Македонските граѓани не се согласуваат православниот и католичкиот Велигден да се слави на ист датум

Ова го покажуваат резултатите од нашата анкета на социјалните мрежи.... Годинава за прв пат православниот и католичкиот Велигден се слават на ист датум, а тоа е 20 Април. По тој повод папата Франциск излезе со предлог католичкиот и православниот Велигден да се слават на ист датум, а според него католичката црква била подготвена за овој потег. Имено, според анкетата која што изминатава недела беше поставена на фејзбук профилот и фејзбук страната од нашиот портал Инфо-Прилеп граѓаните велат дека не се согласуваат католичкиот и православен Велигден да се слават на ист датум. Според резулатите 42% од граѓаните одговориле со целосно се согласувам, 54% од граѓаните одговориле со воопшто не се согласувам, а додека најмалку односно 4% од граѓаните одговориле со делумно се согласувам. #Македонија