Постови

Приказују се постови за фебруар, 2025

Овластени украински министри ќе го потпишат договорот со Вашингтон

Слика
Укарина овласти министри за да го потпишат договорот со Украина... Украиснаката Влада денеска ги овласти министерот за економија и министерот за надворешни работи за да можат да го потишат договорот со Вашингтон кои е рамковен. Инаку, Вашингтонскиот рамковен договор има за цел есплоатација на минерални ресурси на територија на Украина. #Свет

Во Грција откриени и спасени 181 мигрант

Слика
Мигрантите се откриени во близина на грчкиот остров Гавдос... Во грчкиот морски дел во близина на островот Гавдос денеска биле откриени и спасени 181 мигрант. Инаку, мигрантите во мометот на спасувањето се превезувале со три чамци. Оваа информација ја јави дописничката за МИА од Атина. #Балкан

Во Кавадарци фатени крадци веднаш по извршување на тешка кражба

Слика
Крадците одзеле нафта и други предмети... Денеска во 00:30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода лицата со иницијали Т.Б и П.А двајцата на 27 годишна возраст и од Кавадарци. Т.Б и П.А од страна на полициските службеници од ОВР Кавадарци биле фатени веднаш по извршување на „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина, при што одзеле нафта и други предмети.  Имено, во возилото во кое тие се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица.  Од ОВР Кавадарци известуваат дека по целосно документирање на случајот против Т.Б и П.А ќе биде поднесена соодветна пријава. #Македонија

Привден криминалец во тетовско

Слика
Криминалецот е приведен за издржување на три годишна затворска казна... Вчера во 19:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово и од Полициската Станица од Гостивар го лишиле од слобода и привеле лицето со иницијали Х.В (35), по потекло од Кавадарци. Имено, Х.В бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во времетраење од три години и тоа за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по членот 215 од Кривичниот Законик и „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот Законик на Македонија. Во соопштението од МВР стои дека Х.В е спроведен во Казнено-Поправната Установа Затвор „Идризово“ за издржување на тригодишната казна затвор. #Македонија

Во тек исплата на образовниот додаток

Слика
Во тек е исплатата на образовниот додаток завтор мерен период во учебната 2024/2025 година... Од Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска соопштија дека во тек е исплатата на образованиот додаток за втор мерен период во учебната 2024/2025 година. #Македонија

Позната програмата за најновото издание на карневалот „Прочка“

Слика
Чествувањата за карневалот „Прочка’’ во Прилеп започнуваат в петок на 28.02.2025 година... Со изложбата на  рачно изработените маски што ќе биде отворена в петок напладне во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а на која ќе бидат прогласени најдобрите маски започнува најновото издание на Карневалот „Прочка“ во Прилеп. На 01.03.2025 година со почеток од 12:00 часот напладне на платото под прилепската градска саат кула по втор пат годинава ќе се одржи и презентира традиционалниот обичај „Амкање на јајце’’ кое е во организација на Пензионерското Здружение „Преродба“ , а на истата локација ќе има и забава со Robbie Ray Show. Во недела пак, за празникот Велики Поклади-Прочка ќе се одржи централната манифестација со карневласката поворка и самиот Карневал „Прочка“. Поворката ќе тргне точно напладне од пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, а истата ќе се движи по булеварот „Гоце Делчев’’ и ќе заврши на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ каде ќе биде поставена централната бина и ќе ...

Папата Франциск хоспитализиран поради пневмонија

Слика
Папата Франциск хоспитализиран поради пневмонија која што му е констатирана на двете белодробни крила. Папата останува на болничко лекување се до целосно оздравување, а од кабинетот на папата во Ватикан соопштија дека сите обврски кои ги имал тој за викнедов се откажани. #Свет

Новоназначениот сириски претседател се сретна со кинескиот амбасадор

Слика
Новиот сириски претседател се сретна со кинескиот амбасадор за прв пат по падот на Асад... Новоизбраниот претседател на Сирија, Ахмед Ал Шара, денеска се сретна со кинескиот амбасадор во Дамаск. Средбата помеѓу новиот сириски претседател и кинескиот амбасадор во Дамаск, доаѓа по соборувањето на сирискиот претседател Башар Ал Асад, во месец декември 2024 година, ова денеска го јавуваат сириските медиуми. #Свет

Асоцијацијата на земјоделци и фармери бара намалување на цената на лебот

Слика
Производителите на пченица бараат намалување на цената на лебот... Асоцијата на земјоделците и фармерите бара цената на основниот прехранбен производ-лебот да се намали на 20 денари. Со моменталната цена на пченицата која изнесува од 9 до 11 денари, пресметките покажуваат дека сегашната цена на лебот која изнесува од 30 до 35 денари е висока. За пекарниците и сите производители на леб, спрема трошоците моменталната цена на лебот е реална и прифатлива, а за брашното што го купуваат и со кое го прават лебот велат дека е мешавина од македонска и увезена пченица. Имено, производителите се согласуваат дека зголеменото производство на леб може да влијае врз пониската цена  на лебот, а од македонската асоцијација на земјоделците и фармери бара субвенции за производството на пченицата, и цената на  средствата за нејзина заштита да се намалат за 50% , зашто според ниц тие се меѓу најскапите на балканот. Инаку, потребите за пченица во Македонија се околу 360.000 тони, а нивното производ...

САД извршија пробно лансирање на балистичката ракета Minuteman III

Слика
Ракетата е интерконтинентална...      Соединетите Американски Држави (САД) денеска извршија пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III.      Ракетата била лансирана од базата „Ванденберг“ без боева глава, известија вселенските сили на САД. #Свет

Пензиите во Бугарија ќе се зголемат за 11 отсто

Слика
  Од 1 јули пензиите во Бугарија повисоки за 11 отсто...      Владата на Република Бугарија донесе одлука со која пензиите ќе се зголемат за 11 отсто. Одлуката за зголемувањето на бугарските пензии ќе стапи на сила од 1 јули годинава.     Деница Сачева од пратеничката група ГЕРБ на заедничкиот брифинг со претставници на бугарската влада вели дека потегот за зголемувањето на пензиите се презема согласно швајцарското правило за пензионери. „Овој потег се презема согласно швајцарското правило за сите пензионери“ -рече Сачева.     Сачева додаде и дека дефицитот од 3 насто ќе се задржи, а приоритет и понатаму ќе биде еврозоната.       Предлогот за зголемување на бугарските пензии беше на два начини и тоа од 1 јули зголемување на пензијата требаше да имаат оние пензионери кои земаат пониска пензија, а пензионерите со повисоки пензии зголемувањето требаше да го добијат кога ќе се надмине растот на инфлацијата. #Балкан

МВР: 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Слика
Од МВР соопштуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период...      Во текот на вчерашниот ден од 09:30 часот наутро па се до 18:30 часот навечер на територијата на град Скопје беше спроведна зајакната акциска сообраќајна контрола при што од страна на сообраќајната полиција израечени се 262 сообраќајни санкции.      Од санкциите 10 се за возење без возачка дозвола, три се за управување со нерегистрирано возило и непропуштање на пешаци на обележан пешачки премин, четири од санкциите за возачи почетници и 12 санкции се изречени за сообраќајни прекршоци што ги прават пешаците.      Од МВР и сообраќајната полиција известуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниве денови, а од таму излегоа со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на сообраќајната безбедност за сите, и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта. #Македонија

Претрес во затворот „Идризово“ пронајдена мархиуана

Слика
  При претрес во затворот „Идризово“-Скопје пронајдена марихуана и таблети...      Во текот на вчерашниот ден во 10:35часот во Казнаено-Поправната Установа Затвор „Идризово“-Скопје од страна на полициски службеници бил извршен претрес.      При претресот во КПУ Затвор „Идризово“-Скопје биле пронајдени марихуана и таблети.       Од МВР и од затворот информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. #Македонија

Граѓаните ги очекуваат пониските цени

Слика
Трговците се незадоволни од мерката за маржите...    Граѓаните ги очекуваат намалените цени на прехранбените производи откако Македонската Влада во текот на вчерашниот ден реши да ги ограничи „замрзнатите цени“ на некои од производите. Трговците, маркетите и колонијалните продавници производите кои се намалени треба да ги означат со етикетата „Помалку трошоци повеќе за тебе“ и најмалку да обезбедат 70% од количините кои ги имале во јануари.     Додека Владата прави нови обиди за да ги намали цените на прехранбените производи, дел од земјоделците стравуваат од несакани ефекти, а одлуката на 102 групи на производи предизвика лавина реакции кај трговците. Од Комората на трговците за големо и мало бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да се разгледаат последиците од овие мерки, а според комората пак, треба да се земат во предвид аргументираните предлози на комапниите од трговска дејност. „Бараме итна средб...

Пожар на кровна конструкција од куќа во Прилеп

Слика
Пожарот избувнал околу 16 часот... Околу 16 часот пожар избувнал на кровна конструкција од семејна куќа, лоцирана спроти прилепската Универзална сала и позади бурекчилницата „Весна“ во Прилеп. Пожарот бил пријавен во ТППЕ Прилеп, од каде е интервенирано за многу кратко време.  Кога пожарникарите пристиганеле на местото пламените јазици веќе ја имале зафатено целата кровна конструкција, а според Виктор Стојчески, заменик-командир на ТППЕ Прилеп еден пожарникар се здобил со лесни повреди.  Причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат, а екипи на ТППЕ Прилеп остануваат на терен. Инаку, во текот на денешниот ден пожар зафатил и целосно „пеплосал“ семеен дом во скопско Ново Село, а синоќа во 23:50 часот во ТППЕ Куманово било пријавено дека во центарот на Куманово има пожар во семеен дом. Пожарите се ставени под контрола и целосно изгаснати, а на терен остануваат пожарникари за во случај повтроно огнот да се разгори. #Локално

Владата со одлуки за ограничување на маржите и со цените на основните производи

Слика
Владата донесе одлуки за ограничување на маржите и цените на основните производи... Владата денеска донесе одлука за ограничување на брутопрофитната маржа за трговија со големо и мало. Мерката има цел да го заштити животниот стандард на граѓаните, и да ги намали трошоците за живот. Марјан Ристески, заменик министер за економија вели дека владата донела одлука со која ќе се ограничи маржата на 102 групи на производи, а истата според Ристески опфаќа над 1.000 производи, а ограничувањето се 5% брутопрофитна маржа за осум прехранбени производи како леб, млеко, брашно од тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, кисело млеко и јогурт., за 10%  брутопрофитна маржа се ограничува маржата на прехранбени производи, вклучувајќи ги месото и месните производи, шеќер, маргарин, млечни производи, кознервирано овошје и зеленчук, путер, тестенини, ориз и грав, а додека пак за 15% брутопрофитната маржа се менува на 39 производи и средства за хигиена како овошје, зеленчук, сапуни, купки, шампони, бе...

Штарјк на грчките новинари

Слика
Штрајкот на грчките новинари трае 24 часа... Од денеска од 5 часот наутро па се до утре изутрина новинарите во Грција се во штрајк за зголемување на нивните плати на 1.250 евра, а дополнителни барања за проценти на плата има за во викендите, за одење на терен надвор од градовите како и за оденње во воени зони. Денеска во Грција поради штрајкот на новинарите не се емитуваат вести и информативни емисии. Кон штрајкот се приклучија повеќе новинарски здруженија, а се приклучија приватни медиуми и државната грчка телевизија ЕРТ, ова го јавува дописничктата на МИА од Атина. #Балкан

Марко Рубио и Сергеј Лавров се договорија за назначување на тимови на високо ниво

Слика
Марко Рубио и Сергеј Лавров се договорија да назначат тимови на високо ниво... Американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска на средбата која ја одржаа во Ријад се договорија да назначат тимови со високо ниво  кој ќе почнат да работат за брзо решавање на руско-украинскиот конфликт од 28 февруари 2021 година, ова го соопштуваат од Стејт департментот. #Свет

Ученици од фармацевтската струка од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп на 1 март ќе мерат крвен притисок и ниво на шеќер во крвта

Слика
Настанот е на платото кај градскиот саат... По повод денот на жената 8 март ученици од здравственатата струка и секторот фарацевтски техничар организираат фармацевтски настан во центарот на Прилеп. Младите фармецевти од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп на 1 март од 10:30 часот наутро до 13:00 часот попладне на платото кај прилепската градска саат кула ќе мерат крвен притисок и ниво на шеќер во крвта, а во соработка со аптека „Зегин“ ќе мерат и витаминско-минерален статус во организмот. Целиот настан ќе биде пропратен со убава музичка атмосфера за која ќе се погрижат од музичкиот бенд „The Doctors“, а со нив настап ќе имаат и многу музички гости. Оргаизаторите односно младите фармацевти ве покануваат на настанот! #Локално

Анкета на ИНФО-ПРИЛЕП! Дали треба да се издаваат возачки дозволи на малолетни лица?

Слика
После сите настани со сообраќајните несреќи во кои животот го загуби Фросина Кулакова, а викендов двајца тинејцери се здобиј а со тешки телесни повреди Инфо-Прилеп на својот фејзбук профил постави анкета со прашање „Дали треба да се издаваат возачки дозволи на малолетни лица?’. Резултатите можете да ги следите на фејзбук профилот од ИНФО-ПРИЛЕП , а во понеделник тие ќе бидат објавени како информација на порталот.  За да го дадете вашиот глас притиснете на следниов линк со наслов   АНКЕТА . #Анкета

Во Пакистан загинаа две лица во напад на милитанти

Слика
Во напад на милитанти загинаа две лица во северозападен Пакистан... Во пределот на северозападен Пакистан милитанти денеска во вооружен од заседа напад убија возач и воен службеник. Нападот се случил на конвој-камиони кои превезувале храна, вода, лекови и други средства кои се неопходни за живот за илјадници жители кои биле заробени од „секташкото насилство“ кое што владее во Пкистан, соопштија пакистанските власти. Според властите на Пакистан, пак, се преземаат мерки за расчистување на овој случај и пронаоѓање на напаѓачите. #Свет

Во среда и четврток повеќе села во Општина Прилеп ќе бидат без електрична енергија

Слика
Од ЦУК известуваат дека... Од Електродистрибуција известуваат дека нивни екипи ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа во Општина Прилеп, а по тој повод на 19.2.2025 година (среда) во терминот од 09:30 часот наутро до 15:00 часот попладне без напојување со електрична енергија ќе бидат селата Марул, Клепач, Канатларци, Ерековци, Лопатица, Подмол и Бонче. Од Електродистрибуција исто така информираат дека на 20.2.2025 година (четврток) без електроична енергија во терминот од 09:00 часот наутро до 15:00 часот попладне ќе бидат селата Никодин, Ракле, Топлица и Топлица , асвалтна база, а во четврток во терминот од 10:00 часот наутро до 15:00 часот попладне без напојување со електрична енергија ќе бидат селата Марул, Канатларци, Ерековци, Лопатица и Бонче. #Сервисни информации

Нетанјаху го поддржува планот на Трамп за создавање на поинаква Газа

Слика
Нетанјаху со поддршка за планот на Трамп за создавање на поинаква Газа... Премиерот на Израел, Бењамин Нетанјаху денеска во своето обраќање уште еднаш ја отфли опцијата да палестинските власти ја преземат контролата врз појасот Газа во Израел.  Во обраќањето Нетанјаху рече дека го поддржува планот на претседателот на САД, Доналд Трамп за создавање на поинаква Газа. „Го поддржиувам планот на Трамп за создавање на поинаква Газа“ -рече Нетанјаху, а пренесе ДПА. #Свет

Владата ќе дискутира за предлозите и ќе разгледува дополнителни можности

Слика
Владата ќе дискутира за предлозите и ќе разгледува дополнителни можности... Владата на Република Северна Македонија во текот на утрешниот ден ќе ги дискутира предлозите од страна на трговците, а исто така ќе разгледува дополнителни можности. Имено, после тоа таа ќе заземе страна за тоа какви мерки ќе се преземат за ограничување на цените на одредени групи на прехранбени производи кои што можат да се најдат и кои спаѓаат во малопродажба. #Македонија

Општина Прилеп го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за граѓаните од Општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертер

Слика
Општина Прилеп со јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на грејни тела со инвертер... Врз основа на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2025 година број 09-3998/9 од 26.12.2024 година(Службен гласник на Општина Прилеп бр 18 од 26.12.2024), а согласно Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер  број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3 од 15.03.2021 година),  Правилник за измена и дополнување на Правилник за користење на финансиски средства од буџетот на општина прилеп за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина прилеп за набавка на грејни тела со инвертер број 09-571/6 од 12.02.2025 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.2 од 12.02.2025 година) и Одлуката з...

Во напад со руски дрон оштетена нуклеарната централа Чернобил

Слика
Нуклеарната централа Чернобил во украинскиот град Припјат синоќа беше оштетена во напад со руски ракетен дрон... Во синоќешниот напад на Русија со дрон врз Украина беше оштетена куполата од експлодираниот реактор на нуклеарната централа Чернобил која е во близина на украинскиот сега веќе напуштен град Припјат. По нападот во централата настанал пожар, но истиот бил брзо изгаснат и ставен под контрола од страна на службите за итни случаи во Украјна.  Имено, прелиминарните проценки покажуват дека нивото на радијацијата засега е стабилно, но континуирано ќе се следи ситуацијата за да се спречат понатамошни оштетувања и опасности од радијацијата. Инаку, според властите од Украјна синоќешниот напад е сериозна закана за ескалација на војната како и значителен ризик за глобалната безбедност. #Свет

Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите во маректите

Слика
Од Маркетите велат дека таквата мерка може да придонесе само за отпуштање на вработените... Владата во текот на вчерашниот ден не ја донесе одлуката за ограничувањето на маржите за прехранбените производи, која требаше да важи до 30 април и требаше да опфати околу 100 групи на производи откако Стопанската комора на трговци на големо и мало  вчера побара средба во врска со одлуката за ограничување на маржите.  Имено, на вчерашната седница требаше да биде разгледана предлог одлуката која беше подготвена од страна на Министерството за економија. #Македонија

Претставници од белгиско училиште во посета на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп (фото)

Слика
Претставници од училиште во Белгија во посета на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп... Претставници од белгиско училиште Еразмус-партнер училиште на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп деновиве беа во посета на Прилеп. Претставниците од училиштето го посетија и прилепското СОУ„Ѓорче Петров“. Имено, две професорки и тринаесет ученици од белгиското училиште беа пречекани од страна на директорката на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Жанета Видевска. Координатор на проектот е професорката Биљана Тошеска, а на истот проект се разменија многу мислења, идеи и ставови. Учениците и професорките од училиштето во Белгија, присуствуваа и на неколку часови во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, а истите беа во посета и на други училишта во Прилеп. При посетата претставниците од белгиското училиште за СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп донираа материјали за практична работа на текстилно-кожарската струка во училиштето, а како спомен од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп тие добија беџови изработени од филц со логото од училиштето. Беџовите беа изарботени о...

Драмската Секција „Слободно Театарче“ со награда од манифестацијата „13 Величествени“

Слика
Манифесатцијата е организирана од страна на Радио Пела... Драмската Секција „Слободно Театарче“ која повеќе години работи во склоп на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп синоќа беше номинирана со награда од манифестацијата  „13 Величествени“ која е во организација на Радио Пела, а е по повод осум годишнината од постоењето на радиото и светскиот ден на радиото кој е прогалсен во 2013 година од страна на Обединетите Нации. Драмската секција работи под менсторство на професорката Биљана Тинтоска која што е професор по македонски јазик и литература во училиштето. Членовите на секцијата, менторката Тинтоска и директорката на училиштето Жанета Видевска се заблагодаруваат на вниманието и за наградата, а исто така ветуваат многу заложби за училиштето, за градот Прилеп и за верната публика на Драмската Секција „Слободно Театарче“. Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на членовите и менторката од Драмската Секција „Слободно Театарче“ им посакува успеси и многу остварени желби. #Локално

По трет пат манифестацијата „13 Величествени“ во организација на Радио Пела

Слика
Радио Пела по трет пат ја организираше манифестацијата „13 Величествени“... Фотографија-Радио Пела По повод светскиот ден на радиото 13 февруари, а и по повод осум годишнината од постоењето на Радио Пела, синоќа беше по трет пат организирана манифестацијата „13 Величествени“.  Манифестацијата е во организација на Радио Пела, а истата се одржа во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Признанија од оваа манифесатција добија повеќе успешни компании, 13 прилепчани и 5 мина млади луѓе кој со нивната работа, придонес и ангажман оставиле убав и голем медиумски в печаток. Елизабета Филипоска од Радио Пела вели дека манифестацијата ја организираат по трет пат, а поводот е од Радио Пела да му дадат значењето на луѓето од Прилеп за нивниот придонес за 2024 година. Според Филипоска тие избираат 13 луѓе кои направиле нешто за општеството и оставиле белег, а начинот на изборот е според она што го објавувале медиумите, а кога медиумите го забележуваат тоа навистина треба да се даде внимание на ...

Приведени двајца жители од село Дебреште

Слика
Од МВР известуваат дека... Од Министерството за Внатрешни Работи,Секторот за Внатрешни Работи Битола, и Одделение за Внатрешни Работи Прилеп известуваат дека денеска 12.2.2025 година во прилепското дело Дебреште, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода лицата со иницијали Р.Ј (18) и Е.Ш(18) и двајцата жители на прилепско Дебреште. Имено, од страна на полициските службеници во патничко возило, автомобил „фолксваген голф“ кои бил со велешки регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана. Возилото во моментот било управувано од Р.Ј, а сопственоста на возилото е на Е.Ш. Од ОВР Прилеп информираат дека по целосно документирање на случајот против Р.Ј и Е.Ш ќе следува соодветен поднесок. #Локално

Општина Прилеп ја одржа 56-тата седница на советот

Слика
Општина Прилеп денеска ја одржа 56-тата седница на советот на Општина Прилеп... Советниците од Општина Прилеп денеска ја одржаа 56-тата седница на советот во Општина Прилеп. На седницата имаше повеќе точки на дневен ред како и прдлози за меѓуопштинска соработка со повеќе македонски општини. Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година, предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп, за 2025 година и предлог-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп, за четврт квартал, беа првите точки на дневен ред, за кои дискутираа советниците и ги изгласаа со мнозинство гласови, како и дополнителната точка Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година. Советниците дадоа согласност на одлуката за определување на максимален износ од 10.000 денари за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Опш...

Кражба на новиот водовод од манастирот „Трескавец“ кај Прилеп

Слика
Пуштањето на новиот водовод одложено за во месец март годинава... Од старана на непознати сторители на манастирскиот комплекс „Трескавец“ во близина на Прилеп била направена кражба на каблите и на електрониката кои се дел од новиот водовод за манастирскиот комплекс „Трескавец“ во Прилеп. Поради кражбата пуштањето на водоводот се одложи и со тоа е оневозможено да се користат манастирските конаци за посетители и да се направи технички прием, бидејќи за истите мора да има вода. Кражбата е во висина од околу 10.000 евра. Водоводот бил изгарден со 70% од средставата одобрени од ТАВ програмата, а 30% за изградбата на водоводот кофинансирала и Општина Прилеп. Директорот на ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп Игор Гулабоски, вели дека водоводот треба да се обнови и во функција да се стави во месец март годинава, а според Гулабоски водоводот претходно бил ставен во функција но се чекале денови за резервоарите да се наполнат со вода. „Украдени се кабли и дел од електрониката која сега во месец ма...

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Слика
За околу три недели се очекува во функција да биде ставена новата катна гаража позади пицерија „Леоне“ во Прилеп... Новата монтажна катна гаража која што се гради во центарот на Прилеп, а нејзината локација е позади познатата прилепска пицерија „Леоне“, требаше во употреба да биде ставена уште во месец декември минатата година, но до ден денес истата сеуште не е ставена во употреба. Прилепскиот градончалник Борче Јовчески вели дека катната гаража се очекува за употреба да биде пуштена за три недели, а според Јовчески изведувачот ќе сноси одговорност во облик на пенали за секое надминување на рокот. „Спрема изведувачот се’ преземени сите законски мерки, а тоа значи дека за секое надминување на рокот ќе се пристапува со плаќање на пенали, со пресметување на секојдневни казнени мерки. Имавме состанок каде бевме запознаени со изведувачот, а тој ветува дека за три недели катната гаража ќе биде готова и ќе биде ставена во употреба“ -вели Јовчески. Јовчески во изјавата додава и дека за еден м...

Во областа Курск заробени 909 руски војници

Слика
Во пограничната област Курск заробени повеќе од 900 руски војници... Украинската војска денеска соопшти дека во пограничната област Курск заробила 909 руски војници. Војниците според украинската војска биле заробени од почетокот на украинската операција во украинската погранична област Курск. Операцијата на Украина на пограничната област Курск започна пред шест месеци. #Свет