Постови

Приказују се постови за март, 2025

Откриени делиери на марихуана и амфетамин

Слика
Од Оснвното Јавно Обвинителство поведоа истрага.. . Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека вршеле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените скопјани на возраст од 20, 26 и 21 година, како и други за сега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, во импровизирани бункери во општина Бутел, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин. Полициски службеници при извршени осум претреси на различни локации пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога. Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјал на пронајдената скриена наркотична дрога, потврдени се траги од осомниче...

Од утре продолжува редовното функционирање на македонското Собрание

Слика
Собранието на Република Северна Македонија од утре продолжува редовно да функционира... По две-неделната пауза Собранието на Република Северна Македонија продолжува со редовата функција. Закажани се редовни комисии и пленарни седници. Имено, одлкуката да не заседааат телата на собранието по трагедијата во Кочани предизвика лавина јавни реакции и коментари, а една од реакциите беше дека пратениците не си ја работат нивната работа за која истите примаат финансиски средства, и воедно се оградуваат од одговорност. Од македонското Собрание пак, се правдаа дека работата продолжува во други вообичаени форми преку координации, подготовка и разгледување на предлог-законите, како и одржување на состаноци на разни нивоа како и со активности на терен во Кочани. #Македонија

Општина Прилеп ги објави листите на баратели кои ги исполниле/ не ги исполниле за субвенционирање/надоместување на дел од трошоците за набавкана грејно тело со инвертор за 2025 година

Слика
Листата на баратели кои ги ипсолниле или не ги исполниле критериумите за набавка на грејно тело со инвертор за 2025 година може да се пронајдат на Огласната Табла од Општина Прилеп и на следниов линк  Листа на баратели кои ги исполниле или не ги исполнине условите за набавка на грејно тело со инвертор за 2025 година Извор на информации: Општина Прилеп #Локално

Општина Прилеп со хуманитарна помош за настарданите и повредените од трагедијата во Кочани

Слика
 Хуманитарните финансиски средства се во висина од 1.000.000 денари... Општина Прилеп донесе одука за доделување на хуманитарна финансиска помош за настрадените и повредените од страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Хуманитарната финсниска помош што Општина Прилеп ја додели на Општина Кочани изнесува 1.000.000 денари.. Финансиските средства Општина Прилеп ги обезбеди преку програмата А00-Совет на Општина Прилеп, ставка 412-постојани резерви, подставка 412 110 постојана резерва (непредвидливи расходи). Финансиките средства Општина Прилеп ќе ги уплати преку сметката на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Фонд на солидарноста. Според информациите од Општина Прилеп средствата на трансакциската сметка од Црвениот крст ќе бидат уплатени преку Комерцијална Банка А.Д Скопје со назнака помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани. #Локално

Општина Прилеп подготвена за нови капитални проекти

Слика
Локалната Самоуправа од прилепската општина е подготвена за нови капитални проекти... Општина Прилеп продолжува со интензивна работа за унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот за граѓаните. Во рамки на повикот од Минситерството за локална самоуправа, Општина Прилеп аплицираше со 11 значајни проекти, а истите тие проекти треба да бидат финансирани од страна на македонската влада.  Од Општина Прилеп велат дека проектите се од витално значење за граѓаните. „Ова се проекти од витално значење за сите граѓани, а нивната реализација ќе значи поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија“- велат од Општина Прилеп. Проектите со кои Општина Прилеп на повикот од Министерството за локална сампоурава аплицираше се следни: 1.Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ (пред хотел „Скопје) и посатвување на урбана опрема. 2.Изградба на мост на улицата „Победа“ над реката „Оревоечка“. 3. Реконструкција на улицата „Орде Чопела“...

Издадени 667 сообраќајни прекршоци

Слика
Најголем дел се за непрописно паркирање... Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на сите осум Сектори за внатрешни работи издадени се вкупно 667 сообраќајни прекроци. Најголем дел од прекршоците се за непрописно паркирање. За напрописно паркирање издадени се 253 санкции, за возење со поголема брзина од дозволената издадени се 90 санкции, за управување автомобил без возачка дозвола издадени се издадени 67 санкции, за некористење на заштите појас издедни се 40 сакции, а додека пак, 31 санкција е издадена за користење на мобилен телефон при управување на автомобилот. Имено, покрај овие сакнции евидентирани се 18 нерегистрирани возила, а 11 возила се евидентирани како технички неисправни. Инаку, од сообраќајната полиција известуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, а од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да се зашитат самите себеси и сите други учесници во сообраќајкот. #Сервисни информации

Приведено лице во кавадаречко

Слика
Лицето е приведено поради управување на автомобил под дејство на алкохол... Во текот на вчерашниот ден во 18:05 часот во ОВР Каварадци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Дреново, патичко возило односно автомобил „фиат стило“ управувано од Б.И (54) излетало од патот. Автомобилот бил со кавадаречки регистарски ознаки, а возачот бил од кавадречкото село Возарци. Имено, според информациите повредени лица нема, а на местото на настанот од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци бил извршен увид при што констатирано е дека Б.И автомобилот го управувал под дејство на алкохол односно го управувал со 2,60 промили алкохол во крвта. Инаку, Б.И е лишен од слобода, а за настанот е известен јавен обвинител. Од ОВР Кавадарци инзвестуваат дека по целосно документирање на случајот против Б.Ј ќе следува соодветна пријава. #Македонија

Вработените во МЦСР Прилеп со мирен протест

Слика
Протест на социјалните работници од МЦСР Прилеп... Вработените во Меѓуопштинскиот Центар за Социјални Работи од Прилеп денеска точно напладне одржаа мирен протест пред нивното работно место, а поводот беше вчерашниот инцидент кога од страна на 50-годишен маж беше пукано во работничка во МЦСР Прилеп. Социјалната работничка заврши со влезно-излезна рана, а 50-годишниот маж со иницијали А.Ј извршил бегство од Психијатриската Болница „Демир Хисар“ на 20.03.2025 година.  Социјалните работници кои денеска имаа мирен протест на кој рекоа дека протестот ја изразува нивната загриженост поради случаите на насилство врз вработените во ЦСР, а според нив вчерашниот инцидент е показател дека се потребни заштитни промени на вработените во ЦСР. „Мирниот протест ја изразува нашата загриженост поради случаите на насилство врз вработените во ЦСР, а вчера кулминираше со обид за убиство врз наша колешка. Вчерашниот инцидент е показател дека се потребни промени за заштита на вработените во ЦСР“ -велат с...

Во скопско Волково кираџија го уби сопственикот, го рани неговиот син, па си пресуди сам на себе

Слика
Драмата се случила денеска околу 09:00 часот наутро... Крвава драма се случило утрово во скопското село Волково каде што 49-годишен кираџија го уби сопственикот на куќата, го рани неговиот малолетен син, а на крај самиот си пресуди со тоа што изврши самоубисто. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пукањето се случило околу 9 часот наутро. Полициските служби веднаш реагирале на пријавата и излегле на терен. „Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.“ – соопштија од МВР. Според првичните сознанија, трагедијата наводно би...

Битолските пожарникари со три интервенции за време на викендот

Слика
Се интервенирало на запалена трска, запалена трева и запален оџак... Од ТТПЕ Битола излегоа со соопштение дека за време на викендот имале три интервенции и тоа интервенција на запалена трска, интервенција на запалена трева и интервенција на запален оџак. Пријавите и интервенциите се случило во саботата (22.03.2025 година) во периодот од 14:50 часот попладне до 21:10 часот навечер. „Примена дојава во 14:50ч. за запалена трска кај рибник Букри ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 2 пожарникари. Примена дојава во 16:00ч. за запалена трева во с.Ивањевци ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 2 пожарникари. Примена дојава во 21:10ч. за запален оџак на ул.7-ма Бригада ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари.“- се вели во обајавата на фејзбук профилот од ТППЕ Битола. #Македонија

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Слика
Се работи за двајца сторители продавач и купувач... Реновирале стан и целиот отпаден материјал го оставиле во паркот на двосмерната прилепска улица „Петта прилепска“  Имено, делото го направиле оној кој го купил станот и оној кој го продал станот, а овие информации се произлезени од останатите станри во зградата. Од страна на ЈКП „Комуналец“-Прилеп сторителите се пријавени во Инспекторатот при Локалната Самоуправа од Општина Прилеп. Инаку, од ЈКП „Комуналец“-Прилеп додаваат и дека инспектори работат на терен за расчистување на овој случај. #Локално

Нов руски напад врз Украина со 147 дронови

Слика
 Русија изврши нов ракетен напад со 147 дронови врз Украина... Русија во текот на ноќта изврши нов ракетен напад врз Украина. Рускиот ракетен напад беше извршен со 147 дронови, соопштија денеска од руското воздухопловство. Во рускиот напад врз Украина беа нападните неколку украински региони, а украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала. Од воздухопловните сили на телекомуникациската мрежа Телеграм излегоа со соопштение дека уште 25 дронови не стигнале до своите цели. #Свет

Одреден притвор за градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу

Слика
Притворот на Имамоглу е одреден од страна на турскиот суд... Турскиот суд му ореди на Екрем Имамоглу, градоначалникот на Истанбул да биде здржан во притвор, објавија медиумите од Турција. Имамоглу која е клучна опозициска структира беше приведен во средата под сомнение за корупција и за помагање на терористичка група. Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протсти во Турција, а особено во турскиот главн град Анкара. Поради протести трскуте власти ги зголемија безбедносните мерки на бројни централни улици како и за сите собири и демонстрации во градовите се до 26 март годинава. Турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган во неговото синоќешно интервју ги критикуваше протестите ширум Турција и ја обвини главната опозициска сила дека се обидува да го наруши мирот. Истанбулскиот градоналалник Имамоглу, кој е обвинет дека е поврзан со група која е вмешана во корупција, поткуп и помагање на терористички активности, во неговото петчасовно сослушување во суд ги отфрли сите обвиненија како н...

На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна

Слика
Депонијата се наоѓа во селото Новаци-Општина Новаци која потпаѓа под Општина Битола... Во текот на вчерашниот ден во СВР Битола во 10:30 часот од страна на 38 годишниот И.Т жител на селото Новаци пријавил дека на депонијата Мегленци во Општина Новаци пронајдени се три артилериски гранати со калибар од 75 милиметри.  Имено, гранатите биле од Првата светска војна. #Македонија

Без елетрична енергија повеќе села во Општина Прилеп

Слика
Од ЦУК известуваат дека... Екипи на електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа. Поради овој зафат од страна на Елекетродиструбија без електрична енергија на 24.03.2025 година (понеделник) во периодот од 09:30 часот претпладне до 15:00 часот попладне ќе бидат селата Дреновци, Небрегово и Дупјачани.  Имено, на 25.03.2025 година (вторник) во периодот до 05:00 часот наутро до 18:00 часот навечер без електрична енергија ќе биде селото Славеј-населено место без уличен систем.  На 27.03.2025 година (четврток) во периодот од 09:30 часот претпладне до 15:00 часот попладне без електрична енергија ќе бидат селата Дреновци, Дупјачани и Небрегово. На 28.03.2025 година (петок) во периодот од 07:00 часот наутро до 12:00 часот напладне без електрична енергија ќе биде селото Острилци, Мечкин Камен и хидроцентралите во Прилеп. #Сервисни информации

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп

Слика
Лицата се лишени од слобода поради пуштање на музика во денови на жалост... Од Министерството за Внатрешни Работи излегоа со соопштение во кое се вели дека во време на жалост лишени од слобода се 17 лица. На подрачјето на Скопје лишени од слобода се малолетно лице и сопственик на угостителски обејкт, во Прилеп од слобода се лишени 112 лица, во Кичево од слобода е приведено едно лице-сопственик на угостителски објект, а додека пак, на подрчајето на Куманово лишени од слобода се две лица и тоа менаџер и управител на угостителски објект. „На 22 и 23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.  Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени ...

Времето за време на викендот сончево и топло

Слика
Според податоците од УХМР времето ќе биде... Според податоците од УХМР времето денеска беше сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум се движеше во интервалот од најниски -4 до највисоки 21 степени целзиусови. Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 18 степени целзиусови. Временска прогноза за 23.03.2025 година (недела) Според податоците од УХМР на вторниот ден од викендот односно во недела не очекува променливо облачно, и наместа со повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 0 до највисоки 20 степени целзиусови. Временска прогноза за 24.03.2025 година (понеделник) Според податоците од УХМР на првиот ден од новата работна недела односно во понеделник не очекува променливо облачно, намес...

Голем пожар на земјоделски површини во Струмица

Слика
Во струмичко беснее голем пожар кој брзо се разгорува и шири поради силниот ветер... Голем пожар на отворени земјоделски површини беснее вечерва во Струмица. Пожарот според информациите се’ разгорува многу брзо како последица на силниот ветер кој попладневно го зафати овој дел од Македонија. Во пожарот горат нискостеблести дрвја, трева, земјоделски површини и делови од шума. До овој момент за среќа нема повредени лица во пожарот, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. #Македонија

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Египет

Слика
Од МВР известуваат дека... Синоќа во 02:50 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода лицето Т.Ј (44) од Турција.  Имено, при претрес во автмобил „Рено Клио“ кое го управувал биле пронајдени пет лица кои биле египетски мигранти. Возилото било одземено од страна на полициските службеници. Од МВР известуваат дека Т.Ј  е задржано во полициска станица и со него бил спроведен службен разговор, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. #Македонија

Поддршка за граѓаните погодени од трагедијата во Кочани

Слика
Поддршката ќе биде психолошка... Секое семејство кое има починат или пак член кој е повреден и во моментов е на лекување ќе добие околу 150.000 денари. Од Македонската Влада денеска за медиумите велат дека оваа мерка е само почеток на помошта и дека граѓаните треба да ги почитуваат насоките на Владата на Републиката Северна Македонија и на Црвениот крст во однос на банкарските сметки на кои тие ќе бидат донирани. Имено, психолошката помош која ќе ја добиваат оние кои се погодени од трагедијата веќе се спроведува во училиштата во Кочани и во Универзитетот во Штип. Освен сега засегнатите и ангажирани психолози на веб-страната на министерството за образование стојат уште над 40 телефонски броеви од психолози кои истите тие на располгање се’ 24 часа за сите оние на кои им е потребна психолошка помош. Според изјавата на доктор Мерџановски целата клиничка ситуација, прифаќањето и третирањето на повредените како и одлуката за активирање на механизмот на Европската Унија за помош на цивилни кр...

Тротоарите во Прилеп се враќаат на пешаците

Слика
Од Општина Прилеп известија дека... Од Оптина Прилеп денеска ги известија граѓаните дека од денеска започнуваат со акција за враќање на тротоарите на пешаците. „Тротоарите се наменети за безбедно и непречено движење на пешаците, а не за паркирање на возила! По одржаниот координиран состанок помеѓу градоначалникот на општина Прилеп, претседателката на Советот, ЈП за ПУП и претставници на ОВР Прилеп, од 24 март започнуваме една недела само со известување до возачите, а потоа ќе следуваат и соодветно пропишаните санкции за сите непрописно паркирани возила на тротоарите каде што нема обележан паркинг простор и на пешачките зони. Безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет!“ -се вели во соопштението од Општина Прилеп. Од Општина Прилеп издадоа апел до возачите за свесност и одговорност и додаваат дека троатоарите служат за непречено движење на пешаците, а не служат како паркин места за автомобилите. #Локално

Поевтинуваат горивата од полноќ

Слика
Од РКЕ известуваат дека... Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги известуваат дека цената на горивата од ноќеска на полноќ се менува и поевтинува. Со новите цени на горивата од полноќ ЕУРОДИЗЕЛ БС  ќе се продава за 68,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се подава по цена од 74,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 76,5 денари за литар. Со новата одлука на РКЕ од полноќ се менува цената на екстралесното масло за домаќинство и истото ќе се продава за 68 денари за литар, а МАЗУТОТ М1-НС од полноќ ќе се продава за 41,345 денари за килограм. #Еконномија

Погребот на 59 починати од пожарот во Кочани ќе се одржи в четврток

Слика
Најголем дел ќе бидат погребани на градските гробишта во Кочани... На 20.03.2025 година (четврток) ќе се одржи погребот на 59 жртви од страотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Нјаголем дел од починатите ќе бидат погребани на градските гробишта во Кочани. Централната богослужба за душите на покоените ќе ја води поглаварот на Македонската Православна Црква господин госодин Стефан, заедно со уште неколку владици од синодот.  Инаку, покрај Кочани жртви од пожарот ќе бидат погребувани во Чешиново-Обелешво, Штип, Скопје, Виница, Пробиштип и Македонска Каменица. #Македонија

Крводарителска акција утре во Прилеп

Слика
 Крводарителската акција ќе се одржи во просториите на Општина Прилеп... Утре 19.03.2025 година (среда) од 09:00 часот претпладне до 14:00 часот попладне Општина Прилеп во соработка со Црвениот Крст на Македонија организира крводарителска акција. Крводарителската акција ќе биде во просториите на Општина Прилеп. Граѓаните кои ќе  даруваат крв со себе треба да носат документ за лична идентификација и по можност здравстевна книшка. #Локлано

Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост

Слика
Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост... Владата на Република Македонија попладневно на вонредна седница ја донесе одлуката за прогласување на седум дневна жалост поради старотната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Знамињата во целата држава веќе се на половина копје.  Претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова вели дека сите одговорни не смеат да ги избегнат правото, правдата и казната, а додека пак , премиерот и претседател на Владата, Христијан Мицкоски повика на морална одговорност за сите случувања, а притоа рече и дека доколку е потребно тој самиот ќе ја сносел таа морална одговорност. За потсетување во дискотеката „Пулс“ во Кочани непосредно пред избувнувањето на пожарот музички настап имале членовите од групата ДНК каде што тие заедно со публиката во еден глас ја пееле последната песна за тој настап „Кажи ми како без тебе да бидам“ незнаејќи дека тоа ќе биде последна отепана песна и последен заеднички настап на членовите од групата. #Макдонија

Србија во вторник прогласи ден на жалост поради трагичната несреќа во Кочани

Слика
Српскиот претседател Александар Вучиќ, попладнево на прес-конференција рече дека во вторник на територијата на цела Србија ќе биде прогласен ден на жалост поради трагичната несреќа во Кочани што се случи денеска, а во која животот го загубија 59 лица и 155 лица се соо тешки повреди. На прес-конференцијата во Белград имаше и едно минутно молчење во чест на денешната трагедија во Кочани. #Балкан

Претседателката Сиљановска-Давкова се обрати до граѓаните

Слика
Обраќањето беше од вила Водно... Претседатеката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова пред околу половина час се обрати до македонските граѓани, а обраќањето таа го направи од вила Водно.  Сиљановска-Давкова вели дека не сме сами и дека никогаш нема да се заборави добродетелскиот чин на соседните држави и државите од Европа. „Знам и чувствувам дека не сме сами бидејќи, веднаш се огласија не само соседните, туку и подалечните држави. Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција, заради добивање на врна медицинска нега и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и светот се’ заедно со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин, и вечно ќе им бидеме благодарни.“ -вели Сиљановска-Давкова. Сиљановска-Давкова во говорот додава и дека ниту еден одговорен не смее да го избегне правото, правдата и казната. „Почитуавни граѓани не смее да функционира ниту една дејност и активност. Ниту еден одговорен не ...

ЕУ доби барање за помош за трагедијата во Кочани

Слика
Инфомацијата ја потврди портпаролот на европската комисија... Европската Унија доби барање од Македонија за помош при спаравувањето со последиците од страотниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. Ова го потврди портпаролот на европската комисја, а според него повеќе детали за ова се очекуваат во текот на утрешниот ден. Имено, претходно Европската комисија информираше дека ЕУ е целосно подготвена да и помогне на државава со нејзините механизми за цивилна заштита, доколку државава го побара истото.  Инаку, сочувство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените упатија Ентонио Кошта, претседател на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецлова, претседателки на европската комисија и европскиот параламент, Каја Калас, висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Марта Кос и Хаџа Лабиб, еврокомесарки за проширување и еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент. Претходно папата Франциск на бискупот на католичката црква во Ма...

Тошковки: Осомничени се 20, а во полициска станица се околу 15 лица

Слика
Министерот за внатрешни работни Панче Тошковски на прес-конференција рече дека се’ осомничени 20, а во полициска станица се наоѓаат околу 15 лица... Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски на прес-конфренцијата која се случи попладневно изјави дека осомничени се 20, а во полициска станица се околу 15 лица. Прес-конференцијата се случи пред полициската станица во Кочани, а истата беше во врска со трагичната несреќа во кочанската дискотека „Пулс“ во која што животот го загубија 59 лица, а 155 лица се тешко повредени. „ Дел од осомничените за предизвикување на овој настан се починати, дел се во болница. Четири  лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, менаџер на дискотеката. Дел од приведените лица се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој настан согласно доказите, приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека е еден од оние кои имаат директна вина во рамки на кривични д...

Владата прогласува седумдневна жалост

Слика
Владата во 16:00 часот ќе прогласи седумдневна жалост на територијата на цела Македонија... Владата на Република Македонија денеска ќе одржи итна седница во 16 часот, на која ќе биде донесена одлука за прогласување седумдневна жалост поради трагичната несреќа во Кочани, во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Покрај оваа одлука, Владата ќе донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани што организираат забави, со цел да се спречат слични трагедии во иднина. Очекувањата се дека институциите ќе преземат итни мерки за да се утврдат причините за несреќата и да се зголеми безбедноста во сите јавни објекти од ваков тип. Според информациите од телевизијата Алфа во Македонија пристигнува помош од повеќе држави, а повеќе пациенти се’ пренесени на болничко лекување во повеќе блиски и европски земји. #Македонија

Почина придружниот вокал на групата ДНК - Сара Пројковска

Слика
За смртта на Пројковска со соопштение излегоа и од ФМУ.. . Во стравичната трагедија која се случи рано утринава во кочанската дискотека „Пулс“ животот го загуби и Сара Пројковска која беше придружен вокал на оваа позната и призната македонска група. Од Факултетот за Музичка Уметност од Скопје велат дека со длабока тага и неверување ја известуваат јавноста дека нивната колешка Сара Пројовска го загуби животот во трагедијата во Кочани. „ Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица“- велат од Факултетот за Музичка Уметност од Скопје #Македонија

Почина Андреј Ѓоргиески од ДНК, загина и музичарот Филип Стевановски

Слика
Македонија завиена во црно... Тажни вести пристигнуваат по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе повеќе од 50 животи. Телевизија Телма објави дека Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите. Веста ја потврди неговото семејство. Освен Ѓоргиески, во пожарот животот го загуби и Филип Стевановски, музичар од Куманово и придружен член на ДНК, јавува штипската телевизија ТВ Стар. Стевановски беше реномиран продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистрирал jazz музика и работеше во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. Оваа трагедија остави непроценлива загуба во македонската музичка сцена, а јавноста со голема болка ги испраќа последните зборови на сочувство до семејствата на жртвите. Извор на информации: Портал  Музка 24 #Македонија

Трагедија во Кочани: Голем пожар во дискотеката ,,Пулс” во Кочани

Слика
  Во пожарот над 50 жртви и над 100 повредени… Синоќа, во дискотека во Кочани, за време на концерт на позната група ДНК, избувна страшен пожар кој, според првичните информации, однесе најмалку 50 животи. Според изворите, пожарот најверојатно бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства, но официјалните причини сè уште се истражуваат. Повредените, кои се здобиле со сериозни изгореници и проблеми од вдишување чад, итно беа пренесени во повеќе болници низ државата. Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица, 24 на Клиничкиот центар, а во болницата „8 Септември“ се примени 18 пациенти, од кои двајца се во критична состојба. Дополнително, дел од повредените се префрлени во Клиничката болница во Штип. Пред Болницата во Кочани владее огромна неизвесност – роднини и блиски на жртвите и повредените чекаат информации за своите најмили, а пред кочанската болница се екипи од Црвениот Крст кои што на роднините и блиските на жртвите им делат водат и сре...

Зеленски го формира преговарачкиот тим за мировни преговори

Слика
Зеленски го формира преговарачкиот тим за мировни преговори... Украинскиот претседател Володимир Зеленски го формира преговарачкиот тим за мировни преговори.  Според информациите на украинските медиуми во тимот за украинските „меѓународни партнери“ се Андриј Јермиќ, шеф на кабинет на укринскиот претседател, Андриј Сибиха, шеф на украинската дипломатија, Рустем Умеров, министер за одбрана и Павло Палис, заменик-шеф на претседателскиот кабинет. #Свет

Голем протест во центарот на Белград

Слика
На протесот граѓани од цела Србија... Граѓани од цела Србија денеска се упатија на протестот што се одржа во српската престолнина Белград.  Граѓаните на протестот пристигнаа по вчерашната покана на студентите да учествуваат на големиот митинг под слоганот „5 за 15“. Имено, протестот е антивладин, а на истиот граѓаните и студентите бараат правда за 15 лица кои животот го загубија при падот на настрешницата од железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, Иаку, студентите на претходните протести ги блокираа влезовите од Радио Телевизија Србија и од телевизијата ЕН 1. #Балкан

Спасени две момчиња од водите на Мавровското езеро

Слика
Момчињата биле спасени од специјалните полициски единици... Денеска во 12:45 часот преку бројот за итни случаи 112 било пријавено дека во Мавровското езеро биле забележани две момчиња кои се качиле на чамец и се движеле по езерото. Набргу потоа чамецот се превртел, а момчиеата се држеле за самиот чамец додека езерските бранови ги воделе кон браната. За настанот веднаш по пријавата биле известени органите на Центарот за управување со кризи, Итната медицинска помош како и Националниот Парк Маврово. Имено, припадници на антитерористичката група Тигар и Хеликоптерската единица при МВР во координација со Полициското одделение Маврово и засегнати институции во спасувачката мисија во 15:10 часот од водите на Мавровското езеро биле успешно извлечени двете млади момчиња со иницијали Х.Б (24) и И.Р (23) двајцата од Скопје. Х.Б и И.Р во моментот на излекување биле во контактибилна состојба, при што биле пренесени на медицински преглед во гостиварскиот ургентен центар, соопштуваат од Центарот за у...

AХВ затвори нелегална работилница за производство на месо

Слика
Според АХВ на операторот изречена му е парична казна... Инспектори од Агенцијата за Храна и Ветеринарство пронашле и затвориле нелегална работилница за производство на месо. Нештетно уништено е околу 200 килограми небезбедно месо. Од АХВ известуваат дека на операторот изречена му е парична казна. Имено, АХВ спровела 154 вонредни инспекциски контроли во магацини и ладилници за храна, а кај 41 оператор издадени се наредбени решенија. Инаку, од АХВ додаваат дека се изречени 15 парични казни, а уништени се десетици килограми небезбедна храна. Според АХВ кај 7 од контролираните оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски услови, а додека пак, кај двјца од операторите производите не биле означени на македонски јазик.  #Македонија 

Фестивалот „The Festival“ од 4 до 6 Јули во Штип

Слика
Познатиот фестивал „The Festival“ ќе се одржи во Штип... Музичкиот фаестивал „The Festival“ од годинава ќе се одржува во Штип. Штипскиот градончалник Иван Јорданов, вели дека годинава фестивалот ќе се одржи  под штипската тврдина „Исар“ веднаш крај реката Брегалница.  Според информациите од Штип, фестивалот ќе трае три дена од 04.07.2025 година до 06.07.2025 година, а според Јорданов сите сместувачки капацитети во градот ќе им бидат на располагање на посетителите. #Македонија

Од 17 Март систематски прегледи за идните првачиња

Слика
Прегледите ќе се вршат во кабинетот за Ортоптика и со упат од матичен лекар... Од оснновните училишта во Прилеп ги известуваат родителите на идните првачиња дека од 17.03.2025 година (понеделник) ќе започнат задолжителните систематски офталмолошки прегледи. Прегледите ќе можат да се закажуваат само преку матичниот лекар на детето и системот на Мој Термин. Систематските офталмолошки прегледи на децата ќе се извршуваат во кабинетот за ортоптика кои се наоѓа веднаш до офталмолошката амбуланта во Опшатата Болница со Проширена Дејност „Борка Талески“-Прилеп. Офталмолошките систематски прегледи ќе се извршуваат само со упат од матичен лекар преку Мој Термин. #Локално