Постови

Приказују се постови за новембар, 2024

Викендов времето врнежливо, од следната седмица со сончеви периоди

Слика
Од УХМР известуваат дека... Од УХМР известуваат дека денеска времето во нашата држава ќе биде облачно со повремени врнежи, кој во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни со над 50 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, а во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат само од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, а на планините ќе дува засилен северн ветер. Дневниот температурен маскимум ќе се движи во интервалот од најниски -3 до највисоки 6 степени целзиусови. Според УХМР времето во текот на утрешниот ден ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а наместа по западните и јужните делови од државава ќе бидат и пообилни со над 30 литри на метар квадратен. На планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневниот температурен максимум во интервалот од најниски -3 до највисоки 7 степени целзиусови. Прогноза за 2.12.2024 година ...

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Маврово-Дебар

Слика
Од АМСМ известуваат... Од АМСМ известуваат дека од 12:20 часот попладнево на автопатот Маврово-Дебар и на магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежите од снег кој го зафатија западниот дел од државава има забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Имено, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во Западните делови, а додека пак во сотанатите делови од државава имаме врнежи од дожд. Од АМСМ исто така известуваат дека интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија.  Инаку, од АМСМ излегоа и со известување дека сообраќајоот кон Пониква и кон с.Бели се одрвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓаните е најавено дека возила на КЈП Водовод Кочани ќе бидат пропуштани до депонијата.  Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнали...

Шеесет години матура на првите прилепски акушерки

Слика
Шеесет години од матура на првите прилепски сестри акушерки... Во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп или помеѓу прилепсчани познато и како средно медицинско училиште денеска беше одбележана шеесетгодишнината од матурата на првите прилепски сестри акушерки. На настано присутни беа Магда Матракоска и Катерина Јакимоска кои сега веќе се сестри акушерки во пензија, а исто така присутен беше директоот на училиштето Жанета Видевска како и ученици и професори од здравствената струка во училиштето. Имено, Магда Маркоска во својата изјава за медиумите исткна дека младите медицински лица никогаш да не ја скратуваат насмевката на пациентките и на болните, затоа што добрите зборови и насмевка се најубавото нешто за болните. „Првата генерација сме средно медицинско со акушерски смер. Во тоа време акушерки во Прилеп немаше, имаше со нижо образование и благодарение на директорката Василка Бранковиќ и другите доктори по нивна иницијатива имаше барање во Прилеп да се отвори средно медицинско училиште , затоа што...

Почина митрополитот дебарско-кичевски и автралиско сиднејски, господин Тимотеј

Слика
Почина господинот Тимотеј... По кратко боледување на 73-годишна возраст денеска почина митрополитот дебасрко-кичевски и австралиско сиднејски господинот Тимотеј.  Господинот Тимотеј е роден во Младо Нагоричане во благородничко семејство. Негови родители биле Александар и Љуба Јовановски кој што од раните детски години својот син Славе го учеле за христијанската вера.  Имено, господинот Тимотеј основното училиште го завршил во родното место, а потоа се запишал како редовен ученик на православната македонска богословија „Свети Климент Охридски“, а дипломирал на Богословскиот факултет во Берлин. По дипломирањето во Берлин тој запишал и постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим каде што магистрилал со трудот „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и охридско“ . Во 1981 година е хиротонисан за архијереј на Македонската Православна Црква и е назначен за австралиски митрополит при што му била доделена Дебарско-кичевската епархија со седиште во Охрид.Владиката ...

На полноќ поскапуваат сите видови на горива

Слика
Од полноќ нов бран поскапувања на горивата... Од Регулаторната Комисија за Енергетика и Водни Услуги (РКЕВУ) известуваат дека ноќеска на полноќ поскапуваат сите видови на горива.  Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1 денар и истата ќе изнесува 77 денари за литар. Цената за ЕУРОСУПЕР БС-98 ПОСКАПУВА за 1 денар и истата од вечерва на полноќ ќе изнесува 80 денари за литар.  Од полноќ за 2 денари за литар ќе се зголеми и цената за ЕУРОДИЗЕЛ и истата ќе изнесува 72 денари за литар. Поскапува и цената на ектсралесното масло за домаќинство и истата од полноќ ќе изнесува 70,5  денари за литар, а од полноќ  за 1 денар поскапува и цената на мазутот М1-НС и истиот ќе се продава за 44,7 денари за килограм, известуваат од РКЕ. #Економија

Сообраќајот во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози

Слика
Информациите се преземени од АМСМ... Од Авто Мото Сојузот на Македонија известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено . Во источниот дел коловозите се суви, а додека пак во западниот дел коловозите се влажни. Информациите за фреквенција на возила надвор од градските седини се дека истиот се одвива непречено, а надвор од градските средини е умерен. Нема подолги задржувања за влез и за излез од државата на граничните премини од македонска страна. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и вниматело управување со возилата особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони, а ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. Инаку, од АМСМ известуваат дека патниот правец Ресен-Охрид преку НП Галичица е затворен за сообраќај за сите видови на возила и дека од 15.11.2024 година до 15.3.2025 година пос...

Силниот ветер во Битола предизвика материјални штети

Слика
Силен ветер предизвика штети во Битола... Попладнево целата територија на државава беше погодена од ветер, а истиот беше со најсилен интензитет во Битола  и истиот достигна брзина и до 70 километри на час и, истиот предизвика материјални штети. Според првичните информации до кој дојдоа медиумите штети има на неколку локации. Според битолскиот градоначалник Тони Коњановски штети има кај техничкиот факултет во Битола, а тој исто така информираше дека дежурни екипи од локалните претпријатија како и пожарникари од ТППЕ од Битола како што вели Коњановски во мометов се на терен и ги расчистуваат и санираат штетите. Имено, на социајлните мрежи кружат фотографии и видео материјали од предизвиканите штети, а вознемирени граѓани ги предупредуваат своите соседи и сограѓани да бидат претпазливи и да избегнуваат движење околу зградата на улица „Леринска“. Засега нема информации за повредни лица. #Македонија

ИН МЕМОРИАМ: Почина уметникот Богдан Грабулоски-Боначо

Слика
Почина Богдан Грабулоски-Боначо... Утрово на 76 годишна возраст почина уметникот Богдан Грабулоски-Боначо.  Грабулоски е роден во Прилеп каде што го завршил основното и средното образование. Ликовна академија завршил во Приштина во 1980 година, а магистрирал на уметничкиот универзитет во Белград . Боначо својот уметнички пат го трасираше како вајар созадавјќи многубројни дела на и во камен, но со проба и во други техники. Грабулоски е и автор на спомн плочата „Карпалак“ што се наоѓа во прилепската касарна „Мирче Ацев’’.  Имено, Грабулоски беше уметник кој реализираше самостојни како и групни изложби во Прилеп, Охрид, Битола, Скопје, Куманово како и во сите градови од Македонија. Грабулоски беше дел и од групните изложби во Морска Субота (Словенија), Софија, Панчево, Суботица, Истанбул, Санкт Петербург  и беше дел од интернационалното биенеле во Сан Паоло.  Грабулоски е добитник на наградата во Морска Суботица на Нерешки мајстори во 1986 година на СОРОС центарот за го...

Изложба „Човек-муза“ од Зоран Тодороски ќе биде отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Изложбата „Човек-муза“ од Зоран Тодороски ќе биде отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Едукативна изложба на уметности генерирани од вештачката интелигенција под наслов „Човек-муза“ од уметникот Зоран Тодороски ќе биде отворена утре 22.11.2024 година (петок) во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Изложбата ќе биде отворена во 19:00 часот. Изложбата ќе може да се погледне до 29.11.2024 година (петок) до 12:00 часот напладне. „Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште во почетокот на 50 -тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време. Забрзаниот развој на компјутерските системи овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените “Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивна...

Изложба „Ветување“ од Маја Ралева Миладиноски ќе биде отворена вечерва во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Изложба „Ветување“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.... Во ликовната галери од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп вечерва со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Ветување“ од уметничката Маја Ралева Миладиноски. На Ралева изложбата „Ветување“ и е дванаесетта самостојна изложба која што е работена од 2016 година, а со мали надополнување во 2022 година, а тука се создадени 20 слики во мал формат од 10x10cm и има 15 слики на картон. Сите слики од изложбата се поделени во 5 препарирани платна каде што композициски се распределени како една голема слика. Имено, уметничката Ралева за својата изложба ќе рече дека името „Ветување“ е дадено бидејжи, изложбата е ветена на голем човек, правник, учотел и поддржувач на уметноста, културата и културното наследство во цела Македонија и дека изложбата е приказна од пред деценија ипол која што е исполнета со многу раскажување на случки кои се преточени во слики со мал формат. „Насловот ВЕТУВАЊЕ го дадов затоа што изложбата е ветена на еден голем чове...

Ученици од текстилно-кожарската струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп донираа креветски чаршави во ортопедското одделение од Градската Болница со Проширена Дејност „Борка Талески“-Прилеп

Слика
Ученици од втора и трета година од текстилно-кожарската струка од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп донираа креветски чаршави во ортопедското одделениеод прилепската болница... Ученици од втора и трета година од текстилно-кожарската струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп на часови по практична работа изработија креветски чаршави кои денес ги донираа во ортопедското одделене од Градската Општа Болница со Проширена Дејност „Борка Талески-Прилеп. Учениците беа под менторство на професорката Здравка Најдоска која што е професор по стручни педмети во оваа струка во училиштето. Од СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп велат дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина. #Образование

Дамјан Ристески: Каратето ми е професија која сакам да ја работам со големо задоволство

Слика
Дамјан Ристески од прилепскиот клуб за карате „Бонсаи“ ги положи тестовите и сега е балкаснки судија за карате... Дамјан Ристески 27 годишен каратист и карате инструктор  во втор дан од карате клубот „Бонсаи“ од Прилеп положи за балкански судија на натпревар кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.  Натпреварот се одржа од 8.11.2024 до 10.11.2024 година, а Ристески положи тестови за две дисциплини кати и борби.  Имено, Ристески во интервјуто кое што го даде за нашиот портал ИНФО-ПРИЛЕП вели дека е презадоволен од резултатот и дека тој судел сите три дена на натпреварот на натпреварувачи од балканот и дека сите тестови ги поминал солидно. Ристески во интервјуто додава дека ова за него е едно големо достигнување како карате судија но и во неговиот приватен живот. Натпреварот во Сараево беше за кадети, јуниори и јуниорки до 21 година. Дамјан Ристески карате судија и карате тренер Во продолжение читајте го целосното интервју на Дамјан Ристески кој го даде за ИНФО-ПРИЛЕП....

Проектот „Македонијо во срце те ноиме“ со концерт во Македонската Филхармонија

Слика
„Македонијо во срце те носиме’’ со концерт во големата сала од Македонската Филхармонија.... Добро познатиот македонски музички проект „Македонијо во срце те носиме“ кој што е под организациона палка на „Скендеровски продукција’’ ќе го одржи својот музички концерт во Македонската Филхармонија. Датумот и местото на одржување се веќе познати, а тоа се 7.12.2024 година (сабота) од 20:00 часот.  Имено, овој проект се занимава со преработка на стари македонски и скоро заборавени песни со патриотски мотиви како што се „Заветна“ „Ој вардаре македонски“ , „Земјо македонска“ , „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ , „ Едно име имаме“ , „Оган да го гори“ и други, а тие се препеани од убавите гласови на Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Огнен Здравковски, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Миле Кузмановски, групата ДНК, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Марија Спасовска, Мина Блажев и Сузана Спасовска. Инаку, на концертот пејачите ќе ги придружува големиот симфониски орекст...

Концерт „Од колено на колено“ ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Концерт „Од колено на колено“ ќе се одржи во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Целовечерен промотивен концерт со наслов „Од колено на колено“ од композиторот, аранжер и инструменталист Александар Јовевски ќе се одржи во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Концертот е закажан за 12.11.2024 година (вторник) со почеток од 20:00 часот. Имено, Јовевски е лидер во етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти кои се организираат во државава. Концертот на Јовевски во Прилеп е поддржан од Министерството за култура на Република Севера Македонија.  Инаку, „Од колено на колено“ е нов музички етно проект т.е албум на Јовевски, а во неговата база е македонскиот етно фолклор, традиција и идентитет. Концертот на Јовевски во Прилеп е проект кој е од национален интерес за Република Северна Македонија.  Во составот на проектот има повеќе професионална музичари, а се застапени народните инструменти како кавал, тамбура, канон, женски вокали и сето тоа е збогатено со клавјатури....

Претстава „Стапица за глувци“ во НТ„Војдан Чернодрински“-Прилеп

Слика
Во НТ„Војдан Чернодрински“ ќе се одигра претставата „Стапица за глувци“... Во Народниот Тетатар „Војдан Чернодрински“-Прилеп ќе се одигра претставата „Стапица за глувци“. Втората премиера на претставата е закажана за утре 11.11.2024 година (понеделник) со почеток од 19:30 часот. Имено, претставата е работена според приказната на Агата Кристи. Режијата за претставата е на Борис Василески, Лидија Митоска-Ѓорѓиевска е превод и драматург, сценографијата и дизајнот на светлото се на Мартин Манев, Марта Дојчиновска е одговаорна за костимографијата, музиката за претставата е на Томе Темелкоски, а додека пак дизајнот на плакат е на Илина Всилеска. Улогите во претставата „Стапица за глувци’’ ги толкуваат Сара Спиркоска, Илија Волчески, Дарко Карбески, Марија Спиркоска-Илијеска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски и Димитар Ѓеоргиевски. Инспициент на претставата е Елена Иваноска, Лилјана Батлески е суфлер, Ристе Гркоски е светло мајстор, сликар исполнител е Пеце Ристески, Го...

Годишен концерт на Октет Прилеп во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Концерт на Октет Прилеп во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Музичката група која веќе 30 година ја негува и пее македонската староградска музика Октет Прилеп ќе го одржи годишниот концерт. Концертот е закажан за 15.11.2024 година (петок) со почеток од 19:00 часот.  Имено, како што велат членовите на групата концерт ќе трае 2 часа, а на истиот ќе бидат изведени и отпеани препознатливи македонски песни кои се „симболи“ на традиционалната староградска музика. Инаку, на овогодишниот годишен концерт од Октет Прилеп гости ќе бидат Сашо Башески, Белинда Ристеска и Викторија Георгиеска. Влезниците за концертот се по цена од 100 денари, а концертот е поддржан од Општина Прилеп. #Култура

Вечер на аргентинска музика се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Слика
Концерт на аргентинска музика се одржа во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Во фоајето од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп се одржа концерт односно вечер на аргентинска музика. Концертот се одржа синоќа со почеток од 20:30 часот, а на истиот имаше голем број присутни љубители на „музичката култура“. Имено, на концертот настап зедоа Филип Петрески на хармоника, Марија Јанчулеска на виолина, Александра Чуруковска на контрабас и Тамара Коминовска на пијано.  На програмата на синоќешната вечер на аргентинска музика беа изведени дела од Пијацола, Вилолдо, Гардел, Канаро, Галиано и други. Филип, Тамара, Марија и Александра на публиката им приредија вечер за паметење, а публиката ги наградуваше со долг аплауз и пофални зборови. Инаку, синоќешната вечер на аргентинска музика е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а е дел од низата настани кој се овогодишната програма за работа на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп кој пак годинава просалвува 45 години од своето основање...

Во НУЦК„Марко Цепенков’’-Прилеп ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

Слика
В’понеделник концерт на женскиот камерен хор „Керамија“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп... Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Концертот е закажан за 11.11.2024 година (понеделник) со почеток од 19:00 часот и истиот ќе се одржи во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Имено, на концертот ќе бидат изведени дела од духовен карактер, македонски народни песни, македонски забавни песни како и странски односно англиски познати хитови. Женскиот камерен хор „Керамија“ во моментов работи под диригентска палка на Катерина Попоска.  Музички соработници на овој концерт од „Керамија“  ќе бидат Иле Иваноски на пијано, Мендо Ташкоски на тамбура и Филип Бурнески на тапан и тарабука. Инаку, гости на овој концерт ќе бидат од поп-рок хорот „Бит Вокс“ од Битола кој работат под диригентска палка на Марина Коруновска, а Александра Ристески ги придружува на пијано корепетација. На концертот од женскиот камерен хор „Керамија“ што ќе се одржи в’поне...

Започната е музичката соработка помеѓу турската музичка ѕвезда Четин Ѓундир и македонскиот музичар Саше Георгиев

Слика
Четин Ѓундер и Саше Георгиев започнаа музичка соработка... Пред неколку дена официјално започна музичката соработка помеѓу турската музичка ѕвезда Четин Ѓундер и македонскиот музичар Саше Георгиев.  Ѓундир и Георгиев ги започнаа и подготовките за снимањето на новиот албум на турскиот музичар Ѓундир. Имено, Ѓундир во моментов живее во Германија, а како што велат Ѓундир и Георгиев. Ѓундир своите пензионерски денови планира да ги помине во Македонија и тој од неодамна си купи и имот во државава. Инаку, првата песна на Ѓундир која што е на македонски јазик и која што е снимена во студиото „Македон’’ носи наслов „Ништо нема пари“, а нејзината премиера се очекува да биде нсакоро. Македонскиот музичар Саше Георгиев по потекло е од Кочани, а од неодамна тој ја промовираше и неговата нова песна со наслов „Печалбарска солза“. Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП на Четин Ѓундир и Саше Георгиев му ја честита соработката и му посакува многу успеси. #Естрада

Хуманитарната трка „Трчаме 5-ка за Никодим“ се одржа вечерва во Прилеп

Слика
„Трчаме 5-ка за Никодим“ хуманитарна трка во Прилеп...     Вечерва со почеток од 19:00 часот со старт од  „пред реклами“ се одржа хуманитарната трка „Трчаме 5-ка за Никодим“. Стартните броеви на учесниците се подигнуваа од 17:00 до 19:00 часот пред камена бина во центарот на Прилеп и истите имаа котизациона вредност од 200 денари.      На трката присутен беше и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кој рече дека навистина му е задоволство кога ги гледа прилепчани на гест на солидарност и дека знае дека средтсвата собрани од стартните броеви му се неопходни на семејството на Никодим за неговото лекување. „Почитувани сограѓани, навистина ми е задоволство да ве видам да покажете ваков гест на солидарност. Знам дека многу ќе му се помогне во овој момент кога овие средства му се неопходни на малиот Никодим. Трката без разлика што е ноќна ги опфаќа од најмалите до најстарите, најважно е да стигнеме до целта, а со ова покажуваме дека Прилеп е град на солидарно...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена е годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп

Слика
Отворна е годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп... Во ликовната галерија при  НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп отворена е годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп. Изложбата беше отворена вечерва со почеток од 18:30 часот, а на истата присутни беа уметниците кои се членови на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, претседателот на советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, директорот на НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп, Марија Попова-Јованоска и многу љубители на уметноста кој беа присутни на отворањето на изложбата. Претседателот на Друштвото на ликовни уметници-Прилеп и уметник Методи Исков на отворањето на изложбата рече дека изложбата е годишна и дека 16 уметници се претставуваат на изложбата, а исто така тој ја додели и наградата за најдобро оставерно дело по традиционалната годишна изложба на ДЛУП која му припадна на уметникот Емил Солески, но од оправдани причини тој не беше присутен на изложбата,...