Постови

Приказују се постови за децембар, 2024

За новогодишната ноќ не очекува тивко време со мала до умерена локална облачност

Слика
Според Управата за Хидрометеоролошки Работи не очекува... Според податоците од УХМР денеска имавме сончево со мала локална облачност време, а дуваше и слаб до умерен ветер кои претежно беше од северен правец. Дневниот температурен максимум се движеше во интервалот од најниски -6 до највисоки 13 степени целзиусови. Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден, а воедно и последен ден од оваа календарска 2024 година не очекува наутро ведро и студено време со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот не очекува сончево со мала локална облачност време, а ќе дува и слаб ветер од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најнсики -5 до највисоки 14 степени целзиусови. Прогноза за 1.1.2025 година (среда) На првиот ден до новата календарска 2025 година не очекува наутро студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот не очекува сончево и тивко време со мала до умерена локална облачност. Дневниот температурен максимум ќе ...

Инспектори на АХВ уништија 620 килограми небезбедна храна

Слика
Од АХВ велат дека граѓаните треба да внимаваат како ја приготвуваат храната... Инспектори од Агенцијата за Храна и Ветеринарство (АХВ) уништија околу 620 килограми небезбедна храна претежно од животинско потекло. Од страна на АХВ спроведени се вонредни инспекциски надзори во 191 месарница и други објкети и продавници за храна од животинско потекло. Најголем дел од уништената храна се несоодветно декларирани и замрзнати месни производи. Од АХВ исвестуваат дека во овој период нивни иснпектори се постојано на терен и вршат контролни надзори врз сите угостителски и трговски објекти во кој се служи или продава храна. Имено, од АХВ велат дека за утврдените неправилности нивните инспектори издале 29 решенија за отстранување, биле изречени опомени за тројца оператори со храна, а 14 оператори на храна како што велат од АХВ биле парично казнети.  Во изминативе денови од страна на АХВ биле направени 244 надзори во угостителски објекти при што биле изречени 23 казни. Инаку, од АХВ апелираат гр...

Граѓаните најчесто се информираат преку интернет новинарските портали

Слика
Македонските граѓани најчесто информациите ги добиваат преку интернет новинарските портали... Од анкетата која што изминатава недела ја спроведе ИНФО-ПРИЛЕП може да се види дека граѓаните во Македонија најмногу се информираат од интернет новинарските портали. Помал процент од граѓаните се инфомираат и забавуваат преку социјалните мрежи (социјални медиуми). Најмал процент од граѓаните се информираат и забавуваат преку телевизија, а исто толку од граѓаните се информираат и му веруваат на радиото. #Анкети

Teшка авионска несреќа во Јужна Кореја, двајца преживеани

Слика
Во Јужна Кореја се урна БОИНГ 737, во несреќата има двајца преживеани... Денеска во Јужна Кореја се случи стравотна авионска несрќа во која се урна Боинг 737-800 на компанијата „Џеџу Ер“ кој пристигнувал од Бангкок при слетувањето на аредодромот во Маун, авионот се излизгал на пистата при што истиот удрил во бетонска ограда и се запалил. На видео материјалите се гледа дека пилотот не успеал да ја постави опремата за слетувањето. Во авионот имало вкупно 181 патник како и членови на екипажот, а од нив само двајца се пронајдени за преживеани еден маж и една жена, кој биле државјани на Тајланд.  Шефот на против пожарната станица во Муан, Ли Џеонг-Хјеон претпоставува дека несреќата се случила како последица на влетување јато птици во авионот или поради лошите временски услови во Јужна Кореја. Џеонг-Хјеон вели дека точната причиа за падот на авионот ќе биде утврдена по форнзичките испитувања и истраги. Авионот Боинг 737-800 бил произведен во 2009 година, а копманијата „Џеџу Ер“ која го п...

„Слоу Фуд“ по втор пат во Прилеп (фото)

Слика
Манифестацијата „Слоу Фуд“ се одржува втора година по ред во Прилеп... По повод новогодишните и божиќни празници во Прилеп годинава по втор пат се одржа манифестацијата „Слоу Фуд“. Претседателката на „Слоу Фуд“ Прилеп, Тодорка Наумоска-Димеска вели дека годинава има повеќе домашни производители изложувачи и дека има мала разлика во цените „Бенефитот е тој што малите локални производители можат да се промовираат дома. Производителите најчесто се од Прилеп и од околните градови Кавадарци, Неготино. Разлика во цените има и тоа минимална, но тоа е очекувано бидејќи, овие производи се направени со повеќе љубов и труд“ -вели Димеска. Гоце Бумбароски член на „Слоу Фуд“ Прилеп вели дека интересот кај насалението за овој базар е се поголем и се надева дека истиот ќе премине во традиција и ги покануваат сите кои сакаат да го посетат бидејќи, како што вели Бумбароски производите наголемо се трошат. „Со оглед на тоа што ова е втора година и гледаме дека интересот е се’ поголем, останува да...

Силен земјотрес го погоди островот Минданао на Филипините

Слика
 Издадено е предупредување за цунами... Земјотрес со јачина од 7,5 степени според рихтеровата скала денеска е регистриан на филипинскиот остров Минданао.  Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а Ројтерс пренесе дека наскоро се очекува Филипините и Јапонија да бидат погодени од цунами. Од Филипинската сеизмолошка агенција денеска објавија дека брановите од цунами можат да ги погодат Филипините и Јапонија, а исто така известија дека тие можат да траат и со часови. Како што пренесе Ројтерс во тек е евакуација на населението на Филипините. #Свет

Струмичката ТВ Канал Вис остана без дозвола за телевизиско емитување

Слика
Советот на АВМУ донесе одлука со која се одзеде дозволата за телевизиското  емитување на ТВ Канал Вис од Струмица... Советот на АВМУ донесе одлука со која што се одзеде дозволата за телевизиско емитување на струмичката регионална телевизија Канал Вис. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски на јавниот состанок рече дека телевизијата не ги исполнувала минималните законски услови за работа како и дека главниот и одговорен уредник на телевизијата не е во редовен работен однос. „ АВМУ изврши административен надзор кај сите 93 радиодифузери, а во врска со обезбедување јавност во работењето и таа обврска не ја исполни само ТВ Канал ВИС од Струмица. Во овој период исто така извршени се 57 административни надзори на радиодифузерите, од нив 31 надзор врз радијата и 26 врз телевизиите со цел да се утврди дали ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени со правилникот за минимални просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Од надзорите...

Новогодишен базар во Прилеп

Слика
Базарот е три дена од 29 до 30 декември 2024 година... Општина Прилеп и годинава по втор пат ќе организира три дневен новогодишен базар. Локацијата на базарот е на платото кај прилепската саат кула. Од Општина Прилеп велат дека ќе има убава атмосфера со добра музика, вкусна храна, грано вино, смеа, забава, подароци и моменти за спомен што засекогаш ќе се чуваат, и ќе се понудат на прилепчани во трите предновогодишни денови. Имено, базарот годинава се одржува на 28, 29 и 30 декември од 10 до 15 часот, а на истиот ќе има музика со разни вкусови за сите генерации, гастрономски и други содржини како и многу изненадувања за сите генерации од сите возрасти. Организацијата на настанот е во соработка со здружнието Слоу Фуд Прилеп, а членовите на здружението на прилепчани ќе им подготват различни производи кои се подготвени од вредните раце на прилепските локални производители. Базарот ќе биде придружен со забавна програма која ќе биде презентирана од страна на локалните интерпретатори. #Локалн...

Прилепчанец пронајден починат во камп приколка

Слика
Лицето било пронајдено мртво во камп приколка во селото Беловодица... На 23.12.2024 година во СВР Битола-ОВР Прилеп било пријавено дека во прилепското село Беловодица во капм приколка било пронајдено мртвото тело на С.Д (57) од Прилеп.  Смртта кај С.Д е констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош од Прилеп.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. #Локално

Следнава работна недела не очекува променливо облачно и студено време

Слика
 Според податоците од УМХР времето ќе биде... Според податоците од УХМР времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува салб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Дневниот температурен максимум се движеше од најниски -7 до највисоки 10 степени целзиусови. Притисокот изнесува 980 хектопаскали, релативната влажност на воздухот е 55 %, а додека пак средната брзина на ветрот е 1 метар во секунда. Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден не очекува облачно и студено време со врнежи од дожд, а на некој пониски места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови од државава, каде што на планините ќе се зголеми постојаната снежна покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта ќе дува засилен севере ветер. Дневниот температурен максиму...

Претреси во Прилеп и Битола, пронајдени 5000 парчиња пиротехника

Слика
Во Битола се пронајдени 3000, а во Прилеп 2000 парчиња пиротехника... Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Битола, по претходна судска наредба, извршиле претрес во дом на малолетно лице во Битола, при што биле пронајдени 3000 парчиња пиротехника. Во текот на вчерашниот ден, исто така, полициски службеници при ОВР Прилеп, а од СВР Битола ги лишиле од слобода лицата со иницијални А.О (26) и Ф.И (36) од Прилеп бидејќи, кај нив биле пронајдени и одземени 2000 парчиња пиротехника. Од СВР Битола известуваат дека по целосно документирање на случаите против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. #Македонија

Хеликоптер се урна во Турција, четири лица загинаа

Слика
Хеликоптерот извршувал тренинг лет... Хеликоптер на брза помош при тренинг лет се урна на покрив од болница во југозападна Турција. При падот на хеликоптерот загинаа четири лица од кои двајца пилоти, еден лекар од брзата помош и еден член на персоналот од брзата помош.  Според досегашните неофицијални информации падот на хеликоптерот е како последица од временските услови и маглата која деновиве е присутна на овој дел од Турција. Инспектори се веќе на терен, а повеќе информации за овој случај се очекуваат во текот на денот. #Балкан

Сашо Башески и диџеј дуото „Сирилик“ ќе ги забавуваат прилепчани за време на новогодишната ноќ

Слика
За најмладите ќе има и детска дневна програма... На само 10 дена сме од прагот на новата 2025 година, па сите се прашуваме кој музички имиња ќе ги забавуваат граѓаните во градовите низ целава држава? Од Општина Прилеп денеска објавија дека за новогодишната ноќ прилепчани ќе ги забавуваат едно од најпознатите диџеј дуа во Македонија „Сирилик“, потоа музичката програма во центарот на Прилеп ќе продолжи со Балканика бенд и Сашо Башески кој се прослави благодарение на учеството во едно од најгледаните музички тв-формати на балканот „Никогаш не е доцна“. Како што велат од Општина Прилеп вечерната програма за дочекот на новата 2025 година во Прилеп е со почеток од 22 часот и истата е со локација на прилепскиот плоштад „Александрија“. Од Општина Прилеп исто така известуваат дека забава ќе има и за најмладите односно на 31.12.2024 година точно напладне на Камената бина во центарот на Прилеп ќе се одржи музичкиот детски фестивал „Весели Ѕвончиња by Jana“. Градоначаланикот на Општина Приле...

Во Прилеп се слави Св.Никола, најмасовната домашна слава

Слика
По 19-ти пат годинава во Прилеп се слви Св.Никола... Прилепчани денеска на Св.Никола по 19-ти пат дојдоа да му оддадат почит како и слава на овој познат христијански светител. Св.Никола од 2005 година е патрон на град Прилеп. Како и изминативе години, така и оваа во Прилеп традиционално се делеше посна светиниколска трпеза на отворено, а истата беше благословена од страна на митрополитот Преспанско-пелагониски и Австралиско новозеландски, господин Петар кој ги повика локалните власти овој голем христијански празник како и патрон на град Прилеп да биде прогласен за неработен ден. „Да се прогласи денешниот ден Св. Никола барем да биде неработен и слободен ден. Сите на денешен ден да се најдеме во правослвните храмови и да го просалуваме истиот. Доаѓајќи наваму, дечињата од училиштето не здогледаа и и почнаа да ни тропаат на прозорците за да не поздрават. Зошто и тие денеска да не се слободни? Сите треба да бидеме слободни, па доколку нема друг начин денешниот ден да биде прогласен за...

Во спортската сала од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржаа регионалните натпревари за учениците со посебни способности

Слика
На натпреварот се одиграа повеќе спортски натпревари... Денес во организација на ФУСМ заедно со СУС на Општина Прилеп во спортската сала од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп се одржаа регионалните натпревари за ученици со посебни способности. Натпреварувачите од Прилеп, Гевгелија, Охрид, Македонски Брод како и од Кавадарци беа поздравени од директорката на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп, Жанета Видевска. Натпреварувачите исто така беа поздравени и од претставникот на ФУСМ, Милан Колев, а натпреварите свечено за отворени ги прогласи прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески. На натпреварите присутна беше и пртседателката на советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец. Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе спортски натпревари. #Локално

BRUNCH BOX CAFFE убаво место за одмор и уживање во Прилеп

Слика
BRUNCH BOX CAFFE е едно од најубавите места за одмор и уживање во претпладневното, пладневното и попладневното кафе со вашите пријатели… Убаво кафе, убава храна и место со еден посебно убав амбиент, а надвор од градските гужви, веднаш до влезот од Градската Болница „Борка Талески“-Прилеп се наоѓа едно од најубавите кафулиња во Прилеп BRUNCH BOX CAFFE. Во BRUNCH BOX CAFFE можете да вкусите разни вкусови на едн о од вашите омилени пијалоци, кафето, било тоа да е топло или ладно. Во ова место исто така можете да вкусите убави алкохолни и безалкохолни пијалоци, а од неодамна можете да вкусите и храна за појадок, ручек или вечера која доколку не сте во можност да ја подготвите сами едноставно само обратете се во BRUNCH BOX CAFFE. Во BRUNCH BOX CAFFE ги имаат и едни од најдобрите бонус пакети како што е цедениот портокал и кафе, а што е најважно производите од нивното мени се по пристапни цени и одговараат за сечји џеб. BRUNCH BOX CAFFE   е со локација на улица Трајко Бошкоски-Т...

Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава

Слика
Од МВР известуваат дека... Во текот на вчерашниот ден во 21:00 часот полициски службеници од полициската станица Аеродром го лишиле од слобода лицето со иницијали Ц.Ш(47) по потекло од Република Албанија. Тој се сомничи дека во автобус на ЈСП Скопје извршил џебна кражба, при што од ташни кај две жени од Скопје, одзел паричници.  Од МВР известуваат дека со Ц.Ш бил извршен службен разговор, а во координација со јавен обвинител против него ќе следува соодветен поднесок. #Македонија

За време на викендот променливо облачно и врнежливо време

Слика
Од УХМР известуваат дека... Според податоците од УХМР денеска не очекува променливо облачно врееме, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -4 до највисоки 12 степени целзиусови.  Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден не очекува п роменливо облачно со повремени врнежи од дожд време. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -1 до највисоки 10 степени целзиусови. Прогноза за 16.12.2024 година (понеделник) Според податоците од УХМР во понеделник не очекува студено утро, а преку денот мала до умерена облачност и сончево време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж поврардарието засилен ветер од северен правец. Дн...

Сообраќајот наместа се одвива по влажни коловози

Слика
Од АМСМ известуваат дека... Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова-Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот. Од фреквенцијата и нтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а од  15.11.2024 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Од АМСМ исто така известуваат дека забрана за Тешки Товарни Возила има на патниот правец Гостивар-Кичево преку превојот Стража, а поради дефект на автобус  регионалниот пат Бунец-село Леуново е затворен за сообраќај. Од АМСМ  препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно у...

Крадец фатен во Прилеп, одземеното е вратено кај сопственикот

Слика
Од МВР известуваат дека... На 14.12.2024 година (сабота) во 00:05 часот пополноќ полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Прилепски Бранители’’ во Прилеп лишиле од слобода малолетно лице од Прилеп. Малолетникот бил фатен при извршување на тешка кражба во куќа во Прилеп. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а по целосното документирање на настанот против сторителот ќе следува соодветен поднесок, информираат од Министерството за Внатрешни Работи. #Македонија

Известување од црковните храмови свето „Благовештение“ и свети „Кирил и Методиј“ по повод претстојната слава Свети Никола

Слика
Од црковниот храм известуваат дека... Од црковниот храм свето „Благовештение“ односно стара црква во Прилеп излегоа со соопштение за тоа во кој термин ќе се креваат односно прережуваат лепчињата за претстојната слава Свети Никола. Како што се вели во соопштението на 17.12.2024 година (вторник) лепчињата во храмот свето „Благовештение’’ (стара црква) ќе се прережуваат од 07:30 часот наутро до 17:00 часот попладне. На 18.12.2024 година (среда) лечињата во храмот свето „Благовештение“ ќе се креваат од 07:00 часот наутро до 17:00 часот попладне, во храмот свето „Преображение“ (грчка црква) лепчињата ќе се прережуваат од 15:00 часот попладне до 16:30 часот попладне, во храмот свети „Пантелејмон“ (Болница) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 часот попладне до 13:00 часот попладне, во храмот свети „Константин и Елена“ (Типски) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 часот претпладне до 13:00 часот попладне и на 19.12.2024 година (четврток) лепчињата во храмот свето „Благовештение“ (стара црква)...

МТСП: Во тек е исплатата на надоместоците

Слика
Од МТСП известуваат дека... Од Министерството за Труд и Социјална Политика ги информираат граѓаните дека во тек е исплатата на надоместокот за помош како и за него на друго лице, надоместок поради попреченост и надоместок за сместување во згрижувачко семејство. Исплатата за надоместокот е за месец ноември 2024 година. #Македонија

Денеска без вода повеќе улици и населено место во Општина Прилеп

Слика
Од ЈКП „Водовод и Канлизација“-Прилеп известуваат дека... Од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека денеска во периодот од 08:00 часот наутро до 14:00 часот попладне поради санација на дефекти и приклучоци на водоводната мрежа без вода ќе бидат улиците „Цане Илиоски“ , „Мирче Ацев“ , „Ѓорѓи Димитров“ , „Мечкин Камен“ , „Београдска“ , „Ристе Ристески-Ричко“ како и улицата „Орде Чопела“. Без вода во истиот период денеска ќе биде и населеното место Големо Коњари. Инаку, од ЈКП„Водовод и Канализација“-Прилеп известуваат дека вододснабдувањето за денес е нормално со здравстевно исправна вода за пиење. Вкупната произведена количина на вода е 291л/с, од кои 227л/с од извор „Студенчица“ , 64л/с од сопстевни извори и 0л/с од бунари. #Сервисни информации

Еве кој се добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Слика
Наградата е доделена на двајца публицисти и двајца новинари... Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ на седница која беше одржана на 15.11.2024 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за оваа 2024 година. Наградата се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството кој се од интерес за Република Северна Македонија. Имено, за оставрувањата во публициската одборот, наградата ја доделува на Иван Антовски и на Делвина Крлуку, и двајцата публицисти, а додека пак наградата за оставрувања во новинарството одборот ја доделува на Атанас Костевски и Љупчо Јолевски, и двајцата новинари. Инаку, наградата ќе им биде врачена на добитниците на свечена академија на 21.12.2024 година (сабота), во свечената собраниска сала во Собранието на Република Северна Македонија. #Македонија

Градскиот превоз во Прилеп за празникот Свети Никола ќе сообраќа по неделна возна линија

Слика
Од ЈП за ПУП известуваат дека... Од ЈП за ПУП Прилеп известуваат дека автобусите за претсојниот празник и градска слава Свети Никола на ден 19.12.2024 година (четврток) ќе возат по вонредна (неделна) возна линија  и тоа на секој 60 минути. Од таму известуваат дека првото тргнување е во 06:30 часот наутро од пред Хотел „Салида“ односно во 06:30 часот наутро од постојката „Трло“, а додека пак последното возење ќе биде во 15:30 часот попладне од Новите Гробишта односно во 15:30 часот попладне од пред Хотел „Салида“. Инаку, од ЈП за ПУП на сите граѓани од православната вероисповед му го честитаат празникот Свети Никола. #Сервисни информации

Поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов доби мерка притвор од триесет дена

Слика
Мерка притвор добија уште седум лица осомничени за криминал во акцијата „Адитив“... Поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски и уште седум лица добија мерка притвор во времетраење од 30 дена. Тие се сомничат за сторен криминал тежок 6,5 милиони евра во акцијата наречена „Адитив“. Ова го соопшија од Министерството за Внатрешни работи и од Основното Јавно Обвинителство за Гонење на Организиран Криминал и Корупција (ОЈО ГОК). #Македонија

Претрес во Струга, пронајдена дрога

Слика
При претрес во струшки Езерски Лозја пронајдена е дрога... Во текот на вчершаниот ден во струшката населба Езерски Лозја полициски службеници од секторот за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода лицето со ицицијали Л.А (18) од соседна Албанија бидејќи, во апартманот каде што престојувал била пронајдена и одземена марихуана и други предмети. Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот против Л.А ќе биде поднесен соодветен поднесок. #Македонија

Известување од црковниот храм свето „Благовештение’’ по повод претстојната слава Свети Великомаченик Георгиј

Слика
Од црковниот храм известуваат дека... Од црковниот храм Свето „Благовештение’’ односно стара црква во Прилеп илегоа со соопштение за тоа во кој термини ќе се креваат (прережуваат) лепчињата за претстојната слава Свети Великомаченик Ѓеоргиј или народски позната како Свети Ѓорѓија. Како што се вели во соопштението на 8.12.2024 година (недела) во храмот Свето „Благовештение’’ лепчињата ќе се прережуваат од 07:30 чассот до 17:00 часот, во храмот Свето „Преображение“ (грчка црква) лепчињата ќе се прережуваат од 09:30 часот до 10:30 часот и од 16:00 до 17:00 часот, во храмот Свети „Пантелејмон“ (болница) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 часот до 13:00 часот, во храмот Свети „Константин и Елена“  (типски) лечињата ќе се прережуваат од 11.00 до 13:00 часот и во храмот Свето „Балговештение’’ (стара црква) лепчиња ќе се прережуваат и на 9.12.2024 година (понеделник) веднаш по утриснската богослужба. #Локално

Концертот од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е распродаден!

Слика
Концертот „Македонијо во срце те носиме“ распродаден... По речиси две години активна работа, со повеќе концерти низ поголемите градови од нашата држава како и еден концерт во дијаспората, а викендов со концерт во Македонсата Филхармонија може да се опише музичката работа од проектот „Македонијо во срце те носиме“. Имено, во овој прокет се вклучени повеќе пејачи како од народната така и од забавната музичка сцена меѓу кои се Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Мина Блажев, Сузана Спасовска, Анријана Јаневска, Огнен Здравковски, Миле Кузманоски и Игор Џамбазов. Тие ги препеаа и одново ги оживеаа едни од најубавите македоски песни со патриотски мотиви како што се „Заветна“ , „Оган да го гори“ , „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ , „Земјо Македонска“ , „Земјо мила“ , „Народе македонски“ и други. Покрај веќе добро познатите 12 песни на концертот што е викендов во Македонската Филхармонија публиката ќе има можност да слушне уште три нови прер...

Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје

Слика
Тестирање на интелигенција во Скопје... Менса Македонија организира тестирање за интелигенција во Скопје. Датумот и времето за тестирање се веќе познати т.е истото ќе се одржи на 3.12.2024 година од 18:30 часот. Тестирањето на интелигенција Менса Македонија ќе го спроведе на Факултетот за Електротехника и Информатички Технологии, а од Менса известуваат дека согласно кампањата на Менса за поддршка на крводарителството, бесплатно тестирање ќе имаат крводарителите. Имено, од Менса известуваат дека тестирањето ќе биде за општата интелигенција со цел примање на нови членови. Менса во своето соопштение до медиумите вели дека кандидатите потребно е да имаат полни 16 години, да уплатат 500 денари на примач Менса Македонија на сметка со број 300-0000002113-02 во Комерцијална Банка А.Д Скопје, а цел на дознаката е тестирање. Кандидатите на самото тестирање потребно е да носат документ за лична идентификација, од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и да не се тестирале најмалку...