Постови

Приказују се постови за октобар, 2024

Хуманитарна трка „Трчаме 5-ка за Никодим“ ќе се одржи во Прилеп

Слика
Трка „Трчаме 5-ка за Никодим“ во Прилеп...    Во Прилеп ќе се одржи трка под слоганот „Трчаме 5-ка за Никодим’’. Трката има хумнитаерн караткер и истата е закажана за 2.11.2024 година (сабота) со почеток од 19 часот. Трката е дел од овогодишните настани кој оваа година ќе ги реализира Општина Прилеп по повод денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти ноември.    Патеката на тркатае веќе позната и истата е по следниот редослед. Старт пред реклами, продолжува по булеварот „Гоце Делчев“ до кружниот тек кај хотел „Липа“, потоа се врти лево кон и по улица „Димо Нредникот’’ потоа се врти лево до улица „Кеј 9-ти Септември“, по оваа улица се трча до мостот „Табана“. потоа се врти лево и со трчање се продолжува до кружниот тек „Карпалак“ (кружен тек кај тринаесеткатницата)  и повторно се продолжува до булеварот „Гоце Делчев“ до финишот. Имено, должината на патеката е 2,5 километри и истата ќе се трча во два круга, а котизацијата за трката изнесува 200 денари. #Локално

Според УХМР можен е краткотраен дожд за време на викендот

Слика
Според податоците од УХМР... Според податоците од УХМР денеска имаме сончево со мала до умерена облачност време. Во планинските региони има зголемена облачност и појава на слаб повремен дожд. Дува слаб до умерен ветерб од северен правец. Дневниот температурен максимум се движи во интервал од најниски 0 до највисоки 24 степени целзиусови. Што се однесува до временските параметри тие се следни: Притисокот на воздухот е 987 хектопаксали, релативната влажност на воздухот изнесува 48%, а додека пак средната брзина на дување на ветрот е 3m/s. Според податоците кои се издадени од УХМР во текот на утрешниот ден (четврток) не очекува наутро по одделни котлини ќе има услови за магла или пак за ниска облачност. Преку денот не очекува сончево со мала до умерена локална облачност време. Исто така ќе дува слаб до умерен ветер кој што на места, а долж Повардарието ќе биде повреемо засилен и ќе биде од северен правец.  Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски 0 до највисоки...

По две години стартува изградбата на делницата Гостивар-Букојчани

Слика
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ по две години ја стартува изградбата на делницата Гостивар-Букојчани... Од денес американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ја започа изградбата на делницита Гостивар-Букојчани-Кичево, а како што велат од конзорциумот тоа е натешката градежна траса од познатиот коридор 8. Како што велат од таму со изградбата на оваа делница од Скопје до Охрид ќе се патува за околу час и половина. Имено, македонскиот премиер Христијан Мицкоски со повеќе владини претсавници, со министерот за транспорт и врски Александар Николоски, со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски  и со амбасадорката на САД, Анџела Агелер извршија увид на градежните активности за изградбата на оваа сообраќајна делница од коридорот 8.  Македонскиот министер за транспорт и врски за медиумите изјави дека решиле да работат, дека не барале изговори и упати благодарност до сите кои биле засегнати со овој проект, а додека пак директорот на Јавното претпријатие з...

Нова повисока цена на дел од горивата од полноќ

Слика
РКЕ донесе одлука за зголемување на цената на горивата од полноќ... Регулаторната Комисија за Енергетика денеска донесе одлука со која што се врши зголемување на цените на нафтените деривати.  Цените на безините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува и останува иста односно бензините ќе се продаваат по 77 и 79 денари за литар. Имено, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е В) се зголемува за 0,50 денари за литар и истата од полноќ ќе се продава по 69 денари за литар. Со денешната одлука на РКЕ се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство и тоа за 1 денар за литар  и од ноќеска на полноќ истото ќе се продава по 69 денари за литар, а додека пак цената на МАЗУТОТ М1-НС не се менува и истиот ќе се продава по цена од 42,6 денари за килограм. #Економија

ЕКСКЛУЗИВНО: Аца Лукас со голем концерт во Скопје

Слика
Инфо-Прилеп прв дознава. Аца Лукас со голем концерт во Скопје... Еден од најбарните, а ако не и најдобри машки вокалина балканот, Аца Лукас ќе има голем концерт во Скопје. Имено, концертот е резервиран за 25.12.2024 година и истиот Лукас ќе го одржи во арената  „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на  mktickets.mk . #Естрада

Утре е Петковден, обичај за овој празник е петтолебието

Слика
Утре е еден од најпразнуваните празници во Македонија, Петковден... Утре е празникот посветен на светицата Параскева или попозната како света Петка. Петковден е прв празник за домашна слава, а еден од обичаите за Петковден е „петтолебието“. Петтолебие е кога во црква се носат пет лепчиња, во спомен на настанот од библијата каде што Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Петте лепчиња се осветуваат при што една се дава на верникот, а другите четири лепчиња остануваат во црквата.  Света Петка потекнува од градот  Епиват , кој се наоѓал меѓу  Силинаврија  и  Цариград . Таа е родена кон крајот на  10 век , во петок, денот кога  Евреите  се подготвуваат за празнување на празникот  Сабат . Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати  христијани  од  словенско  потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитс...

Ноќва започнува зимското сметање на времето

Слика
Ноќва во 3 часот стрелките се поместуваат еден час наназад и ќе биде 2 часот... Ноќва започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот од ноќва се враќаат за еден час наназад, што значи дека стрелките во 3 часот ќе се вратат за еден час нанзад и ќе биде 2 часот. Имено, зимското сметање на времето секогаш започнува на последниот викенд од месец октомври  и трае се до последниот викенд од месец март идната година.  Сезонското менување на времето освен во Европа се користи и во САД, Канада, во повеќе земји на Централна Америка и во многу други земји од светот.  Сезонското менување на времето не се применува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, Израел и во многу други земји од африканскиот континент. Инаку, сезонското менување на времето е се со цел максимално да се искористи дневната светлина во зима кога денот всушност е најкраток. #Магазин

Тестираната посетителка на скопската зоолошка градина е негативна на птичји грип

Слика
Посетителката на скопската зоолошка градина е негативна... Со упат од матичен лекар посетителка на скопската зоолошка градина во текот на вчерашниот ден побарала да биде тестирана за птичји грип кој пред четири дена беше детектиран во скопската зоолошка градина.  Посетителката за птичји грип беше тестирана во Институтот за јавно здравје во Скопје, а резултатите од нејзиното тестирање се негативни, што значи дека посетителката не е заразена со птичјиот грип. Имено, директорката на институтот Марија Андоновска вели дека вознемиреноста и побарувањата за тестирање од страна на луѓето кога е во прашање птичјиот грип е сосема нормална, но таа очекува резултатите од оние кои ќе бидат тестирани да се негативни.  Инаку, епидемиолозите смируваат да не се шири паника меѓу луѓето бидејќи, како што велат тие ризикот од пренесување на птичјиот грип од животно на човек е скоро невозможно. Тие исто така апелираат граѓаните да вршат добра термичка обработка на храната, а посебно на месото особ...

Известување од црковните храмови во Прилеп со распоред за прережување на лепчињата по повод претстојната слава Петковден

Слика
Лепчињата ќе се прережуваат во црковните храмови низ целиот град... По повод претстојната слава Петковден која што годинава е на 26 и 27.10.2024 година (сабота и недела) од црковните храмови излегоа со соопштение во кое што се наведени термините за прережување (кревање) на лепчињата.  На 26.10.2024 година (сабота) лепчињата во црковниот храм св.Благовештение (стара црква) ќе се прережуваат од 07:00 до 17:00 часот, во храмот св.Преображение лепчињата ќе се прережуваат од 15:30 до 17:00 часот, во храмот св.Пантелејмон (болница) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 до 13:00 часот и во црквата св.Константин и Елена (типски) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 до 13:00 часот, а на 27.10.2024 година (недела) лепчињата во храмот св.Благовештение ќе се прережуваат веднаш по завршувањето на утринската богослужба, се вели во соопштението од црковниот храм св.Благовештение. Инаку, со соопштение за прережување на лепчињата за претстојната слава Петковден излегоа и од црковниот храм св.Кирил и...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова со честитка за денот на македонската револуционерна борба

Слика
Гордана Сиљановска-Давкова излезе со честитка за денот на македонската револуционерна борба... Денес се слави денот на македонската револуционерна борба 23 октомври. По повод денешниот празник на социјалната мрежа фејзбук со честитка излезе претседателката на републикава Гордана Сиљановска-Давкова. Имено, Давкова во честитката вели со прославувањето на денешниот празник да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои како и да се почитуваме еден со друг бидејќи, без тоа почитување ќе немаме држава. „ Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Прославувајќи го денешниот празник да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. “ -вели претседателката на Македон...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески со честитка за денот на македонската револуционерна борба

Слика
Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп излезе со честитка по повод 23 октомври... Денес 23 октомври се одбележува денот на македонската револуционерна борба. По тој повод делегација од Општина Прилеп предводена од прилепскиот градоначалник Борче Јовчески положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на патриотите од тоа време. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, во својата честитка на социјалната мрежа фејзбук вели дека пред точно 131 година на денешен ден во Солун, шестмина македонски патриоти ја поставија основата на Организацијата која ќе ја предводи македонската борба за автономија и државност.  „ Честит 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, денот кога започна патот кон слободата и независноста на Република Македонија! Пред 131 година, на овој ден во Солун, шестмина македонски патриоти – Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ја поставија основата на Организацијата која ќе ја предво...

СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп со честитка за денот на македонската револуционерна борба

Слика
Празнични честитки... Македонските револуционери се гордост и пример за нас, за она што сме денес ние им го должиме на нив револуционерите. Затоа денеска се одбележува 23 октомври, ден на македонската револуционерна борба. Традицијата за сите празници треба да ја негуваме и да ја чуваме, а додека пак датумите кој се темели на македонската историја секогаш треба да ги почитуваме. Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври на своите ученици, родители, соработници и деловни партнери им го честитаат од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп од каде што посакуваат здравје, среќа, љубов, мир и убави мигови со вашите сакани и со вашите семејства. #Празнични честитки

Радио Телевизиски Сервис „Панасоник“ ви го честита денот на македонската револуционерна борба

Слика
Празнични честитки... Денот на македонската револуционерна борба е ден на револуциоерната идеја која што водела низ многу битки во кои што многуиме ги загубиле своите животи жртвувајќи се за  татковината. Тоа е така затоа што тие знаеле дека револуцијата е раскрсница меѓу иднината и меѓу минатото. 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба ви го честитаат од Радио Телевизиски Сервис „Панасоник“ со локација на улица „Ристо Секирчанец’’ број 25 во Прилеп и ви посакуваат здравје, среќа, мир и многу убави моменти со вашите најблиски. #Празнични честитки

Порталот ИНФО-ПРИЛЕП со честитка за 23 октомври

Слика
Празнични честитки... Денот на македонската револуционерна борба 23 октомври е голем празник од национални размери. Тој е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел е да го обедини македонскиот народ и да ја исполна желбата која со векови стои недопрена,а тоа е обединување на целиот македонски народ. Традицијата секогаш треба да се негува и чува, а датумите кој се темели на историјата на еден народ секогаш треба да се почитуваат. 23 октомври, ден на македонската револуционерна борба ви го честита порталот ИНФО-ПРИЛЕП и ви посакува здравје, среќа, хармонија и убави моменти со вашите семејства. #Празнична честитка

Младинската Невладина Организација и Здружение за Развој и Едукација на Деца ADEY со честитка за денот на македонската револуционерна борба

Слика
Празнични честитки... Денес се слави основањето на Македонската револуционерна организација кој што всушност е првиот чекор во создавањето на македонската држава. Денешниот ден на македонската револуционерна борба, 23 октомври го симболизира почетокот како и континуитетот на македонската борба за независност. Денот на Македонската револуционерна борба 23 октомври ви го честитаат од Младинската Невладина Организација и Здружение за Развој и Едукација на деца ADEY од каде ви посакуваат убав празничен ден и убави мигови со вашите сакани. #Празнични честитки

Утре 23 октомври, ден на македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани

Слика
Утре е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија... Министерството за труд и социјална политика извести дека според законот за неработни денови на Република Македонија утре 23.10.2024 година, ден на македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република македонија. Дежурната екипа на порталот ИНФО-ПРИЛЕП ви го честита денот на македоснаката револуционерна борба 23 октомври и ви посакува здравје, среќа и убави моменти со вашите најмили. #Македонија

По неделен возен ред утре ќе сообраќа јавниот градски превоз во Скопје

Слика
Утре јавниот градскиот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред... Поради утрешниот државен празник-денот на македонската револуционерна борба, автобусите од скопскиот  јавниот градски превоз ќе сообраќаат (возат) по вонредна неделна линија, велат од ЈСП Скопје. Имено, од ЈСП додаваат дека билетарниците и центрите за персонализација  ќе бидат дежурни и ќе работат од 08:00 до 14:00 часот, а истите се со локација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и на Зелен Пазар. Инаку, скопската жичара на Водно ќе функционира вообичаено со работно време од 10:00 до 18:00 часот, што значи дека од 17:00 до 17:30 часот е последното вознење од долу до врвот, а во 17:45 часот е последното возење од врвот до долу. #Македонија

На 25 и 26 октомври во Штип ќе се одржи престижниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“

Слика
„Макфест“ годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври... На 25 и 26.10.2024 (петок и сабота) во Домот за Култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи 39-то издание на еден од најпознатите и најпрестижните македонски фестивали на забавна музика „Макфест“. Новост на фестивалот е што годинава изведувачите ќе бидат придружувани со музички оркестар и истите своите музички композиции ќе ги изведуваат во живо пред публиката во салата од ДК„Ацо Шопов“-Штип. Директорот на фестивалот, Роберт Саздов вели дека годинава има рекорден број на пријавени песни на фестивалот. „Претпоставувам дека го направивме вистинскиот избор на песни. Годинава имавме рекорден број на пријавени песни на фестивалот. Преклани кога почнавме со оваа постава имаше помалку од 15 песни пријавени на конкурсот, а лани имавме 56, а оваа година имаме 76 песни. Интересот кај естрадата и кај македонската јавност е се поголем“ -изјави за медиумите директорот на фетивалот, Роберт Саздов. Имено, вкупниот буџет за реализација на овогодишното ...

Приведен бегалец од затвор Идризово

Слика
Лицето било осудено на осум години затворска казна... Полициски службеници од СВР Тетово денеска го привеле лицето со иницијали А.Б (41) од Тетово кој избегал од КПУ Затвор „Идризово“. А.Б бил баран со потерница која што била заснована врз база на судска наредба  поради  бегство од КПУ Затвор „Идризово“-Скопје, каде што имал за доиздржување на една година и шест месеци од неговата казна затвор. Имено, А.Д од Тетово бил осуден на соум годишна казна затвор поради сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик. Од МВР соопштуваат дека лицето А.Б е спроведено во КПУ„Идризово“-Скопје за доиздржување на неговата затворска казна. #Македонија

Посетителка на скопската зоолошка градина побарала да биде тестирана за птичји грип

Слика
Посетителка на зоолошката градина во Скопје побарала да биде тестирана за птичји грип... Посетителка на Зоолошката градина во Скопје со упат од матичен лекар побарала да биде тестирана за птичји грип во Институтот за јавно здравје. Директорката на институтот, Марија Андоновска за медиумите вели дека очекувано е луѓето да бидат вознемирени и да побараат да бидат тестирани против птичјиот грип, но таа сепак кај граѓаните кои ќе бидат тестирани за птичјиот грип очекува негативни резултати.  Епидемиолозите пак смируваат да не се шири паника и страв меѓу граѓаните, а како што тие велат ризикот од пренесување на птичјиот грип од животно на човек е минимален и скоро невозможен.  Имено, вратите на скопската зоолошка се под клуч веќе четврти ден, а пред нив има само табла која што сведочи за затворањето на една од најпосетуваните „забавни“ институции во земјава.  Јаким Неделков, претседателот на СОНК пак вели дека вработените во зоолошкта градина во Скопје поради политички пресмет...

Изложба „Нова димензија во создавањето2-Портрети“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
„Нова димензија во создавањето 2-Портрети“ од Александра Димитрова ќе биде отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... „Нова димензија во создавањето 2-Портрети“ изложба на уметничката Алексндра Димитрова ќе биде отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Отворањето на изложбата е закажано за на 25.10.2024 година (петок) со почеток од 18:30 часот и истото ќе се случи во ликовната галерија. Синиша Новески за делата на уметничката Димитрова вели дека самиот чин на создавање на едно уметничко дело е во трансформирањето и создавањето на нова метафизичка димензија, чиј што краен резултат е уметничко дело кое што е поразлично од реалноста. „Самиот чин на создавање уметничко дело е трансформирање и создавање нова метафизичка димензија, чиј краен резултат е дело кое е поразлично од реалноста. Затоа сликите на Александра Димитрова, и покрај тоа што мотивите се пејзажот и портретот, се оригинални и претставуваат нејзино индивидуално гледање и креирање на овие мотиви. Во нејзините слики се чувствува...

На 24 и 25 октомври театарската претстава „Хамлет“ ќе се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Слика
Претставата „Хамлет’’ ќе се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“... Театарската претстава „Хамлет“ во режија и адаптација на Бранко Брезовец ќе се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“ на 24 и 25.10.2024 година (четврток и петок) со почеток од 20:00 часот. Оваа претстава е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир и, со користење на драмите „Во малиот дворец’’ од Станислав Игнациј и драмата „Чест“ од Васил Иљоски.  Во претставата ќе играат глумците Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноски, Марија Спиркоска-Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански, Виолета Чакарова и Ана Митоска.  Влезници за тетарската претстава „Хамлет“ може да се набават на телефонскиот број 076/442-378 #Култура

Од полноќ поевтинуваат горивата

Слика
Поевтинуваат горивата од полноќ... Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која што цените на горивата од полноќ ќе се намалат. Според РКЕ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1 денар за литар и истиот ќе се продава по цена од 77 денари, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛОТ од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство се намалува за 2,5 денари и истото ќе се продава по цена од 68 денари за литар, а додека пак МАЗУТОТ М1-НС од полноќ ќе се продава по цена од 42,6 денари за килограм, известуваат од РКЕ. #Екоомија

На 10 ноември концерт „Македонија ќе пее за Куманово“ по повод ослободувањето на Куманово

Слика
Концерт„Македонија ќе пее со Куманово“ ќе се случи на градкиот плоштад во Куманово... Од кумановската Фондација за култура и спорт-Куманово известуваат дека на 10.11.2024 година,  ќе се одржи концерт, а концертот е по повод денот на ослободувањето на Куманово. Од фондацијата велат дека станува збор за сосема нов концепт и концерет каков што досега Македонија не видела. „ Со задоволство ви ја претставуваме богатата музичка програма во однос на мега концертот кој ќе се случи во очи празникот “11 Ноември”. Станува збор за сосема нов концепт и концерт каков што никогаш претходно се нема случено во Македонија. Со оглед на тоа дека ангажиравме 20 изведувачи за сите генерации и од сите жанрови на музика, концертот ќе биде поделен во четири етапи. Блок на локални уметници, блок на фолк изведувачи, блок на поп-рок изведувачи и блок на рап-трап изведувачи.“ -велат од Фондацијата за култура и спорт-Куманово. Имено, водител на концертот е Стефан Лазаров, а од фондацијата додаваат дека се надев...

„Прилеп Фолк Фест“ по деветти пат во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Прилепски „Фолк Фест“ по деветти пат ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Добропознатиот прилепски фестивал на народни фолк рефрени „Фолк Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат. Терминот за одржувањето на истиот е на 1.11.2024 година (петок) со почеток од 19:30 часот и истиот ќе се одржува во големата сала при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. На овогодишното издание на прилепски „Фолк Фест 2024“ ќе настапат Наум Петрески и Зуица Лазова, а со  нив на сцената ќе настапи и нивниот син Стефан, потоа свој настап на фестивалот ќе имаат Анета Љумаковска, Перо Христов, Спасен Сиљаноски, Елена Велеска, Татјана Стефановска, Елена Велеска, Чеде Спасиќ, Дамјан Димевски, Адријана Ацеска-Кеш, Стојне Николова, Бојан Палиќ, Ташко Каранфиловски, Лилија Семкова, Сања Цинцева, Суад Усеин-Цуле, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна. Имено, фестивалот на фолк рефрени „Прилеп Фолк Фест“ годинава ќе се одржи по деветти пат, а покровител на истиот е Општина Прилеп. Генерален спонзор н...

Утре без струја ќе бидат повеќе улици и села во Општина Прилеп

Слика
Од ЦУК известуваат дека... Екипи на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивнита мрежа. Од Елктродистрибуција велат дека во текот на утрешниот ден (22.10.2024 година) во периодот од 08:30часот па се до 15:00 часот без напојување со струја ќе бидат улиците Велешка, Дабнички Завој, Ѓорѓи Абаџиев, Кобаш, Васил Главинов, Богомила, Сремски Фронт и улица Дојранска. Од Елетродистрибуција известуваат дека во текот на утрешниот ден во периодот од 09:30 часот па се до 13:30 часот без струја ќе бидат селата Тополчани, Ивањевци, Ношпал, Добрушево, Трновци, Тројкрсти, Канатларци, Алинци, Ерековци, Шелеверци, Лопатица, Чепигово, Мало Рувци, Загорани и Веселчени. Имено, од Електродистрибуција излегоа со уште едно известување, а тоа е дека во текот на утрешниот ден во периодот од 09:30 часот па се до 15:00 часот без струја ќе бидат селата Трновци, Подино и Свети Тодори. #Сервисни информации

Приведен е криминалец во Чегране кој бил баран со потерница

Слика
Приведен е криминалец, а истот бил баран со потерница... Во текот на вчерашното доцно попладне полициски службеници од Полициското одделение од Гостивар го привеле лицето со иницијали А.Х(40) кој бил баран со потерница. Според информациите лицето било приведено во гостиварското село Чегране, а неговата потерница била врз онова на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „предзвикување на општа опасност“ по членот 288 од КЗ. Имено, според соопштението дадено од МВР лицето е спроведено во КПУ Затвор „Идризово“-Скопје за издржување на казната. #Македонија

Денеска без вода повеќе улици во Општина Прилеп

Слика
Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека... Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека поради санација на дефети и приклучоци денес во периодот од 08:00 па се до 14:00 часот без снабдување со вода ќе бидат улиците Цар Самоил, Октомвриска, Гога Димитриоски, Димче Антулески, а во истиот период без снабдување со вода ќе биде и населеното место Ново Лагово. Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека денес водоснабдувањето е нормално со здравствено исправна вода за пиење. Вкупната количина на произведена вода е 253л/с од кои 222л/с од извор Студенчица, 31л/с од сопстеви извори и 0л/с од бунари. #Сервисни информации

Лозано стана татко, синот се вика Марко

Слика
Лозано стана татко, а неговиот син е вика Марко... Доцна синоќа во медиумите се прошири веста дека еден од најпознатите, најпопуларните и најбараните поп-пејачи во Македонија, Влатко Лозаноски-Лозано стана татко, а неговиот син се вика Марко. Имено, Лозано ретко зборува за својот љубовен и приватен живот, а последно зборуваше во емисијата „Живот со стил“.  Инаку, Лозано на почетокот од месецов ја промовираше својата најнова песна насловена „Жолто црвено“, а како што вело Лозано песната е инспирирана од вистинска приказна. Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП на семејството Лозаноски им ја честита радоста и приновата, а на Марко му посакува здрвје, среќа, успеси и безгрижно детство. #Естрада

Концерт на ансамблот на народни интрументи и песни Стефче Стојковски во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи концерт на ансамблот на народни инструменти и песни Стефче Стојковски... Во големата сала од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи концерт на ансамблот на народни инструменти и песни Стефче Стојковски. Концертот е закажан за 25.10.2024 година (петок) со почеток од 19:00 часот. Имено, гости на овој концерт на ансамблот на народни инструменти и песни Стефче Стојловски ќе бидат Октет „Прилеп’’ и КУД„Моминок“-Прилеп. Инаку, овој концерт е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. #Култура

Театарската претсава за деца „Пинокио“ ќе се изведе во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Во НУЦК„Марко Цепенков’’ ќе се иведе претставата за деца „Пинокио“... Претставата за деца со наслов „Пинокио’’ ќе се изведе на големата сцена од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Имено, изведбата на претставата за деца „Пинокио“ е закажана за 27.10.2024 година (недела), а почетокот на истата е во 12:00 часот. Влезниците за претставата  за деца „Пинокио“ се со продажна цена од 150 денари, а истите можат да се набават во детските игротеки „Моја Бајка“, „Kids Party“ и „Дизни“ (во зграда табана). #Култура

Филмот „Бизнисот на задоволството“ ќе се прикажува во киното „Мис Стон“ во Прилеп

Слика
Во киното „Мис Стон“ ќе се прикажува филмот „Бизнисот на задоволството“... Филмот „Бизнисот на задоволството’’ од Гоце Цветаноски ќе се прикажува во прилепското кино „Мис Стон“. Проекцијата на филмот е закажана за 22.10.2024 година со почеток од 19:30 часот.  Влезници за филмот можат да се набават во понеделник и вторник (21 и 22.10.2024 година) од 10:00 до 12:00 часот и еден час пред самата проекција на филмот. Влезниците можат да се набават на билетарницата од киното. Филмот е наменет за возраст од 16+ години. #Култура

Театарската претстава „Аудиција“ синоќа беше изведена во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Слика
Претсавата „Аудиција“ изведена пред прилепската пувлика во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп.. Претсавата „Аудиција“ од Александар Галин и во режија на Владимир Милчин синоќа беше одиграна во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп. Преводот на текстот за оваа претсава е на Сузана Киранџиска, сценографијата е на Крсте Џидров, сценографијата е на Марија Папуческа, а додека пак музиката за оваа претстава е на Ема Маркоска-Милчин и Владимир Милчин. Во претставаат „Аудиција“ која што синоќа со почеток од 20 часот се одигра во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп играа Марија Спиркоска-Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска-Станкоска, Наташа Ачански, Александар Тодески, Илија Волчески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски. #Култура

РК„Прилеп“ со убедлив пораз во натпреварот против ГРК„Тиквеш’’

Слика
  Ракомет Натпреварот се одигра синоќа во спортската сала од СОУ„Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп... Синоќа во спортската сала од СОУ„Ристе Ристески-Ричко“-Прилеп или помеѓу прилепчани познато и како средно индустриско училиште се одигра машкиот ракометен натпревар помеѓу РК„Прилеп“ и ГРК„Тиквеш“. Нтпреварот се играше во две полувремиња од по 30 минути и беше во 8.коло од суперлигата. Домаќин на натпреварот беше РК„Прилеп“ од Прилеп, а негов противник беше ГРК„Тиквеш“ од Кавадарци. Во првото полувреме РК„Прилеп“ беше со резултат од 12:15 за ГРК„Тиквеш“, а додека пак во второто полувреме РК„Прилеп“ беше со резултат од 28:32 за ГРК„Тиквеш’’ што значи дека победата ја однесе ГРК„Тиквеш“ од Кавадaрци. #Спорт

Тетарската претстава за спречување на трговија со луѓе „Маѓепсан круг“ се одигра синоќа во НУЦК„Марко Цепенков’-Прилеп

Слика
„Маѓепсан круг“ -тетарска претстава за спречување на трговија со луѓе се одигра во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Денес 18 октомври е светскиот ден во борбата против трговијата со луѓе. По тој повод во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одигра претставата „Маѓепсан круг“. Тетарската претсава беше изведена од страна на глумците „аматери“ од Драмската Секција „Слободно театарче’’ која долги години работи во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп и истата е под менторство на Биљана Тинтоска, професор по македонски јазик и литература во училиштето. Ментор и режисер на тетарската претстава„Маѓепсан круг“ е Биљана Тинтоска, а автор на текстот е актерот Филип Стојаноски. Тетарската прертсава „Маѓепсан круг“ во оригинална форма всушност е радио драма и таа е дел од иницијативата под мотото „Промени го мислењето и остани надвор од маѓепсаниот круг’’кој што е во реализација на Радио Пела, а исто така таа е дел и од проектот „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ и и...