Постови

Приказују се постови за јул, 2025

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми

Слика
Општина Прилеп на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година аплицира со 12 капитални проекти... Минатата недела во Владата официјално беа потпишани договори за проекти со кои аплицираа општините од цела Македонија, а помеѓу нив беше и Општина Прилеп која аплицираше со 12 проекти на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година. „Општина Прилеп во следниот период започнува со една нова значајна развојна фаза. Во Владата минтата недела официјално ги потпишавме договорите со кои аплициравме на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година. Со ова Прилеп обезбедува нови дополнителни средства од околу 8 милиони евра насочени кон капитални проекти, кои дирекно се од корист на нашите граѓани.“- вели Јовчески. Според Јовчески, капиталните проекти со кои   Општина Прилеп аплицираше на јавниот повик за локална самоуправа за 2025 година се: -Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ -Изградба на мост на улицата „Победа“ -Реконструкција на влезот ...

Публиката на третата фестивалска вечер од Пиво фестивалот 2025 уживаше во настапите на бендовите „Екстра“ и „Модерато“ , Тајзи и Никола Роквиќ

Слика
Со настапот на Никола Роквиќ заврши главниот дел од главната сцена, а со настапот на диџеј Були заврши алтернативниот дел од алтернативната сцена на Пиво фестивал 2025... Во центарот на Прилеп синоќа се одржа третата и последна фестивалска вечер од Пиво фестивалот 2025, а публиката имаше можност да ги види, слушни и да ужива во музичките настапи на битолскиот „Ектра Бенд“, кавадаречкиот „Модерато Бенд“ , миленикот на многу генерации особено на помладата популација Тајзи и во настапот на балканската музичка ѕвезда Никола Роквиќ. Посебно емотивен момент имаше кога Драган Величковски-Тајзи ја пееше „Чувај ни га Боже“ во спомен и чест на една од најголемите македонски ѕвезди Тодор Проески-Тоше и во чест на настарданите и загинатите во страотниот пожар од 15 Март во кочанската дискотека „Пулс“. Имено, публиката со нетрпение го очекуваше на сцена да се појави Никола Роквиќ кој пред публиката ги отпеа неговите добро познати и признати музички хитови, а Роквиќ покрај неговите песни отпеа п...

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Слика
Синоќа публиката уживаше во настапите на Јана Мирческа, групата „Калабалак“, Дамјан Стојаноски и Харис Џиновиќ... Прилепската, а и публиката од целата земја и регионот синоќа уживаше во музичките настапи на Јана Мирческа и бенд, груапата „Калабалак“, Дамјан Стојаноски и Харис Џиновиќ. Најголем интерес и најубаво музичко расположение публиката покажа за време на настапите на Дамјан Стојаноски и Харис Џиновиќ. Додека Стојаноски ја пееше традиционланата, добро позната и призната втора македонска химна „Заветна“ која во оригинална верзија е на Пепи Бафтировки како и за втората најбарана македонска песна „Нема друга Македонија“ публиката пееше во еден глас заедно со Стојаноски. Имено, Стојаноски за медиумите вели дека прилепската публика е прекрасна но, тој за прв пат имал настап на Пиво фестивалот, а Стојаноски упати и благодарност до организаторите за поканата и реакциите на публиката. „Прилепската публика како и секогаш е прекрасна. За прв пат сум на Пиво фестивалот кој навистина...

Во Прилеп синоќа започна Пиво фестивалот 2025

Слика
Синоќа во Прилеп започна 21. изданоие на Пиво фестивалот 2025... Со настапот на Кристијан Демјански и Ескејп бенд на главната сцена синоќа започна овогодишното 21. издание на Пиво фестивалот 2025. По настапот на Кристијан Демјански музички настапи на главната сцена имаа Наташа Малинкова, Антониа Гиговска и Битолскиот камерен оркестар кои настапи знаедно со Наде Талевска, Ристо Самарџиев и Андријана Јаневска. Христијан Тунески, портпарол на Општина Прилеп за медиумите изјави дека тие како општина и дел од организацијата се потрудиле програмата да биде богата, и да има за секој по нешто. „Вечерва започнува 21.   Издание на Пиво фестивалот. Добропознат фестивал, уживање за секој прилепчанец и секако атракција за секој прилепчанец. Оваа година се потрудивме програмата да биде богата, да има се сите вкусови, за секој човек да има музика и забава, многу пиво и секако добра прилепска сакара.“- вели Тунески Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп за медиумите вели дека Прил...

Општина Прилеп доби нови два проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура

Слика
Општина Прилеп доби финансиски средства за реализација на два нови проекти... Општина Прилеп доби средства за реализација на два нови проекти кои се одобрени од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, во рамки на програмата за реномиран регионален развој за 2025 година. „ Првиот проект „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ доби финансиска поддршка во износ од 2.500.000 денари преку Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој. Со овие средства ќе се набави нов мини багер, кој значително ќе придонесе кон поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени површини низ градот. Вториот проект „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули заради воспоставување стабилност на еколошките процеси и биолошката предeлска разновидност“ е поддржан со 2.000.000 денари преку Повикот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектот предвидува набавка на трактор со приколка и дополнителна опрема неопходна за успешно...

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Слика
Околу полноќ над улицата „Стеван Апостолоски“ во Прилеп се појавил хеликоптер, а околу еден часот по полноќ единиците за брзо распоредување-тигри... Во текот на вчерашниот ден во Прилеп се одвивала вистинска семејна драма. Вујко ги убил својот внук од сестра и неговиот син. Две лица татко и син се убиени синоќа на улицата „Стеван Апостолоски“ во Прилеп. Според информациите 63-годишен прилепчанец најпрво го лишил од живот својот 43-годишен внук, а потоа и неговиот 12-годишен син.   Настанот се случил околу   16 часот во Прилеп поради нерасчистени имотни работи, а откако ги убил внукот и синот на внукот 63-годишиот прилепчанец се самоубил. Имено, Стевчо Биноски, јавен обвинител од ОЈО Прилеп вели дека таткото и синот отишле во куќата на вујкото околу 16 часот и дека во куќата немало никој освен вујкото, а според Биноски   вујкото претходно му ја препишал куќата на внукот ,но што точно се случувало се до пристигнувањето на полицијата околу 22 часот не се знае. „Таткото...

Трамп во посета на Тексас по пожарите

Слика
Трамп во посета на Тексас... Доналд Трамп, американскиот претседател во посета на Тексас кој беше погоден од поплави. Иако Трамп претходно ветуваше дека ја укине федералната агенција за управување со вонредни состојби. Имено, при посетата на Трамп во Тексас тој користеше сочувствителен тон при што ги пофали спасувачките служби. Инаку, Трамп го одобри барањето на Тексас за прогласување на катастрофа, совен во Кер на уште осум окрузи, со што ќе може да се добие директна финансиса помош за закрепнување и обнова. #Свет

Во Македонија активни три пожари

Слика
Пет пожари се под контрола... Македонија и натаму останува под закана на пожарите, а пожарите во Дојран, Македонски Брод и Велес сеуште беснеат. Пет пожари се под контола меѓу кои под кнтрола се и пожарите во главниот македонски град, Скопје.  Од МВР велат дека последно од слобода е лишен 61 годишник од селото Огњанци, а од слобода е лишен поради тоа што бил фатен како пали сува трева и ѓубриште кај старата депонија.  Од Јавното обвинителство велат дека прибавена е цела документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за извршување службени разговори за да се види каков отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските мерки за работа.  Имено, Стојанче Ангелов, директор на ДЗС кај активните пожари најголем акцент е ставен на пожарот кај селото Николиќ во Општина Дојран. Инаку, на сила е забраната за движење во шума е активна, но во шума може да се движат само лица на кој им е издадена службена дозвола и тоа се' со цел навремено и брзо преве...

Водоводот на манстирот Трескавец вратен во функција. Манстирите во Селце и Лениште ќе добијат нови водоводи

Слика
Шест од пректите со кои Општина Прилеп аплицираше на јвниот повик од Владата се токму за нови водоводи... Водоводот на манастирот Трескавец кај Прилеп од пред две недели е повторно вратен во првобитна состојба. Водоводот во првобитната состојба е вратен благодарение на парични средства од Општина Прилеп, прилепскиот Водовод и една анонимна општествено одговорна компанија. Игор Гулабоски, директорот на ЈКП„Водовод и канлизација “-Прилеп вели дека резервоарите за вода кај манастирот се полни, а според Гулабоски нивниот проект е целосно завршен и сега останува на манастирот да го досреди внатрешниот дел и внатрешната инасталација на водоводот. „Резероварите повторно се полни, сега останува на манастирот внатрешниот дел да си го досредат. Од наша страна проектот е целосно завршен   и се’ што беше оштетно е вратено во првобитната состојба. Проектот кој го наследивме пред три и половина години е завршен , а од овој дел па натаму ние немаме ништо со тоа. Сега манастирот треба да си напра...

Од ЈКП„Водовод и канализација“-Прилеп со апел за порационално користење на водата

Слика
Денеска медиумска прес-конференција одржа Игор Гулабоски, директор на  ЈКП„Водовод и Канализација“ кој упати апел за порационално користење на водата... Енорнмно топлото време и високите температури кои во моментов го надминуваат 20-от стпен целзиусов ги донесе и проблемите на прилепчани со водоснабдувањето. Според Игор Гулабоски, директор на ЈКП„Водовод и канализација“ на Прилеп му се потребни 260 литри вода за нормално функционирање, а во изминативе неколку дена според Гулабоски прилепчани во попладневните часови кога е и најтопло трошеле и до 420 литри на вода во секунда.   Гулабоски упати апел до граѓаните за порационално трошење на водата, а за проблемот со водоснабдувањето во повисоките делови од градот го надминале со пренасочување на водата од ниска кон висока зона и обратно. „Ние од пред неколку денови работиме на тој проблем и истиот тој проблем во високите зони е веќе надминат. Направивме пренасочување на дел од водата од ниска спрема висока зона, но тоа не е’ д...

Францускиот ЕДФ ќе инвестира во безбедноста на 20 нуклеарни реактори

Слика
Францускиот ЕДФ ќе инвестира во безбедноста на нуклеарни реактори... Францускиот ЕДФ ќе инвестира околу 6 милијарди евра за безбедноста на 20 нуклеарни реактори.  Имено, регулаторот одобри ЕДФ да ги подобри безбедносните стандарди во реакторите од 1300mV, за истите да продолжат да работат по планираниот работен век од 40 години. #Свет

Грција со мерки за заштита од високите температури

Слика
Грција презема мерки за заштита од топлото време... Задолжителен прекин со работата во периодот меѓу 12 и 17 часот за работниците на технички и градежни проекти, на градилишта, бродоградилишта, како и на доставувачите со мотори или велосипеди воведе за денеска Министерството за труд на Грција, а се однесува на повеќе делови на земјата, со цел работниците да се заштитат од високите температури, јави дописничката на МИА од Атина. Извор:  МИА #Балкан

Нови цени на горивата од полноќ

Слика
Со новите цени бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи... Од Рехулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) излегоа со соопштение дека од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на горивата. Имено, со новите цени ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 76 денари за литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-E V) ќе се продава по цена од 70 денари за литар, а додека пак, екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 96,50 денари за литар и МАЗУТОТ М-1 НС од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена од 39,49 денари за килограм. #Економија

Македонската Влада ќе им го олеснува животот на семејствата на загинатите и повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Слика
Мицкоски најави дека Владата ќе им го олеснува животот на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани... Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска од владата за медиумите рече  дека тие како Влада ќе направеле се’ што е во нивна моќ за да им го олеснат животот на семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. „Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе направиме се’ што е во наша моќ, за да им го олесниме животот на тие семејства“ -изјави Мицкоски. Имено, Мицкоски изјавата ја даде по новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, а во барањето се бара институционална и финансиска поддршка. #Македонија