Опожарено возило во Прилеп
Опожарено возило ,,Фолсфаген Голф'' во Прилеп... На 29.01.2023 година околу 23:30 часот во одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп било пријавено дека на Ул.,,Кеј 19 Септември'' настанал пожар на патничнко моторно возило (автомобил) "Фолсфаген Голф" кој што е со прилепски регистарски ознаки. Пожарот е локализиран од страна на територијалната против пожаржна единица (ТППЕ) Прилеп, која што интервенирала со едно возило и тројца пожарникари. Имено, опожареното возило било во сопственост на М.И (44) од Прилеп. На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа од одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп. Гимел радио #Локално ...