Волково, Кронејца и селото Прилепец, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот од Елкектродистрибуција известуваат дека без струја ќе биде селото Житоше. #Сервисна информација

Ексклузивно: Инфо-Прилеп прв дознава за големиот солистички концерт на Јелена Карлеуша во Скопје

Слика
  Јелена Карлеуша со голем концерт во Скопје во салата Јане Сандански... Порталот Инфо-Прилеп прв дознава за концертот на Јелена Карлеуша што ќе се случи во Скопје. Балканската мега музичка ѕвезда која што е симбол за мода, сексипилност, феминизам и експлицитност Јелена Карлеуша го закажа својот солистички концерт во Скопје за 19.10.2024 година со почеток од 20:00 часот во спортската арена Јане Сандански во Скопје. Организатори за овој концерт на Карлеуша во Скопје се од Евент груп. Имено, според објавите на социјалните мрежи од организаторите тие велат дека турнеата Алфа и Омега, Карлеуша ја започнува токму од Скопје.  Инаку, има екслузивна продажба на ФАН ПИТ влезници преку продажната мрежа на  www.vleznica.mk  , a додека пак влезници за на трибина можат да се набават преку продажната мрежа на  www.karti.com.mk #Естрада

Нина Бадриќ со голем концерт во Скопје

Слика
 Хрватската пејачка Нина Бадриќ ќе одржи голем концерт во Скопје... Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ во соработка со eventum.mk ќе одржи концерт во Скопје. Локацијта на концертот е веќе позната и истата е во Македонската филхармонија. Концертот на Бадриќ е закажан за 27.10.2024 година и истиот е со почеток од 20 часот. Имено, Бадриќ по шест годишна пауза ќе одржи солистички концерт во Македонија т.е во Скопје , а таа на концертот ќе ги изведе нејзините добропознати и признати безвременски песни кои што и се добри хитови не само во Македонија и Хрватска туку и на целиот балкан. Инаку, продажбата на влезниците ќе започне од 14.9.2024 година, а како што пишува порталот „Музика 24“ за дополнителни информации ќе треба сите малку да бидеме трпеливи бидејќи, наскоро организаторите ќе излезат со дополнителни информации околу овој концерт на Бадриќ во Скопје. #Естрада

Филм „Бизнисот на задоволството“ во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Слика
Филмот „Бизнисот на задоволството“ од Гоце Цветановски ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп... Филмот „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан во Прилеп. Проекцијата на филмот е закажана за 19.9.2024 година со почеток од 19:30 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп. Влезници за филмот можат да се набават на билетарницата од киното во среда  од 10:00 до 13:00 часот и четврток еден час пред проекцијата на филмот. Влезниците за филмот се по цена од 150 денари. „Бизнисот на задоволството“ -откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, една новинарка опсеивно работела на својата цел да ја разбере мрежата на сексуално ропство. Но, како што нејзините соучесници се приближувале до шефот, ситуацијата излегува од контрола“ - е кратка содржина за филмот. Режисер на филмот е Гоце Цветановски, продуценти се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски, а додека пак актери во филмот се Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цвет...

Пронајден е Петар Рујаноски-Стојановски

Слика
Петар Рујаноски-Стојановски е пронајден... Пред малку ни пристигна убава и добра информација, а тоа е дека изгубениот Петар Рујаноски-Стојановски е пронајден жив и здрав. Инаку, Петар беше изгубен од синоќа, а последен пат беше виден во близина на Пица бар „Академи“ во Прилеп. #Локално

Изубен е Петар Рујаноски-Стојановски

Слика
 Апел за помош... Изгубен е Петар Рујаноски-Стојановски. Петар последен пат е виден вчера (вторник) во близина на Пица бар „Академи“ во Прилеп. Доколку некој има било каква информација за Петар од семејството велат да се јавите на еден од следниве телефонски броеви 075/700-346 (Елена), 078/251-484 (Орде) и 071/225-907 (Филип) или да се јавите во МВР на 192 или 112 #Локално

Skopje Beer Weekend од 13 до 15 септември

Слика
Skopje Beer Weekend годинава од 13 до 15 септември на Стадион на АРМ-Градски Парк Скопје.. Годинава познатиот скопски Skopje Beer Weekend фестивал ќе се одржи од 13 до 15 септември. Локацијата на овогодишниот Skopje Beer Weekend фестивал e на Стадинот на АРМ во Градскиот Прак во Скопје. Програмата на овогодишниот скопски фестивал е веќе позната, а настап на фестивалот ќе имаат Тропико бенд, ДНК, Андријана Петрушовска, Бојана Скендеровски, Пеџа Меденица, Суперхикс, Миле Кузмановски, Наум Петрески и Џенан Лончаревиќ. На овогодишниот Skopje Beer Weekend во петокот на 13.9.2024 година на првата фестивалска вечер настапуваат Андријана Петрушовска, ДНК и српски Тропико бенд. Во саботата на 14.9.2024 година на втората фестивалска вечер ќе настапат Бојана Скендеровски, Суперхикс и Пеџа Меденица, а додека пак во недела на 15.9.2024 година на третата и последна фестивалска вечер ќе настапат Наум Петрески, Миле Кузмановски и Џенан Лончаревиќ. Имено, водителите на овогодишниот Skopje Beer Weekend ...

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Слика
 Од полноќ цените на бензинот и на дизелот поевтинуваат... Според најновата одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ), цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 октанскиот бензин се намалува за половина денар за литаер и истиот ќе се продава по цена од 74 денари за литар. Од полноќ исто така за два денари за литар се намалува цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 октанскиот бензин и истиот ќе се продава по цена од 76,50 денари за литар, а од полноќ се намалува цената и на дизелот и истиот ќе се продава по цена од 68,50 денари за литар.  Имено, од полноќ екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 67,50 денари за литар. Со новата одлука на РКЕ од полноќ за 0,306 денари за килограм се намалува и цената на мазутот, а исиот од полноќ ќе се продава по цена од 43,507 денари за килограм. #Економија

Утре без струја неколку улици во Општина Прилеп

Слика
 Од ЦУК известуваат дека... Екипи на електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа. Од Елкетродистрибуција известуваат дека во текот на утрешниот ден (среда) во периодот од 09:00 часот се до 14:00 часот без струја ќе биде улицата Кеј 19-ти Септември. #Сервисни информации

„Зошто сине ти си замина“ нова песна на Александар Темелков

Слика
 Александар Темелков со нова песна под наслов „Зошто сине ти си замина“... „Зошто сине ти си замина“ е новонасловената песна на македонскиот фолк пејач Александар Темелков. Новата песна на Темелков беше промовирана денеска на јутјуб каналот на Александар Темелков. Тексот е на Стојан Лазарески и Александар Темелков, музиката е на Александар Темелков, аранжманот за новата песна на Темелков „Зошто сине ти си замина“ е на Славко Ристески, а додека пак видео обработката за новата песна на Темелков е на Александар Спасенцовски. Имено, како што напиша Темелков на социјалните мрежи неговата нова песна под наслов „Зошто сине ти си замина“ е наменета за трагично загинатиот син на неговиот менаџер кој загинал пред 11 години, а и за сите останати млади кои прерано го загубиле животот и ги оставиле своите најмили во црнина да тагуваат додека се живи. Инаку, Алекснадр Темелков се прослави со учеството во едно од најгледаните балкански музички шоу програми „Ѕвездите на Гранд“, а негов ментор во о...

Изложба „Лирско Интермецо“ од Љупка Галазка-Василев во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
 „Лирско Интермецо“ изложба од уметничката Љупка Галазка-Василев во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Изложбата „Лирско Интермецо“ од уметничката Љупка Галазка-Василев ќе биде отворена вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Отворањето е закажано за 19:00 часот во ликовната галерија од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. „Лирско интермецо“ е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови , копнежи , желби и очекувања . Отсликување на човечката душа, нежна и кршлива а во исто време толку моќна. Презентирани ќе бидат дваесетина дела,насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно,создадени во последните неколку години. Уметничката Љупка Галазка-Василев е родена во Струмица во 1979 година. Василев дипломирала на Националната Ликовна Академија во Софија , Република Бугарија. Василев денес живее и работи во родната Струмица како професор по ликовна уметност во едно струмичко средно училиште.  Инаку, Љупка Галазка-Василев има учествувано на повеќе групни ...

Денеска без струја повеќе улици во Општина Прилеп

Слика
 Од ЦУК известуваат дека... Екипи на електродистрибуција денеска ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа во Општина Прилеп. Од Електродистрибуција известуваат дека во периодот од 10:30 часот до 12:00 часот без струја во Општина Прилеп ќе бидат улицата Орде Чопела и прилепскиот Институт за Тутун на излезот од Прилеп. #Сервисни информации

Денеска без вода повеќе улици во Општина Прилеп

Слика
 Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека... Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека денеска од 08:00 часот па се до 14:00 часот поради санација на дефекти и приклучоци без вода ќе бидат улиците Мукос, Цветан Павлоски-Џгуре, 2ри август, Ѓоре Ѓорески, Круме Воланорски, Васко Карангелески, а во истиот период денеска без вода ќе биде и населеното место Ново Лагово. Инаку, од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека денеска водосанбдувањето е нормално и со нормално здравствена вода за пиење. Вкупната произведна  колочина на вода е 299л/с, а од нив 37л/с од извор Студенчица, 262л/с од сопстевни извори и 0л/с од бунари. #Сервисни информации

Утре деветти септември е неработен ден за граѓаните на Република Македонија

Слика
  Деветти септември е неработен ден за граѓаните на Република Македонија... Според законот за наербаотни денови на Македонија 9.9.2024 година (понеделник) е прогласен за нерботен ден за сите граѓани на Република Македонија. 9.9.2024 година е неработен ден затоа што 8.9 е во недела и е ден на независноста на Република Македонија. Честит денот на македонската независност! #Македонија

Македонскиот пејач Огнен Здравковски денеска слави роденден

Слика
 Огнен Здравковски денес слави роденден... Познатиот македонски пејач Огнен Здравковски денеска на денот на независноста на Македонија осми септември го просалвува својот 26 роденден. Огнен Здарвковски е роден на 8.9.1998 година во Скопје. Здарвковски во своето родно Скопје заршува средно музичко училиште и завршува соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.  За Здарвковски факт е дека е неверојатно талентиран за музика и секогаш зрачи со харизма.  Огнен Здарвковски од мали нозе пројавил желба за музика, а во 2019 година Здравковски се пријавува и учевствува на едно од најгледаните музички шоу програми на балканот Ѕвездите на Гранд, а со своите настапи и енергија го воодушеви стручното жири на ова музичко шоу.. Како што извјави Здравковски во едно интервју неговото хоби е играњето фудбал.  Имено, како што вели Здарвковски во интервјуто за српски медиум негови музички примери и „идоли“ му се Тоше Проески и Здравко Чолиќ, а на фестивалите и концертите каде...

Радио Телевизиски Сервис „Панасоник“ ви го честита денот на независноста на Македонија

Слика
 Празична честитка... Денеска се слави денот на македонската независност. Денеска се слави единството, силата како и издржливоста кои секогаш не дефинираат како народ и како држава. Со должна почит да се поклониме кон оние кои се жртвуваа за нашата денешна слобода, слободата на Македонија како и за македонскиот интегритет и суверенитет.  Денот на македонската независност осми септември ви го честитаат од Радио Телевизиски Сервис „Панасоник“ на улица „Ристо Секирчанец“ во Прилеп. #Празнични честитки

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески со честитка за денот на македонската независност

Слика
  Празнична честитка... Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески на својот фејзбук профил се обрати со честитка по повод денешниот ден на македонската независност, а во истата вели дека 33 години подоцна македонскиот народ со иста желба и жар го славиме овој ден за продолжување на идејата на сите македонски херои кој низ македонската историја дале свој придонес за овие работи што ги имаме денес. „Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. 8-ми Септември 1991 година, денот кога македонскиот народ едногласно се изјасни дека сака своја, единствена, суверена и независна Република Македонија! 33 години подоцна го славиме тој ден со ист жар и желба за продолжување на идејата на сите македонски херои кои низ историјата дале свој придонес за ова што го имаме денес! Нека ни е вечна Република Македонија и нека ни е честит Денот на Независноста!“ -вели градоначалник...

Инфо-Прилеп на сите читатели им го честита денот на независноста на Македонија

Слика
 Празнична честитка... Осми септември од пред триесет и три години е многу значаен датум за македонија, македонците и за македонската историја бидејќи, на овој датум пред точно триесет и три години бил склучен договорот за самостојна, суверена и независна држава Република Македонија. На овој датум пред триесет и три години првиот претседател на македонија г-дин Киро Глигоров го потпишал договорот за независна Република Македонија. Традицијата секогаш треба да се негува и чува, а датумите секогаш треба да се почитуваат, а тимот на ИНФО-ПРИЛЕП ви го честита осми септември денот на македонската независност и ви посакува се најдобро вас и на вашите семејства.  #Празнични честитки

„АДЕЈ“ младинска невладина организација со честитка по повод денот на македонската независност

Слика
Празнична честитка.... Осми септември е многу значаен датум во македонската историја бидејќи, на овој датум се склучил договорот за независна, суверена и самостојна Република Македонија. Датумите секогаш се значајни како во историјата така и во слободниот живот, а датумите и традицијата секогаш треба да се негуваат, почитуваат и чуваат. Денот на македонската независност осми септември ви го честитаат од младинсаката невладина организација „АДЕЈ“ од каде што ви посакуваат здравје, среќа, мир во душата и спокој во срцата. #Празнични честитки