Прилепскиот бенд The Hounds својот 16 роденден ќе го прослават во клубот „Калинка“.. Прилепскиот бенд The Hounds својот 16 роденден ќе го прослави со концерт на 21.8.2024 година, а истиот ќе се одржува во срцето на старата прилепска чаршија т.е во клубот „Калинка“ со почеток од 21:00 часот. Членовите на групата на официјалната страница од групата на социјалната мрежа фејзбук напишаа дека им е особена чест и задоволство и упатија роденденска покана за нивниот роденденски годишен концерт. „Почитувани другари и другарки, наши пријатели. Со особена чест и задоволство ве покануваме на нашиот годишен роденденски концерт, кој ќе се одржи на 21ви Август 2024г. во центарот на чаршијата во Прилеп, пред клубот Калинка. На сцената нема да сме сами, традиционално ќе не придружуваат наши колеги, уметници, артисти. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините прерасна во културен белег на градот, со преполн Прилеп и гости од цела Македонија. Се гледаме на 21ви Август, во срце...